НОВИ ПРЕКРШУВАЊА НА ПРОЦЕДУРИТЕ – ЗЛОУПОТРЕБА НА СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА
Насоките за изборно медиумско претставување надвор од периодот на изборна кампања на Советот за радиодифузија и поведувањето постапка за казнување на одделни медиуми претставува ограничување на слободата на избор и негирање на еднаквоста како принцип на демократијата.
Според Изборниот законик:
Член 70
(1) Подносителот на листа на кандидати чии листи на кандидати за избор на претседател на Републиката, пратеници, членови на совет, односно листа на кандидати за градоначалник се потврдени од надлежната изборна комисија, имаат право да организираат изборна кампања (во натамошниот текст: организатори на изборната кампања).
Ова значи дека изборната кампања се однесува само на оние кандидати чија кандидатура ќе биде потврдена од страна на надлежната комисија, или, според:
член 67
(3) Ако Државната, односно општинската изборна комисија утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на овој законик, односно констатираните неправилности или пропусти, подносителите на листата ги отстраниле во рокот утврден во ставот (2) од овој член, поднесената листа ќе ја потврди со решение.
Логиката на овој член е токму во повлекувањето линија. Одредување момент кога еден обичен граѓанин кој дава изјави и искажува сопствено мислење, станува кандидат за одредена функција и настапува во врска со изборната процедура предвидена за таа функција.
Решението е направено и со цел постигнување еднаквост меѓу кандидатите зад кои стои некоја од поголемите политички партии и можните независни кандидати. Имено, кога се собираат потписи за кандидат предложен од страна на политичка партија, граѓаните ги даваат потписите пред се за она што го претставува и нуди самата партија. Тоа значи за позната програма, познати ставови и заложби. Од друга страна, кога ќе се кандидира независен кандидат, за да може да ги собере потребните потписи тој треба да понуди нешто, треба да се претстави и да привлече внимание. Тоа го прави во улога на обичен граѓанин кој се обидува да стане кандидат и овие активности никако не може и не смее да бидат сфатени како дел од кампањата.
Советот за радиодифузија нема право да го менува законот. Во случајов, не само што го измени важењето на законот, туку отиде и чекор понатаму, односно употреби различни мерила за различни кандидати.
Двајцата кандидати на двете најголеми политички партии беа многуструко присутни и претставени во медиумите во врска со конвенциите на политичките партии на кои требаа да бидат предложени. Беа дадени нивните биографии и изнесени основните заложби и програмски определби со кои настапија пред политичките партии. За тоа Советот за радиодифузија не зборна ниту збор. За разлика од овој молк, кога излегоа независните кандидати чии единствени конвенции пред кои треба да се претстават се граѓаните, Советот за радиодифузија утврди дека станува збор за прекршување на неговите упатства (кои одеднаш добија законска сила) и поденес прекршочни пријави.
Во случајов станува збор за четири крупни прекршувања на правото:
1. Прекројување на Законот
2. Дискриминација врз основа на различен статус на одделни кандидати
3. Ограничување на правото на информирање
4. Ограничување на слободата на избор
Заради ова, Државната изборна комисија треба сериозно да реагира на ваквото прекршување на Законот и загрозување на изборната процедура и остварување на правото на избор од страна на Советот за радиодифузија.



Ако ваквата постапка го хендикепира независниот кандидат во собирањето потписи, крајно позитивно делува на него во обезбедување колку толку подобра позиција за време на кампањата. Со ограничување на времетраењето на кампањата (кога ограничувањето на средствата не функционира), независниот кандидат може да ги фокусира сите средства во краток временски период и така да биде заштитен од медиумско “надвикување” каде партиските пари, војници и бизмис интереси ќе го прегазат.
Прво, станува збор за прекршување на правото и на законот. Тоа само по себе е доволно за реакција на ДИК.
Второ, треба кандидатите да стигнат до изборна кампања, а токму тоа е она во што се спречени на овој начин.
Змејко,
Ајде малце анализа… Хм, значи целта на изборите е да победи подобриот кандидат. Подобриот кандидат? Како ќе дознаеме кој е подобар кандидат? Телепатски? Во нормалните демократии нема ниту предизборен молк, бидејќи вистинската цел на изборите е во услови на најголема информираност да се определиш за најдобриот кандидат. Ваквот толкување за „надвикувањето“ е дури и смешно, во услови кога третокласни телевизии добиваат 70.000 евра (и повеќе) месечно за кампањите на Владата. Срамотилаци безобразни.
Исто како и желбата на УЈП сите фирми да им ги даваат парите за плати, па УЈП да ги префрла парите. Јас немам склучено договор со УЈП за работа, ниту УЈП е трета страна на договорот. Дали ако доцни платата ќе го тужам УЈП или работодавачот? Со кое право УЈП навлегува во облигационите односи меѓу работодавачот и Водовод, па УЈП прво на нив ќе им ги намирувал сметките? Па добро бе мајку му, за ова ли се боревме? Сјаши БЦ за да дојде БЦ плус?
Катастрофа на видик… А ме чуди, бидејќи с`е кажуваше дека НГ има либерални погледи на економијата и оваквите потези од СРД и УЈП навистина не ми изгледаат како да се од неговиот ментален склоп. Повеќе личат како ДД и сличните професорки по марксизам да воскреснале, па ни ги враќаат посебните Службени Весници и Службата за општествено книгодовство (подоцна Завод за платен промет). Дај бе одлучете се што ќе правите веќе еднаш… Додуша оние другите ништо и не правеа, така било посигурно за да не зафркнат нешто
Мајко мила…
Почитувана г-ѓа Најчевска, дали некој воопшто го следи интернетот? Погледнете ја na primer веб страната на општина Прилеп: http://www.prilep.gov.mk и ќе видите недидена кампања. Не го заборавајте интернетот како моќен медиум.