ВО КАЛТА НА НЕЗНАЕЊЕТО
Според реакциите на новинарите и на некои интелектуалци се стекнува впечаток дека политичката определба и политичкиот ангажман претставуваат најсрамно нешто што може да му се случи на еден интелектуалец (примерот на новинарката Катерина Нешкова и написот: Свират како што шефот им диригира објавен во бројЈ 179 од неделникот Форум).
Според овие анализи и изјави само “квази интелектуалци”, “неостварени професори”, “политички полтрони” и “универзитетски професори кои не собрале храброст да ја спасуваат државата надвор од политиката” политички се активираат.
Можеме да зборуваме за невистинитоста на тврдењето (најголем дел од спомнатите професори зад себе имаат и владино и невладино делување кое кореспондира со нивните убедувања и ставови)
Може да зборуваме за манипулацијата на новинарката, којашто изјавите на професорите кои што се впуштиле во политика ги прикажуваат како правдања, а оние “другите” кои решиле да стојат на страна како длабокоумни, научни анализи.
Можеме да зборуваме и за елементарното несфаќање на политичкото делување, слободата на политичко определување и здружување и индицираната дискриминација врз основа на политича определба.
Меѓутоа, овде, сакам да свртам внимание само на моментот на миноризирање на значењето на локалната власт со цел омаловажување на тие коишто решиле да станат активни чинители во истата.
Се додека за новинарите, интелектуалците и граѓаните, локалната власт започнува и завршува со “закопувањето дупки, поставувањето клупи и банкини” немаме шанси ни да замислиме што претставува современото урбано живеење, а камо ли да учествуваме во неговиот развој, обликување и идно
профилирање.
Се додека политиката претставува место на кое се стимулира концетрацијата на примитивизмот, незнаењето и неспособноста, а се дестимулира ангажирањето на интелектуалците, не можеме да мрднеме ни чекор напред.
Се до тогаш ќе ни остане само да ѕиркаме во визиите на тие коишто отишле километри нанапред додека сигурно и стабилно стоиме во калта на сопственото денес и утре (само како пример е приложена визијата за развој на Копенхаген до 2015 година).



Велите „Се додека политиката претставува место на кое се стимулира концетрацијата на примитивизмот, незнаењето и неспособноста, а се дестимулира ангажирањето на интелектуалците, не можеме да мрднеме ни чекор напред.“
Тоа значи (а и тоа се случува кај нас) дека самата политика т.е политичките партии и сите останати гравитирачки тела токму таа состојба ја произведуваат, фабрикуваат и одржуваат. Што значи оваа критика би требало да е насочена таму.
Со оглед на тоа што ангажирањето на интелектуалците служи само за подигнување или одржување на рејтингот на групациите(читај: ордите) на политичките партии јас доброволно сакам да пливам во калта на незнаењето и секогаш ќе бидам противник на ова кое токму вака го прикажувате.
Целиот ваш пост би можел да се подведе под онаа изрека „ако не можеш против нив тогаш биди со нив“.
Инаку да, не е спорно интелектуалците да имаат политички активизам ниту е спорно да се политички определени само е спорно тоа што некои интелектуалци( а тука спаѓаат одреден дел универзитетски професори) се определени како што се определени и имаат ставови кои подоцна при политичката определба или афилијација со политичка партија истите ги забораваат или пак ги напуштаат. И подоцна кога ќе се вратат на професорското место повторно од фиока си ги вадат старите определби.
Се додека вака стојат работите и додека на мала врата се бара оправдување за своите постапки ќе бидеме далеку од урбаното живеење.
Во некои од оние земји на „оние кои отишле километри нанапред“ урбаното живеење се формира на поинаков начин, политиката и политичките определби се на маргините.
Впрочем треба да си кажеме еден на друг како гледаме ние на терминот урбан, урбано па сетнем да полемизираме.
Заклучок: Во ваква поставеност на општествените сили како што постои кај нас интелектуалците биваат исмеани од самата политика на која и се вклучуваат затоа што партиите бараат кловнови кои ќе ги забавуваат и кои нема да имаат никаква моќ на одлучување или донесување одлуки туку ќе бидат само модни детаљи на нивните еднобојни сакоа.
Поздрав!
