ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМ
Во услови кога значајно мнозинство (доволно за донесување на законите) припаѓа на една политичка
паертија, кога Премиерот и најголем број министрите во составот на Владата се припадници на истата таа партија, доколку е скоро сигурно дека за Претседател на државата ќе биде избран кандидатот на истата таа партија и доколку (што е многу веројатно), градоначалникот на главниот град на државата, Скопје, биде припадник на истата таа партија, а поголем дел од градоначалниците на општините се исто така припадници на истата таа партија, тогаш во што се состои полипартискиот систем во Република Македонија?
Во развиените демократии граѓаните во вакви ситуации дури и намерно гласаат за друга политичка опција, се со цел обезбедување меѓусебна контрола на различните делови на власта и превенција од потполно дезавуирање на полипартијството.
Што ќе се случи кај нас? Дали на голема врата ќе го вратиме едноумието во неговото најлошо руво: апсолутно самоволие поткрепено со насилство, закани и ограничувања на основните слободи и права на граѓаните?



„Дали на голема врата ќе го вратиме едноумието во неговото најлошо руво: апсолутно самоволие поткрепено со насилство, закани и ограничувања на основните слободи и права на граѓаните?“
Да, ако продолжиме да молчиме пред луѓето и институциите кои се негови поддржувачи и носители…
Decki,dobro e da ne se molci no vo ovoj slucaj treba da ja osvezite takanarecenata opozicija koja vakva kakva sto e sega e utepana od gospod,da i napisete programa,da gi smenite site tie fosili kaj niv za da imame druga partija koja ke dade svezina na naseto tmurno i monotono politicko nebo.
Ова што се случува во Македонија е еднакво на перење мозоци и е нешто слично како во времето на Хитлер или Мусолини.
Ако на пример во времето на нашата тоталитарна југославија на сите им беше наметнато силум дадено да бидат комунисти денес ВМРО милум односно со перење на мозоци сите ги праи ВМРОВЦИ.
Едноставно гласачката маса е испрана и се однесува како робот кој прима наредби од телевизиите и штампата. Ова е еднакво на ГОЛЕМА МОЗОКО ПЕРАЧКА пропаганда…….
Ако некогаш народов се опамети (сумјам дека тоа ќе биде у следните 4-5 години) единствениот излез од овој систем ќе биде РЕВОЛУЦИЈА. Може звучам глупаво но замислете што ќе биде ако овој не совршен ВМРОвски систем остане на власт уште пет шес години и тоа остане на власт поради слепата подршка на граѓаните?
Во право се погорниве коментари . Јас ли сум крив што опозицијава е полна со корумпирани бизнисмени и неписмени олигарси па никој за нив неке да гласа . Оставија 300000 луѓе на улица па сега бараат некој за нив да гласа…
Па добро де, ти гласај си за твоите и сите среќни и весели!
Оваа небулоза ја коментирав ……
…….Во развиените демократии граѓаните во вакви ситуации дури и намерно гласаат за друга политичка опција, се со цел обезбедување меѓусебна контрола на различните делови на власта и превенција од потполно дезавуирање на полипартијството…………..
Па што морам да гласам , нека си турат закон да неможе да имаат СДСМ под двесет пратеника . Па ај може и вака кога гласаат стално да има десет гласа против , дури и ако сите гласаат за . Само за да биде демократски да се знае дека некој е против .
Мене целава работа ми личи дека Бранко и компанија овај пат нема да има како да се правдаат зошти изгубиле на избори , па ај ради да има демократија да гласаме за нив да не забега ВМРО во еднопартизам .
Ја прв ке гласам за СДСМ ако ги набркаат од партија Бранко и булумента околу него ( како што го набркаа Лјубчо од ВМРО ) ако направат програма , и ако престанат да бидат елитисти . До тогаш гласам за помало зло ….