ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

Измените на Законот за извршување во делот кој овозможува “присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон” претставуваат школски пример за дискриминација.

Дефиницијата на дискриминација е:

Секое: разликување, исклучување, ограничување, нееднакво постапување или непостапување

Врз основа на:

пол, раса, боја на кожа, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување; имотна и општествена положба

Кое има за цел или доведува до:

оневозможување или отежнување на признавањето, уживањето или практикувањето  на сите права и слободи, односно,до понеповолен третман на едно лице во однос на друго во слична ситуација

Измените на Законот за извршување во делот кој овозможува “присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон” претставуваат школски пример за дискриминација.

Според Законот:

Член 16-в

(1) Предлог за донесување на решение со кое се дозволува  извршување врз основа на веродостојна исправа се поднесува за пристигнато парично побарување кое се докажува со веродостојна исправа приложена кон предлогот во оригинал или во заверен препис кај нотар.

(2) Веродостојна исправа во смисла на овој закон е: фактура, меница и чек со протест и со повратна сметка, кога е тоа потребно за засновање на побарување, јавна исправа, извод од заверени деловни книги, според закон заверена приватна исправа и исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавна исправа. Како фактура се смета и пресметката на камата.

Што значи тоа во практика?

Јавните претпријатија (како Топлификација, ЕВН, Комуналец и сл.) стапуваат во договорен однос со индивидуи. Договорот има две страни. Секоја од страните треба да исполни одредена договорна обврска.

Обврската на јавните претпријатија е да ја испорачуваат договорната услуга (топлина, вода, електрична енергија). За неисполнување на оваа обврска и за нанесената штета тие одговараат. Вината се утврдува на суд во соодветна постапка. Кога судот ќе донесе конечна одлука индивидуата ќе биде обештетена. Постапката пред судот не е ниту итна, ниту скратена.

Обврската на индивидуата е да ја плати договорената цена. Доколку не ја плати таа може да биде предмет на извршување само врз основа на нотарска заверка. Тоа значи без судска постапка, без докажување, итно. Едноставно, доволно е да постои јавна исправа (или било која сметка) и таа да се завери кај нотар. Уште нешто повеќе, доколку од јавната сиправа не е видливо кога требало да биде платена сметката  “нотарот ќе донесе решение со кое се дозволува   извршувањето ако доверителот поднесе писмена изјава дека пристигнало побарувањето и ако го означил денот на пристигнатоста”, или, со други зборови, на жими мајка.

За решението на нотарот може да се поднесе приговор до истиот тој нотар кој самиот решава дали приговорот да го проследи до суд или не???!!!

На ваков начин едната страна е поставена во привелегирана позиција во однос на другата. Индивидуата  на потежок начин може да ги оствари своите права, изложена е на поголеми трошоци, зголемена е можноста за нарушување на приватноста и правото на сопственост и ускратено е правото на ефикасен правен лек. Тоа се вика дискриминација.

Најинтересно од се е образложението зошто се предлага донесувањето на овој Закон. Според Министерството за правда донесувањето на овој закон е потребно заради:

1. “лошата организација на работата на одредени судови“

2. лоша евиденција на случаите во судовите

3. проблемите кои ЕВН ги има во наплатата на обврските

4. “да се овозможи во што пократок рок извршните предмети кои не се стекнале со статусот на правосилност и извршност, да го добијат тој статус, по што извршувањето би преминало кај извршителите“

5. “за очекување е дека со постапката за пренос на старите извршни предмети од судовите кај извршителите ќе се овозможи создавање на услови за ефикасно постапување по предметите кои што претставуваат вистинска судска надлежност-одлучување по спорни граѓански предмети, стечајни постапки и одлучување за кривична одговорност на граѓаните на Република Македонија во кривичните постапки“.

Тоа значи дека се штитат јавните претпријатија, се заштитуваат судовите, и се се става на грб на граѓаните. Тоа се вика авторитарно самоволие, а граѓаните кои молчешкум се прифаќаат спаѓаат во видот овци.

Leave a comment

Your email address will not be published.