ПРЕцЕДАТЕЛИЈАДА (6)- изборни изјави

На прашањето за постоењето на дискриминација и посебно дискриминирање на луѓето со нехетеросексуална определба, предложениот кандидат за претседател, Ѓорѓи Иванов, изјавил дека во Македонија не постои дискриминација од ваков вид и дека хомосексуалците сами се стигматизираат.

Оваа изјава е посебно интересна во контекстот на програмските определби на партијата којашто го предложи за кандидат, според кои хомосексуалноста претставува болест или, знак на болно општетсво.

Сметам дека прв индикатор со кој треба да се проценува соодветноста на идните претседателски кандидати претставува токму нивниот став кон дискриминацијата. Прво, декларативен, а потоа може да се зборува и за разликата меѓу зборовите и делата (како во случајот на вториот предложен претседателски кандидат, Љубомир Фрчковски).

Comments (5)

ЈованFebruary 10th, 2009 at 6:54 pm

Од каде го извлековте заклучокот дека според Фрчковски хомосексуалноста претставува болест???

Еве што вика написот:

Спротивно на неговиот став, претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски им изрази поддршка на сите дискриминирани групи.
- Генерално, го поддржувам плурализмот на животните стилови на супкултурните групи, бидејќи тоа е цивилизациска придобивка на денешнината. Мора што поскоро да се донесе законот за недискриминација за кој се зборува долго време – вели Фрчкоски.

Па тоа е една од главните теми неделава – дискриминацијата која се случувала по скопските клубови каде не биле пуштани хомосексуалци.

И Иванов а и вие викате немало дискриминација… јеа рајт…

АлександарFebruary 10th, 2009 at 7:05 pm

А да го прочиташ текстот уште еднаш, ми изгледа дека намерно го менуваш контекстот. Ако грешам извинето ама сепак, за Иванов држи вода забелешката на Мирјана а Фрчковски беше споменат во контекст на тоа дека едно е декларативно а друго е суштински.

VickyFebruary 10th, 2009 at 11:29 pm

Се изнаслушавме за дискриминирани хомосексуалци, и на мое жалење :) поблизок и поискрен ми е ставот на Иванов. Ако некој за себе кажува дека е хомосексуалец, тогаш самиот сака да биде означен за различен, посебно во услови кога ни уставно ни културно не е маргинализиран. А за тоа како хомосексуалците биле бојкотирани од скопскиот кафански џет-сет, е, таму ни мене не ме пуштаат. Од друга страна, знам сопственик на ноќен клуб којшто организиран геј забави во работни денови само за поголема посетеност.

Некои хомосексуалци се невработени, а некои имаат работа (некои и убаво платена!), а некои се толку богати што не мора да работат. Некои се осамени и неприфатени, а некои длабоко почитувани од својата околина. Некои се гордеат со таквата сексуалност, а некои ја чуваат како тајност. Зошто некој упорно сака да ја сведе оваа хетерогена маса на едно – “хомо”, е прав парадокс. Веројатно поради привидот дека социјалното раслојување е крајно неважно!

Mirjana NajcevskaFebruary 11th, 2009 at 7:26 am

Како се дискриминираат хомосексуалците:
1. Не смеат јавно да ја манифестираат својата сексуална определба (да бидат препознаени како геј луѓе со свои партнери)
2. Во услови на зависност од семејството мораат да кријат затоа што ќе останат на улица
3. Кога ќе дознаат родителите дека нивното дете е хомосексуалец го носат на психијатар кој препишува третман со хормони, антидепресиви и други прифатени и неприфатени лекарства кои би требало да го излечат од тешката болест
4. Премиерот и актуелната власт порачаа дека хомосексуалноста е болест против која треба да се бориме
5. Изјавувањето дека си хомосексуалец значи губење на работа, пријатели, соработници, роднини, неможност за заедничко живеење со својот партнер поради осуда на средината (податоците од неколку направени истражувања го покажуваат ова)
6. Јавното искажување на својата сексуална ориентација (држење за рака, прегрнување, бакнување) го зголемува ризикот од насилство (вербално или физичко)

GoodBytesFebruary 11th, 2009 at 2:41 pm

Додека Македонија не е подготвена да биде толерантна кон разликите во сексуалната ориентација, ниеден политичар нема да си ја загрози поддршката од своето (нетолерантно) гласачко тело, отворено застанувајќи против дискриминацијата.

Leave a comment

Your comment