ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА

Денес се појави колумна во која еден професор го изнесува своето мислење за својот колега професор (Франкфуртска vis-a-vis Демирхисарската школа) кој е спомнат како можен кандидат за Претседател на државата. Во стилот на авторот, ни помалку ни повеќе омаловажувачки од сите останати негови описи на сопствените колеги. Во моментов нема да се впуштам во тоа колку и кои ставови ги споделувам со авторот (и покрај тоа што не го споделувам начинот на искажување на ставовите).

Сакам да свртам внимание само на еден пасус: “Должиш кандидатче, должиш… Никој не ти бара да вратиш, но должиш за должење. Ни должиш мене и на професор Мицајков што те доведовме на факултет и се боревме на наставнички совет да те примат. На Советот на кој твојот сегашен ментор Шкариќ беше крволочно против твојот прием (види записник од наставничкиот совет на Правниот факултет). Поради благодарност потоа ми ги поправаше радиото и Hi-Fi неколкупати. Што беше ферски од него.“

Прашања:

1. Зошто се борел авторот да биде примен на работа овој човек? Заради тоа што мислел дека е паметен? Заради пополнување на квотата на “провинцијалци“? или, заради тоа што му требал некој кој ќе му поправа технички уреди бесплатно (од благодарност)?

2. Како дошол до професорското звање спомнатиот човек? Дали авторот некогаш се спротиставил на тоа? Дали ја оспорил неговата стручност во текот на напредувањето? Дали на Наставнички совет расправал за способносите и квалитетите на својот колега?

3. Ако некој е добар за професор на Универзитетот, зошто не би бил добар за Претседател на држава? Или може да имаме лоши професори, а претседателите да ги бираме од оние “добрите“?

4. Дали смеат или не да бидат предлагани за претседател на држава луѓе кои доаѓаат од провинција? Дали е тоа едно од нештата кои мојот ценет колега ги пропуштил да ги внметне во инаку “совршениот“ текст на нашиот Устав?

ЗАКЛУЧОК:

Доколку намерата на авторот била на читателите да им понуди  информации  во врска со еден од кандидатите за Претседател, текстот не ја исполнува задачата. Такви информации нема.

Од аспект на недонесениот Закон против дискриминација во овој напис може да стане збор за дискриминација врз основа на потекло, а врз основа на Кривичниот законик кој е во сила, може да зборуваме за кривично дело: омаловажување со навредување.

Comments (5)

Античка ВунаJanuary 21st, 2009 at 8:16 am

5. дали авторот се кае што своевремено приредил книга (книгиште песто страни) заедно со кандидатот?

Необјавен во Дневник :-)January 22nd, 2009 at 9:44 am

6. Дали факултетот е некаква окупирана територија од авторот, па смета дека не е негова должност да го освежува кадарот а за возврат на таа отстапка на „територија“, очекува благодарност?

ненаFebruary 4th, 2009 at 12:04 pm

во обид малку да ја отклонам дебатата, доколку на авторот му е интересно, се разбира, би прашала каде е дискриминацијата врз основа на потекло во посочениот напис, и уште поважно каде е делото омаловажување со навредување во кривичниот закон – и каде е битието на тоа дело…

Mirjana NajcevskaFebruary 4th, 2009 at 7:35 pm

Дискриминација според потекло има во изразот: “уште еден во низ оптоварени типови можеме лесно да добиеме на власт, чии мали провинциски фрустрации ќе ги лечиме“ со што потеклото надвор од престолнината се посочува како извор на фрустрации, односно, се сугерира пониско вреднување на личноста врз една карактеристика – потекло.

Изразите: “На тендерот доби најевтиниот кандидат“, “го доби својот Палп-идеолог-кловн на чело.“, “Поради благодарност потоа ми ги поправаше радиото и Hi-Fi неколкупати“, “Професоре, а бе оној што ти ја поправаше пеглата станал кандидат на ВМРО? Јас го коригирав: „Не пеглата, туку радиото“. И искоментирав: „Живот, јеби га! C’est la vue!“.

Бидејки горните описи на Ѓорѓи Иванов никако не може да се стават во функција на сериозна и аргументирана научна или публицистичка анализа, тие можат да се сметаат за сериозни навреди и омаловажување на еден човек и да подлежат на кривично гонење.

[...] П.П.С. Слично размислување за посочениот текст на Фрчковски застапува и Најчевска на нејзиниот блог! [...]

Leave a comment

Your comment