Најче, око да ни ти трепнуе… Се разбира дека можеш – а во ова време, ако мене ме прашаш, и мораш! – политички да дејствуваш. Тоа важи за сите вистински интелектуалци, кои ја избираат политичката борба наместо седењето дома во папучи и глумењето некаква „неутралност“.
Јас, како што знаеш, не сум кандидат, но не само што не го оспорувам твоето право да се кандидираш за градоначалник, туку напротив, мило ми е што си донела таква храбра одлука. Секој од нас има право да избере на кој начин ќе дејствува политички. Начинот што ти си го избрала е и легитимен и делотворен.
А овие недоветниве, дечурлаанава, секако, не знаат дека ова ти го зборува човек кој со тебе често се препирал и не бил истомисленик. И во тоа име ти посакувам успех и ти пружам поддршка.
Бранко Героски
Благодарам Геро. Посебно ја ценам поддршката од луѓе со кои сум спорела и не сум се согласувала (и сигурна сум декани денес не се согласувам за одделни значајни прашања).
Она што навистина ми смета е континуираното дезавуирање на секоја активност, омаловажување на секое дејствување и пасивно и активно спречување на остварувањето на легитимни начини на влијание.
Истото ова ми се случи кога се вклучив во невладиното делување. Токму Вановска го испоплука цивилното општетсво и се што се прави од страна на невладините организации. Сега истите тие ванковски и сл. атакуваат врз политичкото делување. Да ти кажам нема спас.
Има, Најче, има спас, не се секирај… Јас сум сигурен дека на овие избори приказната за една тажна, изолирана, насилна и од цинизам и пизми извалкана Македонија дефинитивно ќе почне да се распаѓа. Дали и колку тоа ќе се одрази на изборниот резултат, тоа е друго прашање. Но, борбата не завршува со овие избори. Уште еднаш, ти посакувам многу успех и уште многу пријателски „кавги“ со мене.
Браво бре Героски просто ме воодушеви со терминиве со кои мафташ.
Прочитај погоре можеби ќе се пронајдеш. Ти се обраќам не заради друго туку заради интелектот кој го имаш и „пофалните“ термини со кои ја опслужуваш генерацијата на која и се обраќаш. Недоветни и дечурлаана е онака баш на ниво кое ти прилега.
Едипов комплекс или што?
Или вклучи се во дискусијата или исчезни. Никој не и го оспори правото на Најчевска да се кандидира или да биде активна, очигледно реплицираш на нешто кое не си го прочитал добро.
уф…морам да се умешам
можда малце ќе има и надвор од темата (илимити „offtopic„ за то дечурланата шо прескокна играње џамлии и тапка со сликици и шо знае за маунтинбајк, а за пони -јок…не можев да додржам, се извињавам)
прво за геровски
ме бендиса шо се јави на/со блог јербо сегде те фалам дека у карпош 4 беше легенда по то наградите у другарче по прочитани книги…ово не се заебаам пошто децава појма немаат шо значи тоа, бар за мене у тоа време, а постар си само пар години….сепак, за твоите ставови …на твојот блог
за мирјана
геровски ти кажа око да не ти трепнуе(јеб га новинар, мора да пази на изражавање)…ја ке ти кажам- к.р да не ти чуе…и овде не се заебавам…
со многу твои ставови не се слагам…со некои, да…ама поштуем консеквентност…тоа го има кај тебе као шо го има и кај коља, а него го знам оддамна.
друго ми е зборот и сеа идам интопик…тури му пепел на интелектуалец, ако све за то шо паламуди по колумни, по форуми, по шо ти ја знам, не проба барем да го преточи у акција…и тука нема срам и тука никој нема право да етикетира…напротив
па нели плачеме..кај се интелектуалците?…па кај се тие умови ..па тантарапантара…ај вака да ги видиме…ако тепаат добро…ако изгинат пак добро…ама ќе ги запаметиме
додуша, историјава ни е пуна со ангажирани интелектуалци (мислам, навистина ангажирани)…кои биле слупани од колегите у фотеља али јеб га…на крај, никој не ги памти нивните колеги
од мене поддршка мирјана…иако на памет не ми паѓа да гласам за тебе ама тое е веќе друга дискусија
А за кого ќе гласаш? Зар има некој подобар од мене?
