ПОЛИТИКА ИЛИ ЗАКОН, ПРАШАЊЕ Е СЕГА
Многу важна средба на челниците на неколку политички партии на округла маса (во медиумите прикажана како: УСПЕШНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА). Од неколку причини.
Прво, ја превзедоа улогата на ДИК и утврдија правила на гласање.
Потоа, Навлегоа во ингеренциите на гласачките одбори и заклучија дека партиите ќе се погрижат законот да биде спроведен независно од постапувањата на овие одбори.
Малку (ама, само малку) превзедоа и од улога на невладини организации и решија да воспостават соодветен независен мониторинг на гласачките места.
На крај, со голема сериозност му пристапија на проблемот на загрозувањето на правото на слободен избор и решија дека законите, полицијата, судовите и останатите легални механизми претставуваат убав но недоволен декор. За навистина да се реши проблемот се заколнаа дека ќе реагираат многу остро на прекршувањата на законот (не се знае со кои средства, меѓутоа, сигурна сум дека си имаат свои надзаконски начини на влијание и дејствување) и им препорачаа на граѓаните да не прават кривични дела затоа што тоа не е добро.
Сите видовме (а тоа го нагласи и Премиерот) дека за прв пат на една ваква средба е постигнат консенсус. Изгледа дека е најлесно да се постигне консенсус за работи кои се апсолутно надвор од нечија надлежност.
Мислам дека треба да се гордееме со резултатите на оваа средба. Несомненео е колку напред сме отишле во однос на сите таканаречени развиени демократии на коишто уште им треба гломазен и скап апарат во којшто има поделба на ингеренции, каде што се мора да биде регулирано со закон и каде што скапо платени институции (полиција, судови, различни комисии) се грижат за спроведување на законите, наместо 5-6 фиљан луѓе кои ќе седнат пријателски на заеднички ручек и за се ќе се договорат (се разбира со ракотрес на крај).
Мислам дека секому му е јасно дека на овој начин овие луѓе ја превземаат целокупната одговорност за спроведувањето и текот на изборите (којашто инаку би била поврзана со делувањето на државните органи: судии, полиција, ДИК). Тоа значи дека ако нешто тргне на лошо во било која сфера, веднаш после изборите челниците од фотографијата (сите до еден) ќе поднесат оставка. Неотповиклива.



Аферим, одличен текст!!!
Во овој момент Македонија има полуколонијален статус , односно ниту една одлука на ВЛАДАТА НЕМОЖЕ ДА ПОМИНЕ БЕЗ БЛАГОСЛОВ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА .
Ова значи дека МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА во овој момент има право на вето за било што во Македонија .
Значи дека ако тие сакаат да има фер избори , ке има затоа што го ТИЕ го контролираат Албанскиот политички кампус , а не легалните органи на власта во Р.Македонија .
Невладините организации работат се активираат по потреба ( Ако меѓународната заедница одцени дека некоја власт застранува ) . Најверојатно во овој момент им одговара на западњациве ВМРО ДПМНЕ на власт па недаваат инструкции и пари за рушење на Груевски .
Тоа што некој е засакиран за нашата ЕУ и НАТО иднина се дворски сплеткарења кој да биде цар .
ЛИДЕРСКАВА СРЕДБА Е САМО ОБИЧНА ЦИРКУЗИЈАДА . АКО СМЕ ДРЖАВА САМИ КЕ СИ ГИ РЕШАВАМЕ ПРОБЛЕМИТЕ НЕМА ДА НИ ПОМАГААТ СТРАНЦИ .
Има една паметна поговорка што може се да објасни КАЈ ГАЗДА НЕМА ПРАВО ИЛИ КРИВО – ИМА НА ГАЗДА КАКО МУ ЧИНИ …..
Даме доста глупави одлуки на владата поминаа без благослов на меѓународната заедницаи еден тон некомпатибилни закони исто така за кои меѓународната заедница не притиска. Да не ја префрламе топката со цел да се избегне одговорност.
Она што е исто така кретенски од страна на оваа влада(како и сите претходни досега) е носење закони без експертско мислење или асистенција и нивно оборување на уставен суд. Е сега ако од донесувањето на законот помине одреден период со кој промените се имплементираат и чинат пари тогаш по паѓањето на законот од уставен суд некој мора да превземе одговорност или пак владата како предлагач на тој закон да ги обештети засегнатите страни.
