ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (2)
Кои пораки ги добивме во предвечерието на претседателските избори?
I Не е важно:
1. Кои се квалитетите на претседателскиот кандидат поврзани со функцијата Претседател на државата
2. Со каков тим зад себе ќе настапи кандидатот
3. Каква програма ќе понуди
4. Што мислат граѓаните
II Важно е:
1. Да се најде кандидат кој најмалку ќе им пречи на политичките партии на власт (па и на оние во опозицијата)
2. Како ќе се испазарат двата најголеми етнички субјекти
III Што ни порача Срѓан Керим:
1. Дека не е важен гласот на граѓаните туку договорот на политичките партии
2. Дека не е спремен да се впушти во претседателска трка доколку не му е однапред обезбедена победа
3. Дека плурализмот треба да го заборавиме кога станува збор за избор на претседател на државата



Не дека Американскиот систем е најдобар, впрочем нивниот политички плурализам е повеќе политички дуализам, а и нивните демократски избори си имаат проблеми (иако главно не проблеми со пукање на изборни места), но како сме тргнале би било убаво барем на нив да се угледаме. Таму претседателски каднидати се бираа со гласање на партиските членови од секоја партија. Претпоставувам пазарењето на лидерите на партиите е диркетно признавање дека сите партиски членови одамна го предале својот глас на чаушите. Мислам дека тука лежи проблемот, во апатијата на македонските граѓани. Или се во партија или не гласаат, а кога се во партија како партијата да е бог и мора да се следи апсолутно се што партијата проповеда.
Може треба некој да му објасни на кутриот македонски гласач дека дури ни партиската книшка не е обврска да се гласа за таа партија. Дека не е забрана да се спротиставиш ако твојата партија прави нешто погрешно. И дека не е гаранција дека се’ што другата партија прави е лошо и спротивно на твоите интереси како индивидуа. Затоа во Британија едно-две има „backbench rebellion„, односно кога членовите на една партија, парламентарци, избрани под знамето на таа партија сепак се дрзнуваат да гласаат против тоа што раководството им предложило. Ретко тоа кај нас, освен кога некој сака да се отцепи и си направи своја мини партија.
Нели кога мораше да се следи партиската линија тоа беше комунизам, а сега во што сме?
Мислам дека токму во тоа и е проблемот. Кога на граѓаните им објавија дека веќе не сме социјалистичка држава не им објаснија и што всушност значи тоа. Мислам дека најголем број од граѓаните немаат појма што е демократија (ниту теоретски, а уште помалку практично). Едноставно нема каде да го научат механизмот на функционирање на демократијата. Тие упорно веруваат дека ова што се слушува е демократија и дека едноставно така треба да биде.
Забуната почнува уште во образованието, продолжува во контактите со власта и се циментира во медиумското прикажување на функционирањето на власта.
чудни избори мајката. многу чудни. Во еден приватен муабет со другар кој е долго време в политиката ми вели истот- да ја гледаш мак. политика со мои очи нема никогаш да излезеш на гласање. Јебелига изгледа е у право.
Не е претседателијада туку претседателски избори . Омаловажувањето на најбитната демократска процедура со пежоративни изрази , говори за една битна работа .
Не ви одговара победникот на овие избори (однапред позната персона која сосамото прифаќање на кандидатурата победи )
Инаку ке беа председателски избори место председателијада , ке беше демократска процедура , избор на граѓаните и сл …. да се вратиме на вашите изјави пред фамозните избори наречени 15 септември .
Тогаш небеше Изборијада 2002.
Секогаш кога не ви одговара веројатниот победни е претседателијада , љупчовизија , грујо премијерче , вмр-овци , и сл ….
Инаку се избори на кои треба да победат вашите ( кои и да се)
-тоа се избори кои ке ни го трасираат патот до ЕУ
-избори во кои бираме меѓу светла иднина и изолација
и сл ….
Светла иднина немаме одамна а изолацијата веќе ја живееме. Ти можеш слободно да дефецираш но мој совет е веднаш по дефекацијата да се завртиш и да се нахраниш во сопствената гнасотија.
Таквите како тебе не заслужуваат ни толкав коментар.
“Изборите се само фарса со која елитите со помош на масите се избираат самите себе си“. – Моска
Во што се состојат изборите, ако победникот е однапред познат? Ваквата ситуација е возможна единствено во два системи: еднопартиски систем и систем на диктатура на една личност или група.
На слободните избори, слободни индивидуи, врз своја слободна воља, го даваат својот глас за некого, за некоја идеја, за можност или за ветување.
За да има избор мора да има од што да се бира, да има информирани граѓани кои знаат што бираат и да постои соодветна процедура во која граѓаните можат да ја изразат својата слободна воља.
За најголем број од изборите (и претседателски и парламентарни и локални) има пишувано во рамките на проектот за мониторинг што се изведуваше во Хелсиншкиот комитет.
До овој момент во Република Македонија не се изведени слободни избори на кои информираните граѓани слободно ја изразиле својата воља.
Она што се случува во однос на предлагањето на кандидатите, изборот на кандидатите, договорите за однапред познат победник веќе ги прави изборите (како што спомна Александар) фарса, а не сериозна активност поврзана со демократијата.
Самиот факт дека Груевски етаблира очигледен вредносен систем на диктатура, ја прави целата ситуација однапред осудена на пропаст. Имено, ниту еден диктатор нема да си стави трн во здрава нога и да избере на местотот кое треба и може да го контролира донесувањето на законите, од кое се претставува државата и кое ја концентрира во себе најголемата моѓ во случај на криза, човек кој на било каков начин може да го загрози. Тоа значи дека на ова место мора да дојде човек кој ќе може да се раководи, да се уценува и да се исмее ако трегне во непосакувана насока.
Учеството на албанскиот фактор каде што според сите досегашни истражувања не гласаат граѓаните туку гласаат партиите (директно со полнење на кутии, или индиректно со создавање заканувачка атмосфера на диригирано гласање во цели области), уште повеќе го засилува елементот на фарса, наместо на демократска процедура.
Па до оредена точка сте и во право . Но забораваме еден битен момент а тоа се агенциите за мрење рејтинг , спин докторите ( местачи на јавно мислење ) , интелектуалната јавност и медиумите .
Веќе два месеца ни сервираат информации за однапред средена фарса ( само главен јунак место Иванов беше Керим – брилијантно пласирана дезинформација измислена и спроведена од спин докторите на ВМРО ДПМНЕ ) .
Најверојатно СДСМ во недостаток на програма и решенија пробува да направи фаталистичка атмосфера во која царуваат ликови од делата на Орвел .Но имаат жесток противник кој има доста рејтинг .
Пошто можеби имате доста познаници во СДСМ можете од мене да им пренесете една порака —– Без добро платени спин доктори и агенции , без добро обмислена кампања , со пежорација и омаловажување на противникот , без земање во обзир менталитетот на народот , нема уште сто години да се опраат ….. Само ребрендирање и нов старт во некоја нова форма ги спасува .
Имавме ние фер избори во 2002 . И фер и без проблеми и демократски …..
Изгуби ВМРО дојде Бранко …….
Модерни времиња се ова . Владее медиумот со нашите умови а не власта …