Одржливи градови подразбираат градови кои се градат со почитување на прават на луѓето. Право на човекот е да има соодветен стандард на живеење и да може да води квалитетен живот. Значи, дупката мора да биде поправена.
Правата не значат отсуство на структура, работа, дисциплина и одговорност. Напротив. Ама, ај за тоа кога ќе ја ставам програмата на веб. Не си видел таква убавина. Ќе посакаш два пати да гласаш за мене, ама не може. Жалам.
вака сега,
малце индискретно од тебе шо прашуеш за кого ќе гласам и плус,да не ми кршиш некое право со самото прашање?…хахаха…не ми пречи
јас јавно се изјаснив само са прецеднико фрчле…и од сега сум определен…за сите други 4 листи нека ми се улизујат за едното мое кругче.
за тебе не гласам од следниве причини:
- не те сметам за оперативна кај практични проблеми
- сметам дека си преголема„прзница„(ова не го сметај како навреда…и јас сум таков), за да се справиш со мал милион карактери со кои ќе МОРА да соработуваш
- тоа што си жена за мене е предност ама за 80 посто не е и бадијала ќе го давам гласот. кај нас уште не е созреана свеста дека и жена може нешто да направи, а замисли педер ко у берлин.
има и други ама да не гњавам, сепак, ај да ја видиме програмата, ај убеди не, ама не во програмата(таа може да биде бескрајно розова)…убеди не дека е остварлива и дека ТИ можеш да ја оствариш
не се знае мирјана…еве…ај…само фрчле ми е фикс од 5-те ливчиња
Во Македонија има интелектуалци, кој вели поразлично сере. Има начитани, има образовани, има паметни луѓе. И у оваа шаренолика палета од улични тепачи (аха Најче, не сопирај зборови), арогатни „прзници“ или „прлици“ (мои зборови, чија цел не е да се навредливи, исто како Џанговите за кој би гласал оти ќе гласа за Фрле), и њума слични… Има! за орати их. Ако се земе предвид колку сме мали, процентуално и не се малку, иако кукаме постојано дека се.
Но, она што го нема е емотивно зрели интелектуалци. И тука е проблемот. Она што не можат нит Фрла, нит Најче, нит па и Геро (иако теоретски сфачаат) е дека народ е уморн од интелектуалце како нив (оние другите не ги спомињам, пошто од тие е уморен оти се просто глупи и неписмени), оти е уморен од фаци кои не знаат интелектуално тимски да играат. Не знаат да се борат за своите идеи без девалвација на трудот на другите. ФИно што на Најче и пречи тоа, и белким, белким конечно ќе почнеме да гледаме косење на идеи, наспрема ад хок навреди – кои сите до еден ги покажале. Она најче маа, Фрле фрла Туш максимален, и Најче така повредена и навредена, не ферма аргументи туку се фаќа на речник, на карактер, на се само не на идеја, и важниот дел од дебатава. Тако и Фрчко… абе то од толку памет, сем вицкасти докажувања „ум“ друго не им паѓа напамет. А ние кутри се што чекаме, и она кое ќе не опијани е: „Ти то велиш, еве зашто јас мислам дека не чини… и тука неколку точки“ наспрема „ти што велиш кур ме боли оти ти си неписмен, некултурен и не си прочитал книга, чек сеа јас да ти кажам“.
Епа преку од тоа.
Затоа не гласам ни за Најче, нит за Фрчле, нит за никој – и поарно ќе трпам пезевенци кои два грама мозок немаат, ама барем од нив не можам ни да очекувам повеќе. А од интелектуалце и те како.
Тако шта, ајде Најче покажи се. Убеди не дека умееш да се издигнеш до нивото на капацитетот кој го поседуваш. А тоа и многу изнад прлица.
И прости јас вака анономно, страх ми је, ќе дојш на власт, па мош и ќе ми се пуштиш да го еба.. такви времиња дојдоа, да се плашиме.
Прашањето за вашата политичка определеност и ангажираност не се ни поставува, а кога некоја новинарка крајно неупатено ќе го наметне, вие отварате контра-теза само за да “извојувате” придобивка која е општо прифатена.
Се поставува едно друго прашање – кој е тука интелектуалецот? Оној што критикува и меѓу своите редови или оној што безуспешно се лизга на дубиози од типот на управувањето со Хелсиншки комитет? И замерував на Ванковска за нејзиниот тврдокорен став по прашање на корумпирливоста на интелектуалците, но како се ближат изборите, нејзината поента се кристализира и докажува како сосема валидна.
