НИКО НЕСТОР
Веќе видено, веќе доживеано и потполно очекувано. Тепачки, казнети ученици, уплашени родители и соломонско решение за поделена настава, на кое се спротиставува една од страните. Истото клише како во Куманово (само што таму и тогаш министер беше Албанец, а против поделбата се бунеа Македонците).
Во услови кога политичарите од различни етнички заедници ја градат својата политичка кариера врз основа на екслузивитетот на сопствената етничка заедница, во услови кога не постои ниту намера, а камоли стратегија за изградба на мултикултурно општетсво и во услови кога образованието пополека тоне на дното на приоритетите и интересот на државата, не гледам зошто би не изненадило она што се случува во ретките училишта во кои наставата се одвива на повеќе јазици.
Толеранцијата се учи, таа се гради и поддржува, се негува, се брани. Толеранцијата не се прокламира и не се декларира. Создавањето на атмосфера во којашто може да вирее толеранција е неопходен услов кој не зависи од децата, а многу често ниту од родителите. Најопасни за процесот се сите оние кои тврдат дека имаме или сме имале добри меѓуетнички односи и дека на овие простори постои традиција на заемно почитување, соработка и заедничко живеење. Ширењето на ваков вид на невистини само ја замачкува сликата и го негира, наместо да го експонира, проблемот.
Посебно загрижувачки момент во секој од овие случаи е дека децата остануваат потпполно настрана од процесот на одлучување и немаат никакво влијан ие на решенијата кои имаат и ќе имаат повеќекратно и долготрајно влијание токму на нивните животи и нивните меѓусебни односи.
Овој вид на “решавање“ на работите се поцврсто ја исцртува границата меѓу етницитетите, физички ја обликува и води кон потполна поделба на државата.



Овој вид на поделби се директно поттикнати од политичките партии(не една или две туку сите) а нормално и државните органи кои со самото неделување само го потхрануваат овој проблем.
Кога учев средно(економското училиште „Арсени Јовков“ во Скопје) бев жртва на меѓунационална пресметка. Бев насилно нападнат од банда албанци која ја предводеше македонец(сега покоен дилер на дрога од населбата Чаир). Кога случајот беше пријавен во полиција (полициската станица во Бутел) полицајците не само што рекоа дека не можат да направат ништо туку и поднеле пријави против сторителите по службена должност. Но на пријавата како тужител стоеше моето име иако ниту јас ниту моите родители немаа поднесено пријава. По доставата на поканите за суд дотичните бандити со пријавите ме чекаа пред школо за да ми „наплатат“ за тужбата. Се спасив од ситуацијата со некои други мерки но морав да се отпишам од тоа училиште и да завршам во друго. Кога отидов во полиција ми рекоа дека не знаат ништо за тужбата и дека немаат намера да превземаат ништо со изговор дека на дотичните не може ништо да им се направи.
Колку што знам јас непревземањето е исто така дело со што само се толерираат националните физички пресметки.
И нормално тоа се случуваше во Скопје.
Таквите настани датираат и пред да ми се случи мене истото а верувам и денес.
Значи додека политичарите парадираат со термини а државните органи не превземаат ништо решението е тешко остварливо пред институциите на системот кој е незаинтересиран за истото.
Најтажно е тоа што заради вакви манипулации страдаат деца и ако никому не му е грижа за тоа тогаш се наоѓаме во безизлезна ситуација.
Жалосно е што се во нашава Македонија е декларативно !!! Помија и трулеж со шлаг и цреша одозгора !!!
Поздрав
Гетоизацијата е негативна и по тие во и по тие надвор од гетото. Кога многу ќе ме изнервираат сите си мислам дека така им треба, нека се делат и сите негативни последици кои одат со тоа. Само мал проблем – јас треба да живеам во таквата околина, опкружена со залепени луѓе. Плус, мислам дека видовме што се случува во државите/федерациите каде на омразате ќе и’ се дозволи да тлее. Евентуално таа и ќе се распламне и после е многу, многу тажно…
Заклучок, треба против ова да се бориме со сите сили. А се согласувам и со Александар дека кога законот ќе се спроведува тој повеќе и ќе биде почитуван, од сите етнички заедници.