Само како мал пример. Воведувањето на патриотските фискални сметки направи ненормални гужви пред фирмите кои го имплементираа тој софтвер а тој чинеше пари. Луѓето како луди трчаа да фатат законски рок затоа што владата се закануваше со казни.
Кога тој падна на уставен ништо не се случи. Ниту има одлука за враќање на парите, ниту има законски рок за враќање на апаратите во првобитна состојба(исто како што имаше рок за имплементација). Од друга страна направен е договор фирмите кои го имплементираат софтверот да го направат тоа бесплатно(враќањето во претходна состојба), во ред ама кој ќе ги врати парите кои се веќе дадени? Кој ќе превземе некаква одговорност?
Сепак тоа е ОДЛУКА која е озаконета и имплементирана и мора да постои некој кој е одговорен за тоа!!!
Кажи ми како за пример,еве меѓу нас малкуте овде, каква улога имаше меѓународната заедница во овој случај на пример???
Оваа влада ќе ја одбележат најошите закони и одлуки кои ги спроведува БЕЗ притисок на меѓународната заедница.
Треба ли да ги споменам спомениците кои ќе се градат? И тоа ли го форсираат „од надвор“? Прекрстувањето на објекти?
Да не набројувам, можеш и сам да продолжиш!!!
Види Западњациве не се до толку прости . они кога ке решат да направат нешто не го прават на простачки начина него пронаогаат варијанта да ти го спопикаат . Да те подсетам на фамозниот референдум и признавањето на името од Америка , па ваучерите за приватизација во србија пред избори за да победи Тадич , па некни искача Оли Рен кажува дека ке ги сименеле визите , а кај нас е изборна кампања (.. толку од изолацијата , во сред камапња визи ни симињаат ) , па некои договори за ИПА фондови . и што е најново во Србија каматите за кредити за населението ке паднеле за половина ( не дека може да дојде Шешељ на власт , него била сведска криза ) .
Не се секорај си имаат они притаени начини на притисок како , подигање на НВО против владата , медиумски капмпањи ……. После тоа економски блокади за бизнисмени блиски до Груевски ( не му даваат да увезува на човек близок на Груевски на пример коли , прехрамбени продукти и слично . Еве ке ти дадам конкретен пример . Замисли ситуација во која Владимир Тодоровиќ Тинекс неможе да увезува од добављачите од странство , така му зеат продавниците , а едини услов пак да увезува е да му откаже подршка на Груевски – Така го урнаа Милошевич) ……
Значи имаат многу начини како да ги командаат . Ти стварно да не мислиш така се станувало капиталиста , ке ти текне еден ден идеја ке ја реализираш и ке имаш пари . Пробај да довлечеш некоја роба од странство од типот на овие што се трошат ( и да имаш пари не ти продаваат ) . Ке ти речат кој си ти тебе да ти продавам , тоа неиде така ….. имав искуство со BASF Germany . Додуше беа фини и ми рекоа дека ке ми помогната али да си знам – ТОА НЕИДЕ ТАКА – КАКО У ПРОДАВНИЦА . МОРА ДА ГИ ПРАШАМЕ НЕКОЈ (?????) ПА АКО ДОЗВОЛИ КЕ ДОБИЕШ . Толку од СЛОБОДНИОТ ПАЗАР , претпријемништвото и новите работни места и инвестиции .
ОНИ КОЈ КЕ СВИРНАТ ТОЈ КЕ БИДЕ . Затоа мора и на нив на им истераме ќефот , а и ние да не заглибиме со некоја будала …. Добро е со овие ВМРО некако успеваат да балансираат меѓу западњациве и народов . СДСМ народ не прашува само што ке кажат овие од ЕУ , ама ни народ за СДСМ не гласа . Незнаат да држат баланс .
Тешко тебе…
Ау – закана по личен интегритет …. почнавме значи со вербални закани ….
Па нели е недемократски во демократска дебата да се изрекуваат закани бе друже ….
Тешко тебе со такви размислувања и таква логика зарем и тие два збора треба да ти ги појаснувам?
Како можам да ти се заканувам кога не знам ни кој си?
Пак ќе ти кажам, тешко тебе…
Контекстот најди си го сам пошто на таквата твоја логика не гледам причина за реплика.
Како ти убаво знаш со еден пост цел свет да го решиш, и меѓународни фактори, конфликти, влијанија, одлуки, пазари, економија.