Сепак, забавна ми е оваа политичка-предизборна валентност на универзитетската фела. Доживува ненадејна политичка сензибилираност непосредно пред избори а во остатокот од обичното неизборно време се повлекува во своите над-партиски одаи, чудо едно, целосно исчистена од политичките страсти и реторика.
Викторија!!! Респект!!!
„Сепак, забавна ми е оваа политичка-предизборна валентност на универзитетската фела. Доживува ненадејна политичка сензибилираност непосредно пред избори а во остатокот од обичното неизборно време се повлекува во своите над-партиски одаи, чудо едно, целосно исчистена од политичките страсти и реторика.“
Подобро кажано здравје!!!
Поздрав!
Викторија Б, пиотегна една моногу интересна нишка.
1. Јас лично не го минимизирам ставот којшто го пласираше новинарката затоа што претставува генерализација којашто создава стеротип и води кон предрасуда, затоа што како пожар се шири по медиумите и затоа што веќе и практично почнав да чувствувам протисок да се откажам од одредени професионални ангажмани заради мојата политичка определба. Сметам дека не само што не станува збор за веќе извојувана придобивка, туку за рак рана на нашата демократска определба.
2. Интелектуалецот може да биде книшки ориентиран теоретичар којшто си седи во фотеља и од сигурноста на кабинетот критикува се живо и дово, а може да биде и човек којшто е спремен да ги провери своите ставови во практика (дури и ако е свесен дека на тој начин станува многу ранлив, а може секако и да згреши). Тоа е личен избор. И едното и другото има вредност. Јас решив дека не ми е доволно само да зборувам и пишувам, туку сакам да видам како е тоа во практика. Хелсиншкиот комитет беше најуспешна НВО, којашто имаше поголемо влијание од Народниот правобранител и којашто успеа да иницира неверојатно голем број промени во законодавството и во практиката. На пример, Хелсиншкиот комитет ја почна практиката на редовно посетување на затворените институции во Македонија и адресирање на проблемите во нив. Требаше долго време Народниот правобранител да го превземе ова (се уште на многу пониско ниво од она што го правеѓе Комитетот).
3.Ванковска плукаше по интелектуалците што седат во кабинети, потоа по оние што се во невладини, па по оние во политичките партии. Не би рекла дека е ова тврдокорен став за било што.
4.Јас до сега не сум била дел од ниту една политичка опција. Пробав што може да се направи како независен интелектуалец и заклучив дека може многу. Може да се прошири одредена идеја, може да се градат кадри, може да се делува на долги патеки. Потоа видов што може да се направи преку невладиниот сектор (од кој впрочем и понатаму не се откажувам). И видов дека може да се иницираат прекрасни работи, да се укажува на проблемите и да се нудат решенија. Сега решив да видам дали може да дојдам на место каде што ќе успеам дел од понудените иницијативи и решенија да ги претворам во реалност. Дали е тоа лошо?
Не верувам дека бевте прозвана за да го оправдате вашиот политички ангажман. Барем јас не забележав дека Викторија или ете јас директно кон вас нишаниме.
Дискусијата течеше што би се рекло in general. И тука апсолутно држи вода она што го кажа и Викторија.
Да се држиме до почетите зборови од вашиот текст дека: „Според реакциите на новинарите и на некои интелектуалци се стекнува впечаток дека политичката определба и политичкиот ангажман претставуваат најсрамно нешто што може да му се случи на еден интелектуалец“.
Според оваа ваша воведна реченица сите коментари(освен оние на Героски) држат вода.
Јас сеуште сум убеден дека ангажманот на интелектуалците е поефективен, поискрен и поквалитетен вон политичките партии. Лошата слика која ја имаме за интелектуалците кои се ангажирани преку политички партии е токму показател за нашите негативни ставови кон таа појава и Викторија тоа одлично го илустрираше за разлика од големиот интелектуалец Героски кој не понуди ама баш ниеден агрумент во дискусијава.
За крај само ќе ве цитирам дека „ Пробав што може да се направи како независен интелектуалец и заклучив дека може многу.“
Тогаш зошто да си го валкате и името и професионалниот ангажман?