@ymail.com
Draga Mirjana ve znam od poodamna,sum imala moznost da ve srekavam(no ne i zapoznam) na nekoi internacionalni sredbi.Moi kolegi koi blogeruvaat,mi go spomenaa i vasiot.Moeto prasanje e sledno:na pocetokot dozvoluvavte da se pojavat site diskusii na vasiot blog pa duri i onie koi ne go izrazuvaa “dobroto soglasuvanje so vas”,odnosno da ne kazam deka bea strogo kriticki i napadni vrz vas.Sega gi nema.Ako ste vie navistina borec za covekovi prava i i ja propagirate taa kauza,moze li da mi odgovorite zosto gi izbrisavte site vasi kontradiktori?Iskreno se nadevam deka vasiot odgovor ke go opravda
Se izvinuvam za mojot los makedonski,ama tolku go sakam i samata si dozvoluvam greski
Не сум избришала и не бришам ниту еден коментар заради тоа што е спротивен на моето мислење или нуди аргументи за поинакво видување на работите или едноставно не се согласува со мене.
Бришев и ќе бришам коментари во кои се употребува говорот на омраза, во кои има навреди и омаловажување и кои се полни со вулгарности и некултура.
Токму од тие причини и го напуштив blog.com и мислам дека квалитетот на дискусии коишто се развиваат таму во голема мера трпи од напливот на некултура промовирана од неколку блогери (со или без задача да ја девалвираат секоја интересна/провокативна тема).
За kittycat!
Како и да си ме разбрала ок, нема да навлегувам само сакам да надополнам за да ме разбереш потполно. Мислам дека толеранцијата не се практикува под преса на законски решенија, не можеш да ја подведеш како нужда односно како производ на почитување на законот. Толеранцијата е свест и ништо повеќе. Ако гледаме на толеранцијата како законска принуда тогаш надвор сите ќе бидеме „толерантни“ но дома се ќе остане по старо, законите знаат да бидат маска, всушност најголем дел од законите донесени од оваа власт тоа и го потврдуваат(забрани и казни, забрани и казни како маска за да се претставиме во најдобро светло пред светот па дури и по цена на слободата на сопствените граѓани).
Искрено кажано не ми треба ниту еден член од ниеден закон ако можам да живеам во хармонија со другите односно во заедница со високо ниво на толеранција.
Мене ниеден закон не ме натера да бидам толерантен, ниту дома ме учеле, за мене сите луѓе се еднакви без разлика на расата, религијата, положбата или нацијата. Зборувам за еднаквоста како вредност (не онаа комунистичката да се разбереме).
Нашето општество на тоа поле е светлосни години наназад(чест на исклучоците).
Некој цитираше текст од бендот „Архангел“ во некој од коментарите но јас само ќе се задржам на еден стих:
„ … купен мир и тишина, пострашни од војна maybe… “
Законите претставуваат алатка со чија што помош луѓето договараат одредени заеднички стандарди на однесување, правила и процедури на меѓусебното однесување и санкционирање на несоодветното. Отсуството на закони значи владеење на посилните, помоќните, побескрупулозните и побестијалните. Законите овозможуваат ограничување на моќните, контрола на посилните и санкционирање на суровите.
Без закони нема човекови права, без човекови права нема толеранција.
Да се живее без закони, спонтано и врз основа на свеста и совеста секогаш значи дискриминација на посилниот над послабиот.
Може и не сум разбразла бидејќи не се сголасувам баш со таа позиција. Јас мислам дека ако законот никого не дискриминира (едно големо ХА-ХА на г-н Иванов за тоа дека системот кај нас никого не дискриминира) и ако тој закон правилно се спроведува, тогаш ќе имаме многу силни основи на интеграција. Не сметам дека треба да има закон кој ќе вели дека мора да бидеме заедно и мора да се сакаме. Меѓутоа се додека има вистинска и перцепирана нерамноправност во законот и неговата имплементација, тој гнев ќе се одрази како кршење на законот и на правата на другите.
По таа линија јас сум за многу повеќе работа на квалитетна полиција и судство, отколку за закони кои многу ветуваат но после никој не ги следи. Назад на темата на училиштето тука не ни треба некој закон, треба обичен здрав разум дека патотот до интеграција не може да се состои од следење на разидувачки патеки. Но и во конкретниот контекст – родителите се бунат против тепачките. Ако законот и дисциплинарните постапки во училиштата доследно се следат, ќе има многу помалку тепачки без разлика дали постои закон за интеграција или не. Тука во многу се виновни професорите и директорот кои со своето неделување, кукавичлук, незаинтересираност и предрасуди дозволуваат вакви нешта да се случат и со тоа подгреваат атмосфера во кои сите ученици се чувствуваат уплашено и антагонистички кон „другите„.
За Мирјана!
Кај нас и покрај законите дискриминацијата си останува недопрена тоа е факт.
Како и да е, мојата поента беше дека повеќе сум заинтересиран за суштинска промена(која секогаш доаѓа поради постоење на одредено ниво на свест) отколку само да се озакноат појавите и со тоа да завршиме со приказната. Суштинските промени не доаѓаат само со законите и дејствувањето на државата во одредени сегменти туку токму со зголемување на свеста. Мал пример за контра ефект од страна на државата е фактот дека на пример со воведувањето на веронауката учениците од македонска националност ги учат за христијанство а албанските на пример за исламот. Законот тоа не го форсира туку самоволното дејствување на државата.
