ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (5)- изборни лаги и манипулации

Според медиумите, Фрчковски во својство на предложен кандидат за Претседател на државата жителите на населбата Илинден ги посоветувал: Треба да ја тужите Владата која врти глава од проблемите со вашето здравје што ги предизвикува „Окта“.

Ова е многу лош и бесмислен совет. Советот покажува и големо непознавање на Фрчковски на правото, правните процедури и законите. И, она најстрашното, ги заведува луѓето и ги насочува кон непродуктивни активности кои не можат да имаат правна завршница и реален резултат.

Во конкретниот случај постојат две можности:

1. Активирање на одредбите на Законот за животна средина и изведување на целопкупната процедура во којашто се собираат информации и се води постапка пред соодветното Министерство (Министерството за животна средина).

2. Поднесување кривична пријава против загадувачот врз основа на чл. 218 од Кривичниот законик:

(1) Тој што со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина ќе загади воздух, почва, вода, водена површина или водотек во поголем обем или на пошироко подрачје и со тоа ќе предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на животински или растителен свет во поголеми размери,

ќе се казни со затвор

од четири до десет години.

(2) Со истата казна ќе се казни и службено или одговорно лице кое со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина ќе пропушти да постави уреди за пречистување или ќе дозволи изградба, пуштање во дејство или користење на погон кој ја загадува животната средина или на друг начин ќе пропушти преземање мерки за спречување или оневозможување на загадување на воздух, почва, вода, водна површина или водотек кое ја надминува дозволената граница или за спречување бучава што значително ја надминува дозволената граница и со тоа ќе предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на животинскиот и растителенопт свет во поголеми размери.

(3) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено од небрежност,

сторителот ќе се казни со парична казна

или со затвор до три години,

(4) При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот на делото од ставовите 1 и 2 да му наложи услов во определен рок да ги преземе пропишаните мерки за заштита и унапредување на животната средина.

(5) Ако делото од став 1 го стори правно лице,

ќе се казни со парична казна.

Ова може да се направи со повикување на чл. 234 став 1:

(1) Ако поради делата од член 218 ставовите 1 и 2, член 219 став 1, член 230 ставовите 1 и 2, член 232 ставовите 1 и 2 настапи тешка телесна повреда или тешко нарушување на здравјето на повеќе лица или настапи смрт на едно или повеќе лица или промените од загадувањето не можат подолго време да се отстранат,

сторителот ќе се казни со затвор

од една до десет години.

Откако ќе се искористат можностите коишто ги пружа нашиот правен систем, и доклоку граѓаните не се задоволни од донесените одлуки, може да се активираат срдества на меѓународна контрола (индивидуални и колективни петиции или настап пред Европскиот суд за човекови права доколку може да се повикаат на повреда на некој од членовите на Европската конвенција за човекови права).

Тужењето на Владата е бесмислен чин и посебно е нејасно, за што тоа би ја тужеле граѓаните Владата, врз основа на кој закон/и и во која процедура?

Comments (3)

НадкоFebruary 9th, 2009 at 10:20 am

Претпоставувам дека фрчко мислел на случајот број 1

Сепак, тоа што е далеку пострашно е што за претседател се кандидира човек кој ги советува граѓаните да ја туркаат владата. Ова е самоубиство во заседа, па каква сака нека биде таа влада!

GoodBytesFebruary 9th, 2009 at 3:16 pm

Надко: „за претседател се кандидира човек кој ги советува граѓаните да ја туркаат владата“ – ништо ново, и БЦ тоа го прави цело време.

Мирјана, значи ако претпоставиме дека Фрчко има знаење од сферата на правото и законите, од ова следува дека свесно, популистички, демагошки ги тера, на сета мака, дополнително да се изложуваат, овој пат на малтретирање низ бескрајните судски лавиринти, за на крај да излезат губитници. Без грам етика (надвор од личниот интерес), точно како што го замислувам тој човек.

Политиката е ______________.

proletskiFebruary 9th, 2009 at 8:34 pm

Па гледај, ваквите изјави во општо не заслужуваат влијание, од проста причина што во државава секој би дал гас за глас :D
Пошто веројатно си борец за човекови права:
http://proletski.wordpress.com/2009/02/09/%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8/
Поздрав и верувај и јас сум црна овца како тебе.

Leave a comment

Your comment