ЗА ШАМИИТЕ И СЛИКАЊЕТО

Ова со шаммите и сликањето за лична карта ми е многу проблематично. Религиозните догми се моќна работа. Кај Коранот и забраната на покажување на телото постојат неколку дубиози за кои може да се расправа, меѓутоа, доколку луѓето решиле дека тоа ќе биде правило што ќе го почитуваат како дел од сопствената религија јас го прифаќам. […]

ПРАШАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ

Деновиве малку шетав по интернет страните на кои што се прикажани резултати од различни мерења на развојот на демократијата и рангирања на државите според остварувањето на некои од милениумските цели (http://info.worldbank.org/governance/wgi2007/mc_countries.asp; http://www.worldaudit.org/democracy.htm; http://www.stateofworldliberty.org/; http://hdrstats.undp.org/countries/country_fact_sheets/cty_fs_MKD.html; http://www.heritage.org/research/features/index/countries.cfm; https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/index.html) Во најголем број од рангирањата Македонија котира во некои долни делови од табелите (резервирани за “третиот свет“): демократија 61. […]

БЕЗАЛТЕРНАТИВНОСТ

Многу ми пречи праксата на еднозначност која упорно продолжува да се негува во Македонија. Наводно влеговме во нов политички систем, наводно почнавме да гледаме плуралистички и навидум постои слобода на мислата, изразувањето, слободна размена на информации и различност на видувањата. Фактички, се промовира едноумие од најлош вид. Едноумие кое не смееш ни да го спомнеш […]