За Kittycat!
Велиш „Ако законот и дисциплинарните постапки во училиштата доследно се следат, ќе има многу помалку тепачки без разлика дали постои закон за интеграција или не.“
Тепачките не се случуваат во училиште или на час туку пред или по наставата надвор, на улица или во автобус(и на ова сум сведок) така да на крајот може ние сите овде да се сложиме дека ни треба добра законска регулатива, добра полиција(ова звучи како шега) и добро судство но се прашувам дали тоа ќе значи дека ќе треба да се вработат стотици илјадници полицајци кои ќе треба да ги чуваат училиштата, улиците, автобусите со цел во согласност со добриот закон да ги спречат сите облици на насилство и дискриминација?
И на крај што ќе постигнеме? Полицаец на секој квадратен метар со цел да не чува од вакви појави?
Ако суштински не се сменат работите, т.е ако пошироката општествена заедница не се вклучи тогаш можеме да имаме и најдобри закони и милион полицајци и судии но дали тоа ќе доведе до некакви промени?
Само како пример за размислување… Додека во светот се одржуваат собири, протести, паради и слично кои промовираат недискриминација или пак се борат против истата ве прашувам колку такви случувања сме виделе кај нас каде дискриминацијата по секој основ ни се случува секојдневно?
Ако се обидете да наброите ќе ве молам да ги исклучите проектите на невладините организации кои почнуваат и завршуват со некој семинар кој ќе трае неколку денови.
Да се излезе на улица против дискриминацијата е показател за свест, а не предобриот закон(против кој не сум) и неговото штитење со вооружената државна машинерија.
Па нели цивилното општество е цел?
Сепак интересна е дискусијава.
Според една теорија психолошките потреби на луѓето се пирамида. Прво е храна, вода, потоа сигурност, потоа семејство, на крај некаде е себе остварување. Мислам дека од некои аспекти така е и со општеството. Не треба да се заборава на дискриминацијата (или животната средина или уметноста), ама кога некои основни работи не чинат подбро да се буниме за нив.
Можеби не може на секој ќош полицаец, ама школскиот двор и непосредно пред и после настава се во рамките на училиштето и училишниот живот. Мислиш не можат професорите да видат од прозор што се случува? Кога правилата се почитуваат на час, учениците два пати ќе се замислат дали да ги кршат надвор од часот. Кога ќе научиме да сме добри граѓани во дискриминирачко општество, можеби полесно ќе биде да се сконцетрираме на дискриминацијата.
Ако си во можност и ако живееш во близина на некое училиште во кое учат ученици од повеќе националности појди во најблиската полициска станица или кај директорот на училиштето и прашај ако е возможно да ти кажат колку тепачки од таков вид се регистрирани и каде(на која територија).
Ќе се изненадиш дека најголемиот број се случуваат надвор од училиштата.
Проблемот со националната дискриминација која резултира со физички пресметки и тензии нема да се реши ако пред или по училишното ѕвоно се смират страстите. Таквите страсти се присутни насекаде во државава, почнувајќи од домовите на граѓаните.
Како тече дискусијава изгледа дека ќе заклучиме дека нетолеранцијата во моментов избила во едно училиште па сега ние се однесуваме како да сме изненадени и замижуваме на овие тензични односи кои се простираат на целата територија на оваа држава.
Би сакал решението да се состои во некоја правна регулатива но за надминување на ваков суштински проблем е потребно многу повеќе.
Пет години работев на проект Школо на толеранција во Гостивар. Проектот беше успешен, изграден е модел кој може да се примени со голема веројатност на успех. Потребно е власта да го прифати и да го внесе во формалното образование. Тоа подразбира и нормативна поддршка. Без тоа не може да се искористат позитивните искуства и резултати од досегашната работа во цивилното општетсво.
Секоја чест!
Штета е што таквите проекти не добиваат воопшто публицитет со што на јавноста ќе и се даде до знаење дека некој сепак работи на овој проблем и дека активностите не се сведуваат само на донесување на законска регулатива.
Наместо активностите од таков вид да бидат секојдневно присутни во медиумите како суштински проблеми на кои се работи ние сме постојано бомбардирани со сликање на државниците во весници или на ТВ.
Очигледно е дека кај нас суштинските проблеми и активностите околу нив се на маргините додека во центарот на вниманието се политичките партии и владетелите.
Немам што да додадам повеќе Мирјана.
Поздрав!