ПЛЕВЕЛ

Photobucket

Цела ливада. Густо, зелено, расцветано, до колена. Богато, бујно, примамливо. Толку полно со живот, ветувачко, пријатно на око. Те мами да зачекориш, да потрчаш, да набереш, да пробаш.Photobucket


Се приближуваш, и нешто ти станува чудно. Влегуваш во зеленилото и ништо не е како што изгледаше од надвор. Тоа што изгледаше како прекрасна ливада исполнета со разновидност, се претвора во море од плевел.Photobucket

PhotobucketЖилав, сеприсутен,неупотреблив плевел. Се вплеткува меѓу нозете, го отежнува движењето, спрепнува и уништува. Уништува и гуши се што ќе му се најде на патот. Ниту едно убаво и корисно растение нема шанси пред тоа зелено чудовиште кое буја насекаде. Плевелот се обвиткува околу стеблата, ги покрива лисјата, го затскрива сонцето и пополека освојува и погубува се што не е плевел.

Photobucket

На другите растенија им треба простор, им требаат посебни услови за развој, им треба нега и внимание. На плевелот не му треба ништо. Тој едноставно никнува и се множи. Може да има развиени  корени кои досегаат длабоко во минатото или плитки, разгранети корени во вид на мрежа кои се простираат под површината на земјата. И во едниот и во другиот случај ја одзема храната на сите други растенија и постепено ги убива.Photobucket

Нашата држава, во моментов е поле со плевел. Изгледа како ливада полна со живот, а всушност е мртво поле на уништување. Размножениот плевел на глупост, необразованост, неинвентивност, некреативност, заостанатост, уништува се пред себе. Партии-плевел, поединци-плевел, експерти-плевел, професори-плевел.

Плевелот мора да биде уништен. Мора да биде откорнат, ископачен, отстранет. Не еднаш, туку одново и одново секојдневно и постојано. Кога ќе го направиме тоа, одеднаш ќе се покажат прекрасните растенија кои биле затскриени. Ќе расцветаат во сета своја убавина и разновидност. Во тој момент ќе добиеме градина наместо диво и неупотребливо стрниште.

Photobucket Photobucket

Leave a comment

Your email address will not be published.