БЕЗ ЗАШТИТА
Македонските граѓани остануваат апсолутнот без никаква заштита во однос на урбанистичката мафија и политичкото самоволие на власта.
Уставниот суд го аминува неправното и незаконско делување на најотворен и најгрд начин.
Со решението У.Број: 154/2008-0-0 од 02/25/2009 Уставниот суд го обесмисли сопственото постоење и се дефинираше како марионета на власта. Ви препорачувам да го прочитате решението и издвоеното мислење на Уставниот судија Игор Спировски, кој единствено собрал сила и имал доволно доблест јавно да се спротистави на деградацијата на оваа институција.
За што станува збор во најкратки можни црти:
Градоначалникот на Градот Скопје поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за изменување и дополнување на деталниот урбанистички план (со која се овозможува изградба на црква на среде плоштадот во центарот на Скопје).
Одлуката е оспорена врз основа на чл. 15 став 2, според кој мора да постои позитивно мислење дадено од страна на Градот, за да може да се изврши ваква промена. Градот дал негативно мислење, а одлуката сепак се спроведува.
Со решение судот утврдил дека одлуката е валидна и законот не е прекршен. Образложението на судот е, дека воопшто не е важно дали мислењето кое што е дадено од страна на Градот е позитивно или негативно. Единствено што е важно е тоа дека постои мислење. Судот потполно се апстрахира од фактот дека во чл. 15 ст. 2, јасно стои дека е потребно позитивно мислење од Градот.
Преведено во некој друг случај, тоа изгледа вака:
1. Во Законот за градење за да се добие дозвола за градење треба да се има одобрена студија со позитивна оценка на остварениот квалитет за сеизмичка заштита.
Доколку ја примениме логиката на Уставниот суд, за да се добие дозвола за градење воопшто не е важно да се добие позитивна оценка за остварен квалитет на сеизмичка заштита, туку е само потребо да се има студија. Таа студија може да дава и негативна оценка, меѓутоа тоа не треба да го спречи органот да издаде дозвола за градење.
2. Или, уште поедноставно кажано. За да положиш испит на факултет не е потребно да добиеш позитивна оценка, туку е само потребно професорот да ти напише било каква оценка во Индесот. Тоа значи и ако е оценката (5), според Уставниот суд може да се продолжи понатаму со школувањето, заради тоа што е задоволена процедурата и добиена е оценка.
Заедно со претходниот случај на Владимир Тодоровиќ кој не убеди дека чувствата се поважни од правото, сега влегуваме во просторот на апсолутните бројки во кој не е важно дали станува збор за + или за -. Ако некој ви каже дека постои разлика меѓу тоа да се наоѓаш на +30°С и на -30°С, лаже. Во Македонија не постои ваква разлика. Се е 30°С.
Боговите веќе не се неми, тие си ги одгризаа јазиците.
Меѓутоа има една добра вест. Уставниот суд веќе нема да мора на ваков начин да се бламира. Со потполното усвојување на сите нивоа на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да има воопшто вакви иницијативи. Едноставно градоначалникот 1 ќе се договори со градоначаникот 2 и со министерот 3, и ќе ја спроведат вољата на Премиерот 0.



Кога се работи за уставниот суд би сакал да прашам нешто оф топик за што сигурно Вие имате одговор.
Дали има механизам со кој би се санкционирало кога одредена одредба од даден закон уставниот суд ја укинува, а властодржците, мнозинството во собранието повторно ја изгласува во сосема нов закон.
За што станува збор еве конкретно на кратко.
Според стариот закон за здравствено осигурување, доколку родилките се породуваат во приватна гинеколошка клиника не им беше дозволено да добијат никаков надомест од фондот за здравствено осигурување. Некој поднел преставка до уставен суд за таа одредба и некаде јуни 2008 година уставниот суд ја укина одредбата. со тоа сите родилки кои поднесуваа барање до фондот за рефундирање на средствата за само неколку недели им беа исплаќани пари според правилникот на министерство за здравство кој проценува колку чини таа услуга.
Но собранието во намера да ги хармонизира нашиве со европските правни стандарди, поднесува нов предлог закон за здравствено осигурување кој е ад хок усвоен во собранието и кој ја враќа повторно истата одредба веќе еднаш укината од уставниот суд. Најверојатно некој партиски државен службеник пресметал колку од буџетот се одливаат средства по тој основ и решил да ја врати одредбата.
Значи укината одредба поново вклучена во нов закон.
Може ли да се санкционира ова некако. Пак ли треба да се носи прествака и пак уставен да ја укинува одредбата…нема ли некој пократок механизам.
Ве молам за Ваша кратка анализа.
Сега луѓето повторно добиваат негативни решенија од фондот за здравство кога бараат парите д им се рефундираат, па повторно мораат да водата управна постапка која најчесто трае со години.
Поздрав
Загрижувачка одлука. Овде не се работи за наменски лошо интерпретирање на закон, туку за негово директно кршење. Настрана прашањето за уставноста на секуларните инвестиции на државата, кое воопшто не смееше да помине на Уставен in the first place.
… упс, „секуларните“ во наводници, мислев на изградбата на религиозните објекти со државни пари.
точното урл на цитираното решение од (морнонскиот) сајт на судот е
http://www.usud.gov.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/7a2caaa7e8a1a48bc125757000495290?OpenDocument
[...] повеќе, направени се груби прекршувања на законите и направена е измама во процедурите (лажирано е јавното изложување на промената на [...]
бтњ, може да се прати до судот нова иницијатива на основ секуларност на државата, дека со буџетски пари ќе се гради верски објект? инаку во годишнава програма на мин. за култура има еден куп поправања и конзервирања на цркви: http://www.kultura.gov.mk/documents/GODISNA_PROGRAMA_KULTURA_2009F.pdf
во што спаѓа тоа?