Не заборавајте дека професорската фела би требало да е пример за идните интелектуалци(студентите) и поттик за нив да го изразуваат нивниот професионализам а не да ја цртаат линијата на помал отпор.
Мислам дека се вративме на почетокот.
Во реченицата: “Тогаш зошто да си го валкате и името и професионалниот ангажман?Не заборавајте дека професорската фела би требало да е пример за идните интелектуалци(студентите) и поттик за нив да го изразуваат нивниот професионализам а не да ја цртаат линијата на помал отпор.“, е содржан стереотипот за политиката како валкана работа и како дејствување по принципот на помал отпор.
Лично мислам дека има луѓе кои можат да делуваат само теориски и такви кои можат да делуваат само практично. Покрај овие две фели има еден помал број кои можат да ги спојат двата краја. Јас сакам да пробам и да видам дали припаѓам кон оваа трета група.
Не верувам дека тоа е стереотип туку резултанта на начинот на кој политичките партии ги обезглавуваат интелектуалците за подоцна да се јавува револт кај јавноста кон нив.
Кај добар дел од јавноста постои сосема легитимен револт кон политичките партии и во такви случаи таа се свртува кон интелектуалците сметајќи ги за единствен спас или единствена разумна сила.
Кога во таква една формациска поставеност интелектуалците се свртуваат кон политичките партии всушност тие со тоа превземаат на свој грб и дел од тој револт.
Значи ако проблемот е во политичките партии тогаш интелектуалците си прават лоша услуга со тоа што асоцираат со нив.
Тоа ми беше поентата.
Јас гледам два начина да се излезе од волшебниот круг којшто го претстави:
1. Интелектуалците потполно да се дистанцираат од политиката. Ова може да доведе до таква примитивизација на политиката и процвет на нестручност којашто е полоша дури и од денешната состојба.
2. Интелектуалците да и дадат нова димензија на политиката. Со можнбоста да бидат претопени и преиначени во тој процес.
Во однос на првата констатација можам само да додадам дека ако дистанцирањето на интелектуалците од политиката доведе до полоша ситуација од денешната состојба тогаш би го прифатил тоа како неопходна фаза кон еден подобар живот.
Во однос на второто имам само две работи да додадам. Можноста, интелектуалците да бидат претопени и преиначени е веќе на сила, тоа е нашата досегашна реалност.
Давањето нова димензија на политиката би било можно само ако интелектуалците се истакнат како попрагматична и побројна сила од политичарите(се сомневам во ова поради несложноста на самите интелектуалци-како пример за ова можат да се земат меѓучовечките односи помеѓу професорите на факултетите).
И второ, интелектуалниот слој во партиите да биде присутен како експерстки кадар а не во првите борбени линии(кандидати за градоначалници и претседатели). Токму таа линија покажува дека науката не оди толку подмачкано кога си на врвот на политичката моќ.
Како дополнение на ова сакам да напоменам дека јас не застапувам став за забрана на интелектуалците да учествуваат во политичкиот живот, тоа си е нивно право и сосема е во ред.
За да го дополнам ова мислење ќе се обидам да го парафразирам претседателот на уставниот суд од пред извесно време кој зборуваше за неквалитетните закони кои политичките партии ги пишуваат без никаква консултација со експерти.
Значи тука би требало интелектуалците да бидат ревносни, да се борат за своето професионално мислење и ангажман.
И сосема накратко на крајот…
Доколку интелектуалниот слој се издигне на ниво на кое ќе може да наметне став или мислење или критика, доколку стане сила, токму тогаш ќе може да зборуваме за некаков вид граѓанска контрола на централната власт. Ако сите интелектуалци заминат во политички партии тогаш каде ќе ни е крајот? Каде ќе бидат тогаш експертите и независните специјалисти?
Да се биде експерт и да се биде експерт во политичка партија не е едно те исто, да се разбереме.
Вака исто е и со наставниците/професорите. Во Педагошка Академија се запишуваат само оние кои ги одбиле на другите факултети.Квалитетни карди ни требаат во сите области. Ако ние ги одбиваме од политиката тогаш не треба да се чудиме за моменталната ситуација.
Само не знам што е подепримирачко, ова јас што го напишав или тоа што некои луѓе не можат ни да си замислат свет во кој политичарите не се корумпирани.
