ВЛИЈАНИЕТО НА ГАМА ЗРАЦИТЕ ВРЗ СЕНЕШНИТЕ НЕВЕНИ
Баш така ја доживеав средбата на Фрчковски со фармерите и земјоделците од скопско.
Живо ме интересира која од функциите на претседателот на државата е поврзана со одгледувањето на крави и со набавката на храна за истите или пласманот на млекото во врска со што претседателот може неверојатно многу да помогне. Посебно ме воодушеви изјавата на Фрчковски дека нашиот влез во НАТО (во воена и безбедносна структура) ќе придонесе за полесно одгледување на кравите и ќе им го олесни животот на сточарите. Решение за проблемите со пласманот на млекото е дефинитивно НАТО интеграцијата.
Ова ќе бидат навистина весели претседателски избори.



„Решение за проблемите со пласманот на млекото е дефинитивно НАТО интеграцијата.“ – бидејќе ќе потече мед и МЛЕКО!
Јудо плесачу!!!
Јас само се надевам дека е ова прв од низата чекори во приодот “Калифот Фрчко се интересира за проблемите на граѓаните преправен во добродушен питач на гласови.” Следно можеби е Фрчко митс џи-џи Стефан, Фрле во ЈСП, Фрле со заушки!
Штета е само што не е олигофреничар за да може во колумната критички да се осврна на неговата плодна комуникација со неуката раја.
Мислам дека и кај двајцата кандидати зад кои стојат двете големи политички партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) немале баш многу допир со граѓаните, нивните секојдневни проблеми иинтереси. Меѓутоа тоа и не е најголем проблем.
Она што мене ме загрижува е старата практика на мешање на работите. Имено, почнувам да стекнувам впечаток дека претседателските кандидати ќе се борат за градоначалнички места (по приоритетите за кои ќе зборуваат и ветувањата што ќе ги даваат), а градоначалниците ќе се издигнат над локалните потреби и интереси и ќе го понудат царството божје.
Треба некој од ПР агенцијата што го работи Фрчковски да добие шут карта …… На сточари земјоделци и земјодели ( го цитирам Ѕинго ) неможеш да им објаснуваш дека НАТО ке им го купи млекото , и они не се до толку глупи ако се ТЕШКИ СЕЉАЦИ ……..
Никој не може да го реши проблемот на млекарите.. најмалку некој претседателски кандидат.
Се додека млекарите се во рацете на капиталисти, македонски или странски верувајте нема да има напредок на ова поле.
Поздрав