СРЕЌНА НОВА 2009

Во периодот на социјализмот мојот народ живееше во иднината. Беше убаво и возбудливо и многу оптимистички, меѓутоа и крајно нереално, и мораше да заврши во одреден момент.

Потоа мојот народ почна да живее во минатото. Многу херојски, малку депресивно, со огромна доза на патина, и повторно крајно нереално, и мора да заврши.

Крајно време е мојот народ да почне да живее во сегашноста. Се надевам дека тоа ќе се случи во 2009 година.

Leave a comment

Your email address will not be published.