ИЗБОРИ – РУФИ ОСМАНИ

Ме замисли распарават во ДИК за отфрлање на кандидатурата на Руфи Османи. Ме замисли и членот од Изборниот законик според кој еден од условите коишто треба да ги исполни кандидатот е да: „- не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеца“.

1. Ваква одредба нема за Претседателот на државата.

2. Уставниот суд укина членови од неколку закони (меќу кои и од Законот за внатрешни работи) со кои се определува забрана на вработување заради постоење на правосилна пресуда на суд и одлежување на казна затвор. Според решението на Уставниот суд во изречената пресуда треба да стои точно изречена забрана за вршење на должност за да може да послужи како ограничувачки фактор. Во спротивно станува збор за дискриминација. Ако се има предвид дека функцијата градоначалник се врши професионално, би требало оваа одлука на Уставниот суд да се примени и на овој случај.

3. Руфи Османи е осуден заради прекршување на закон којшто потоа е сменет токму во насока во којашто било и неговото прекршување. На пример ако за градоначалник се кандидира хомосексуалец кој отслужил казна затвор заради својата хомосексуалност, дали и тоа ќе се рачуна како ограничувачки момент и покрај тоа што Законот е сменет и не постои ова кривично дело?

4. Тука се поставува и прашањето на непрецизноста на одредбата. Имено, не е дадено временско ограничување. Дали тоа значи дека и лица кои биле осудени во поранешниот систем заради своите политички убедувања не можат денес да се кандидираат за градоначалник, доколку самите не побарале рехабилитација? Што е со осудените за ИБ во услови кога не е донесен закон за рехабилитација?

Мислам дека законската одредба мора да биде прецизирана доколку не сакаме да дојде до нејзина злоупотреба.

Comments (2)

воланFebruary 14th, 2009 at 4:19 pm

квалитетен пост

лидемFebruary 16th, 2009 at 1:05 am

ЛиДеМ
January 30th, 2009 at 6:20 pm
Професорке честитки за местото носител на листата на советници за Град Скопје од страна на Либерално Демократската Партија, само незнам како може левичар како Вас да биде кандидат на центристичко-десничарска партија?

За жал, ова е една од неколкуте лоши проценки на г-динот Манасијевски. Првата му беше со форсирањето на Ѓунер Исмаил. Можеби можете да го прашате г-динот Исмаил, бидејќи сте и двајцата во Советот на интелектуалци на ЛДП, чија кандидатура за претседател ја има поддржано, таа на Фрчковски или на Н. Ружин?

И едно прашање до Вас, кога ќе почнете да ја промовирате ли ЛДП за претстојните избори или ќе почекате да помине кампањата?

Добро, професорке до кога ќе чекам одговор на моето прашање?

Инаку, бидејќи денес официјално дознав дека се кандидирате за Градоначалник на Скопје, би сакал да Ви честитам, и да ви порачам дека НЕМА да имате поддршка од членовите на ЛДП за вашата кандидатура.

Leave a comment

Your comment