Велиш квалитетни кадри ни требаат во сите области. Се сложувам со тебе 100%. Но не заборавај дека кај нас кадрите во тие области не дошле на таа позиција како што требало(можеби порано да) туку или дошле преку партиски налог или подлизување со партиско членство.
И те молам, немој да зборуваш во множински лица. Јас не спаѓам во „ние“ и никого не сум одбил.
Ние не ги одбиваме од политиката, не е точно, туку политиката ги облекува смешно па затоа ние после бегаме од нив.
Ќе се повторам пак, да се биде експерт и да се биде експерт во политичка партија не е едно те исто, да се разбереме.
Никого не одбиваш? А зошто велиш – „Но не заборавај дека кај нас кадрите во тие области не дошле на таа позиција како што требало„? Тоа мене ми звучи како сите кои се на позиција да ги сметаш за лоши/корумпирани. Тоа ми звучи на генерално одбивање, наместо да го погледнеме секого индивидуално и да процениме дали е добар во својата работа или не.
Тоа се експертите е точно, но експерти ни се потребни и во и надвор од политички партии. Ако секој експерт во политичка партија автоматски одбиваме да го сослушаме, јасно е зошто партиите стануваат толку сиромашни во експерти. Од друга страна, се’ додека партиите примаат само членови кои секогаш гласаат како партијата ќе им каже, ќе нема услови за доследни и принципиелни луѓе да останат во партиите.
Во однос на „одбивањето“ сакав да кажам дека не ми се допаѓаат такви класификации со „ние“ и „одбиваме“ од проста причина што можеби причините за моето не/одбивање на се исти како твоите или нечии други.
И не станува збор за генерално одбивање, те молам, знам дека ме разбираш ама сепак… Станува збор за констатирање на моменталната ситуација, значи како е и како тие дошле до таа позиција, и понатаму, како истите ја користат, се разбираме?
Кога станува збор за интелектуалци барем јас поинаку ги восприемам. Секогаш се трудам да ислушам што имаат да кажат па дури и некои подолги години ги следам(на пример ми се допаѓа како размислуваат за одредени теми) но стануваше збор за тоа(и во погорните коментари) дека кога ќе почувствуваш дека следиш некој кој го сметаш за пример и кога истиот донекаде(ама само донекаде) има слични ставови со твоите и тогаш се случува blow up in your face! Дотичниот/ната критикува толку допадливо и издржано што просто не може човек да поверува, но во наредниот период истото тоа го прави и тој или поинаку кажано си ги погазува своите тврдења и ставови. И кога ќе пројде некоја година и ќе се мисли дека се заборавило на таков еден гаф, се враќа во првобитна положба и така се во круг. Циклуси, циклуси, циклуси… Не сакам такви интелектуалци, впрочем тоа се камелеони и се вапцаат во разни бои постојано како јајца за велигден. И на крај ќе се запраша ли некој овде дали воопшто станало збор за интелект или за нечија борба за подобра позиција или состојба. Откако ќе се прошетаат во сите можни партии и че соберат троа од медот ќе се вратат во удобните професорски столчиња со загарантирана државна плата.
Простете, но такви се партиските експерти и интелектуалци.
Kittycat она што го велиш на крајот всушност го докажува моето тврдење т.е видувањето во каква состојба се наоѓаме. Членовите на партиите кога гласаат како ќе им се каже или интелектуалците во партиите кои работат како што ќе им се каже е состојба, моментална состојба на нашата реалност, зарем очекуваш дека останатите интелектуалци(кои се надвор од таа приказна) ќе се напикаат масовно во партиите со цел да ги искажат своите идеи и да ги насочат партиите на прав пат?
Тоа ми звучи како она Марксовото во смисол прво да изградиме силна држава која со тек на времето ќе исчезне и ќе замине во музејот на непотребните работи и сета власт ќе се врати на народот. Смешно или трагично, бирај самата.
Во конкретната ситуација тие групи на луѓе се потребни надвор од партиите, потребни се нивните знаења и искуства кај народот, кај граѓаните кои треба да воочат дека има живот и после доењето од партиската цицка.
Партии на телевизија, партии за добро утро, партии во образовните институции, партии насекаде, па уште и интелектуалците таму да се донапикаат е тогаш кажете ми каде ќе е крајот и дали ќе постои поинакво мислење освен партиското?