И трет пат ти кажувам, тешко тебе со таква логика.
Тоа е тоа логика на обичен човек од народот . Кога ке се родиш со обична радничка црвена крв , без педифре , секој ден учиш . И со време го сваќаш колку е контрадикторен капитализмот .
Летоска го читав Ленин од една стара книшка . На едно место се прашува која е улогата на интелектуалците , професорите , политичарите и сите тие кои од радничка класа дошле до некоја позиција (не да имаат пари , него да имаат некое ситно влијание и да бидат поблиску до олигархијата )
Одговорот беше ваков
“Тоа се ситно платени припадници на пониската класа кои добиваат нешто поголеми привилегии од владетелите на капиталот , и кои целиот свој живот го поминуваат правдајки и разубавувајки ја суровата реалност на капиталистичкото општество ”
Е тоа се сите овие наши интелектуалци не исклучувајки ја и професоркава Најчевска . Цела каријера ке ја поминат обидувајки се да ни ја разубават реалноста , дека ако се бориш ке добиеш , дека сите се еднакви пред законот, дека човековите права се загарантирани – во реалноста по контејнери копаат некои јадници број не им се знае , нит знаат Хелсиншки ни Шведски ни Дански комитет . …..
Реалноста е дека оној кој владее со капиталот владее и со општеството .
Тоа е капитализмот . Се друго е разубавување на реалноста и влевање лажна надеж . И на мало дете му е јасно дека ако се оствари се ова за што се залагаат тоа ке биде СОЦИЈАЛИЗАМ а не либерална демократија ….
Ова се е нормална појава во либерална демократија . Во нашево општество не се изместени моралните вредности туку ова е нирмална појава за ваков вид општество .
Поздрав
Штета што развиваме дискусии кои се оф топик и кои се дури и контрапродуктивни во ваков момент. Можам да ти ја сватам „болката“ но имам проблем со тебе што секоја нова реченица ти е нова област, се рафрлаш со информации(што точни што неточни), донесуваш судови и заклучоци си одговараш прашања кои сам си ги поставуваш итн итн. Ти си „one man show“.
И хелсиншки а и останатите организации знаат за оние кои копаат по контејнери само прашањето е дали ти знаеш дека некој и за тоа превзема активности?
Ако седиш дома информациите нема да ти тропнат на врата. Прашање е колку се моќни сите тие организации трајно да го решат тој проблем. Можат да помогнат со проекти привремено, а некои од нив и тоа не го прават, но, дека од време на време се превзема нешто – се превзема. Тој товар и таа одговорност за граѓаните сепак треба да си го превземе секоја власт како нејзин неуспех. Да не го препишуваме тоа на хелсиншки и останати организации од невладин тип., кои можат да помогнат само привремено.
Не ми е јасно, како ти вака симпатизер на ВМРО се расфрлаш со социјалистички термини и цитати, па дури и од Ленин?
Троа парадоксално делува…
Па во моментов ВМРО ДПМНЕ со своите политички ставови личи на лева партија ( борба против олигархијата , социјални мерки против сиромаштијата , станови за млади брачни парови ….. бесплатни компјутери , бесплатни возни билети ) отколку на десна партија .
За разлика од нив ОВИЕ СОЦИЈАЛ ДЕМОКРАТИТЕ место социјална демократија јавно промовираат владеење на капиталот , олигархијата , слободниот капитализам , социјална несигурност . Ај бар да се викаа Либерал демократи па да сватам да превземаат вакви мерки . Пола раководство им се милионери , Шекеринска јавно признава дека носи облека од познати модни дизајнери , посетува Џет Сет евенти како да е прв присталица на слободниот капитализам . Незнам дека на запад некој лидер на Социјал демократска партија е познат Џет Сетер ( а и бар пола раководство на таквата партија ) . ОВИЕ ОД СОЦИЈАЛ ДЕМОКРАТИЈА КАКО ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕКБА НЕМААТ АМА НИШТО ЗАЕДНИЧКО . Изгледа кога бирале име за партијата смислувале нешто ин и модерно , а не нешто што ке им биде блиско до нивните политички ставови …..
Каква е тоа лева опција која пласира националистички пропагандни реклами, која воведува патриотски фискални сметки, која воведува веронаука во училиштата, која гради споменици од со антички префикс, која воведува казни за граѓаните доколку плукнат на улица, која толерира етнички смени во училиштата, која отворено се бори против абортусот и против правата на хомосексуалците, која се повеќе укинува права на граѓаните во име на јакнење на централниот државен апарат?
