НОВИ ГРОБИШТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Во периодот март-октомври 2008 година општината Центар донесла одлука за изработка и поставување во најтесниот појас на централното градско подрачје на17 споменици. Според општинските власти со спомен обележје во вид на скулпутура во центарот на градот треба да се одбележи животот и делото на:
- Гоце Делчев
- Даме Груев
- Никола Карев
- Цар Самуил
- Методија Андонов Ченто
- Гемиџиите (објаснувањето кај нив е супер: заради тоа што со нив започнал процесот на влез на Македонија во Европското семејство)
- Ајдутски водач Карпош
- Цар Јустинијан I (и овде има ептен добро објаснување: затоа што бил моќен цар)
- Воин
- Св. Кирил и Методиј
- Св. Климент и Наум
- Македонски бранители
- Оснивачи на македонската револуционерна организација
- Паднатите херои за Македонија
- Првото заседание на АСНОМ
- Украински поет Тарас Шевченко (не се знае зошто баш тој??!!)
- Загинати припадници на АРМ во хеликоптерска несреќа
Што мислите, каква е пораката којашто ќе ја испрати еден ваков збир од монументални скулптури до секој свој граѓанин и до секој посетител од надвор и до новите генерации кои доаѓаат?



Пораката е: ние сме власт, ни се може!
Уф, да ти кажам почнува малце незгодно да ми станува кога објаснувам македонска историја. Најголемо востание – Илинден, многу херои, во химната, ова, она… пропаднато. Ценам што луѓето се труделе, меѓутоа дали навистина треба да негуваме култ на неуспех?