Толкување на Законот по ВМРО?

Според  Изборниот законик:

Член 7

(1) Кандидат за претседател на Републиката може да биде лице кое гиисполнува условите за избор на претседател на Републиката утврдени со Уставот.

(2) Право да биде избран за пратеник, член на совет и градоначалникима секој државјанин на Република Македонија, ако:

- наполнил 18 години живот,

- има деловна способност,

- не се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело и

- со правосилна судска одлука не е изречена казна затвор од најмалку шест месеца.

(3) Покрај условите утврдени во ставот (2) на овој член право да бидеизбран за член на совет и градоначалник има секој граѓанин со постојано живеалиште во општината и градот Скопје каде што се врши изборот.

Кандидатот Владимир Тодоровиќ утврдува дека:

Денес, пред сите вас сакам да им порачам: јас се чувствувам жител на повеќе македонски општини, не само на општината Центар.

Зошто?
Затоа што во повеќе македонски општини инвестирав и го проширував ланецот супермаркети Тинекс. Проширувајќи го бизнисот обезбедив нови вработувања, а со тоа и директно го помогнав локалниот развој на овие општини.
Затоа, со гордост можам да кажам дека јас се чувствувам жител на повеќе општини, а пред се Македонец.
Во однос на мојата кандидатура за општината Центар, жителите на оваа општина добро знаат дека јас сум роден во населбата Пролет, во општина Центар, каде и денес се наоѓа мојата семејна куќа. Постојано сум во оваа општина, заедно со граѓаните и ги знам нивните најголеми маки и потреби.

Мислам дека многу ми се допаѓа новиот начин на толкување на Законите. Мислам дека ова треба да се прошири низ народот. Многу убави работи може да се изродат од тоа. На пример, може некој да се почуствува како да платил данок, а не платил, или некој да почуствува дека има 18 години со наполнети 14, или, може некој да почуствува дека е државјанин на една држава заради тоа што отворил бизнис во неа. Со чувствата нема играње. И правото молчи пред нив.

Comments (3)

ПациMarch 26th, 2009 at 11:52 pm

не ми е јасно како е прифатена кандидатурата на Тодоровиќ? Но според Законот тој треба да се дискфалификува од изборната трка бидејќи нема постојано живеалиште во Општина Центар. А прикаските дека се чуствува како ‘жител на сите општини во МК‘ може да ги разкажува на мали деца. И јас се чуствувам како граѓанин на светот па одново морам при секое патување во Европа да аплицирам за Шенген виза.

ГУСАРMarch 27th, 2009 at 3:01 am

Најчевскааааа….3% не се 51% Изгуби ехееееее!
За плаќањето данок – Тодоровиќ ПЛАЌА ДАНОК, Вујкиќ за кого навиваш НЕ ПЛАЌА, а НЕ Е НИ РЕГИСТРИРАН КАКО АДВОКАТ!
Ај сеа дај толкување, ТЕ МОЛАМ!
Ни Фотошооп више не ве пере!

Mirjana NajcevskaMarch 27th, 2009 at 7:41 am

Гусар, не е важно што јас изгубив, важно е кој доби. Ако на власт доаѓа човек кој отворено вели дека за него не важи законот, што мислиш, дали ќе го штити или ќе го прекршува законот кога ќе има поголема моќ?

Никој, НИКОЈ, кој е спремен да го прекрши законот за да дојде на власт не смее да да ја освои. А токму тоа се случува, на власт доаѓаат единствено тие кои што се спремни да го прекршат законот.

Според мое мислење, разликата меѓу моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и моменталното раководство на СДСМ е единствено во тоа што првите се понедоделкани и понеклтурни, нивното крадење и лажење е многу простачко и улично, а вторите се обидуваат тоа истото да го прават во ракавици.

Резултатот за граѓаните е ист. Помалку или повеќе.

Leave a comment

Your comment