Зарем е тоа лева партија?
За понатаму те оставам да го прочиташ статутот на ВМРО а потоа да прочиташ малку теорија за да ти станат појасни тие категории на леви и десни политички и идеолошки ориентации.
А инаку во политичката теорија кај социјал демократските партии сепак стои дека се за слободен пазар, а не за командна или самоуправна социјалистички ориентирана економија.
Сепак за вакви дискусии очекувам барем минимум познавања!
Не трчај, полека!
Па добро ај од сега СДСМ ке ги сметам за левица .
Посебно после затварањето на фабриките , отпуштањето на 300000 работници на улица и збогатувањето на мала групација околу лидерот .
Левите идеолози на СДСМ покажаа дека добро ја познаваат идеологијата на левичарството и ги применија сите практики на левите партии .
И УШТЕ ИМААТ ОБРАЗ ДА СЕ НАРЕКУВААТ ЛЕВИЦА . ЦЕЛА ДРЖАВА ЈА ИСПРИВАТИЗИРАА ЗА СЕБЕ , А НАРОДОТ ГО ОСТАВИЈА ДА КОПА ПО КОНТЕЈНЕРИ . ВИСТИНСКИ СОЦИЈАЛ ДЕМОКРАТИ ( ЛЕВА ОПЦИЈА ) .
Ова античкиве работи , абортусов и двоцевкиве се смешка во однос на 300000 луѓе оставени на улица без работа што направија СДСМ. Дај боже да дојде време кога маана на владава ке и биде што вовела закон за плукање по улица .
Место да кажеш нема работа , мали плати сте се фатиле за двоцевкиве .
Во моментов нема полево орјентирана партија од ВМРО ДПМНЕ . Јас кога одценувам дали некоја власт е лево или десно орјентирана негледам абортус , права за двоцевки или веронаука него социјални мерки .
Еве ти ги најлевите мерки во ЕВРОПА за 2009 година
-10 проценти повисоки пензии
- Бесплатни компјутери за студентите
- Бесплатен Интернет
- Бесплатни билети за автобус
- Субвенции за земјоделците
- Бесплатен лекар за лица постари од 60 години
- Нема ДДВ за книги и компјутерска опрема
- Социјални станови
- Поголеми плати за јавната администрација за 10 %
По социјалистички мерки од овие неможеше да смисли ни Хуго Чавез .
Додуше и јас не се слагам со сите идеи на ВМРО ДПМНЕ во глобала имаме слични согледувања . Инаку имам и некои битни концепциски разлики во однос на делови од нивната програма како партија .
Добро бе ајван еден до кога со истата реторика?
Те терам ли јас да ги сметаш СДСМ за левица недоквакан еден или така ти е програмиран мозокот да ти размислува дека ако каже некој нешто за твоите враќаш удар контра кон опозитот. Ниту сум за СДСМ ниту сум гласал а ниту ќе гласам доволно ли ти е тоа за да престанеш со таквата кретенска логика?
Недозреано влечеш паралела со европски левичарски мерки на земји каде невработеноста одамна не надминува од 7 па до 10 %.
Колку е леваичарска одлуката за купување на компјутери за учулишта кои немаат тоалети, кои имаат скапани клупи, чии плафони протекуваат?
Колку е левичарски бесплатниот интернет во земја која има над 30-40% невработеност?
Пред малку на весто ги имаше стечајците кои си имаат сериозен проблем и кои бараат месечен надомест од околу 5000 денари и сега кажи ми колку е левичарски да се игнорираат тие а да се фрлаат пари за статуи на шмизли аман!
Ти можеш да не гледаш на правата ама токму и тие се критериум за оценување на идеолошката ориентираност на една партија.
Ова вмровското е пародија на левичарње, државниот интервенционизам е исто така левичарска интервенција ама во нашиот случај не затоа што привилегира одредени за штета на другите.
Земи си ги и вмро и сдсм и пикни си ги некаде затоа што си полн од дефецирање па внимавај може да експлодираш.
Најче, извини, ама сакам да ти кажам дека на твојот блог сакам да читам за твоите идеи и погледи за Скопје. Ти си сепак кандидатка за градоначалник на метрополата. Батали ги лидерските седенки, води своја кампања, барај поддршка за своите проекти, бомбардирај со идеи! Поздрав.