10 -ТИ ДЕКЕМВРИ 2008
60 ГОДИНИ УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Човековите права претставуваат систем од правила за кои се договориле луѓето. Човековите права не се природни и покрај тоа што му припаѓаат на секој човек со неговото раѓање. Тие се многу вештачки, дефинирани од човекот на одреден степен од неговиот цивилизациски развој. Правата ги имаме затоа што така се договориле луѓето.
Целта на формулирањето систем од права била:
- да не се повтори историјата во која се уништуваат огромен број човечки животи
- да се потенцира заедничкиот интерес на луѓето од целиот свет
- да се реафирмира вербата во достоинството и вредноста на човечкото суштество
- да се изрази спремноста за заедничко спротивставување на вакви повреди на хуманоста
И, она најважното, да се прошири идејата дека:
Молчењето и незаинтересираноста за страдањата на другите и за повредите на правата на другите стануваат дел од проблемот
Во Универзалната декларација за човековите права станува збор за:
· достоинството
· индивидуалноста
· универзалноста
· слободата
· можноста на избор
· еднаквоста
· различноста
Затоа што сите човечки суштетсва се слободни и еднакви по достоинството и правата и треба да се однесуваат едни кон други во духот на општата човечка припадност.
А и ние имаме свој удел во историјата на човековите права. Во 1944 во Македонија имало луѓе кои мислеле подалеку од денешнината:





Разликата е што тогаш луѓето мислеле, денес само слушаат што ке им кажат.
Си земав за право да го линкувам твојот пост намешто да пишувам свој … те сметам за релевантна и стручна на темата …
поздрав …
Благодарам, секогаш ми е убаво да се најдам кај тебе на блог.