ЗА ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ ЛАЖНИТЕ ВЕРНИЦИ
Најстрашно што може да и се случи на една држава е да ја штитат луѓе што не знаат. Манипулацијата, замената на тезите и подгревањето на стереотипите и предрасудите се многу лесни во услови на незнаење, неинформираност и дезинформираност.
Го видов блогот под наслов За дијалектика и блогот Удрете по Македонија, удрете уште посилно! и многу се растревожив. Количеството на безобразно незнаење и манипулација веќе ги надминува сите мои прагови на толеранција. Едниот вели дека е верник, другиот дека е млад (средношколец). Дали е тоа оправдание за покажаното незнаење? Можеби.
Има во Македонија што да се сака и што да се брани и што да се чува. Кога веќе зборуваме за црквите и манастирите и за нашето археолошко и историско богатство, за духовното минато и за заштитата. Јас би зборувала за стотиците манастири од непроценива вредност кои постојат, во кои се уште се наоѓаат прекрасни фрески и иконостаси и резби, а кои се оставени на немилосрден распад потполно надвор од интересот и на Црквата и на државата и на многу бројните душебрижници.
Ви го препорачувам текстот на археолог:
и предупредувањата во медиумите:
УНИШТЕНИ ЕВИДЕНЦИИТЕ ЗА КРАЖБИ
и, ве поканувам заедно да појдеме во Св. Спас и Св. Архангел во Кучевиште, Св. Никола кај Љуботен, Св. Илија и Св. Никита кај Бањани, веднаш тука во околината на Скопје. Да видиме во каква состојба се, што им треба, како да се заштитат и очуваат.
А кога станува збор за улогата на црквата и религијата во современото демократско општетсво, би сакала да ја прашам МПЦ како мисли да се вклопи во глобалните трендови за помош на населението во услови на криза? Како ќе им помогне на граѓаните (верници и неверници, свои и несвои). Во светот се гасат светлата на црквите, се собираат донации за сиромашните, се отвораат портите на манастирите за бездомниците, се прекинува изградбата на нови зданија и се пренаменуваат средствата. Затоа што тое е хуманата димензија на религијата. Што има намера да направи МПЦ во оваа насока?



samo vo ohridsko ima 365 crkvi i manastiri
???????……..Најстрашно што може да и се случи на една држава е да ја штитат луѓе што не знаат. Манипулацијата, замената на тезите и подгревањето на стереотипите и предрасудите се многу лесни во услови на незнаење, неинформираност и дезинформираност……..?????????
Да но ајде да видиме кон каде се движи нашето општество .
За луѓето од црквата , изградбата на цркавата на плоштад има симболично значење . Тие сакаат да покажат ОТПОР кон вредностите на либералната демократија и слободното општество . Знаат дека меѓу обичниот народ има незадоволство од овие новокомпоновани вредности кои вие со вашите НВОа ги промовирате , па си ги промовираат своите традиционални .
Незнам за вас , но јас имам контакт со традиционалната Македонска средина на луѓе со традиционални вредности и ниски финансиски примања .
Кај нив свеста дека западната цивилизација и нејзините морални и општествени вредности ги сведуваат на обични граѓани со низок стандард , глупи и прости , без можност за никаква преспектива е висиоко развиена .
Ваквото општество ги тера да си ги бараат традиционалните вредности . Нив им треба да веруваат во себе , да бидат нешто .
Храбро ги прават првите чекори на отпор . Веке се надзираат првите контури на распадот на ова општествено уредување . Дали ке се движиме кон верски и национален фундаментализам , или ке добиеме некој тип на либерален социјализам незнам , но сигурно дека либералната демократија ке заврши како комунизмот .
И сепак МПЦ е најголемото , најсилното , финансиски најјако НВО во државава . Ниедно ваше НВО неможе да се мери со нив …… Со нив рогови ако си кршите тешко ке поминете …..
А црква нека има на плоштад . И така три четвртини народ нема пари да купи ништо во оние елитни трговски и продавници кои неличат на ништо ( апропо АРХИБРИГАДИСТИТЕ ,кај беа кога се градеа оние трговски кои личат на бордели ) ,
Па нека пројде некој бар да запали некоја свеќа ……
Знаете ли зошто Скопска Црна Гора го добила името? Затоа што порано имало толку многу монаси (значи има манастирти) што кога ќе излезеле од манастирот ппланината се зацрнувала?
Имаммногиу што може да се научи, ако се сака, и многу од наследството да се зачува и обнови, АКО СЕ САКА, со нови зданија само се уништува наследството
Патриоот мора да биде спремен да ја заштити својата држава од владата (“A patriot must always be ready to defend his country against his government.” - Edward Abbey).
Очигледно е дека оваа клерофашистичка влада нема намера да почитува устав и закони. Време е патриотите да се дигнат заедно со студентите и Албанците кои исто така се навредени од овој башибозук што се дешава во нашиот убав град, a и пошироко. Отпор!
Dame1612, Македонија никогаш немала либерална демократија како поредок, а уште помалку како систем. Тоа кон што имаат „отпор“ граѓаните, како што ти велиш, воопшто не е кон либералната демократија, која тие никогаш не ја запознале. Тие луѓе најверојатно навистина имаат отпор кон новите работи кои ни се наметнуваат, но тие нешта врска немаат со либерална демократија. Промоција на бесконечна репродукција, осиромашување, пропаѓање на правилата и процедурите, создавање апатија помеѓу луѓето, постојано рекламирање на власта која инаку ништо друго не работи, вештачко создавање невидливи непријатели, прекршување на човековите права, деморализирање, ширење национализам и омраза… Нормално дека луѓето чувствуваат отпор. И јас го чувствувам тоа. Не сакам повеќе да ми се случува ова што ми се случува. Но, тоа не е ни од далеку либерална демократија.
Либерална демократија подразбира можност за себе-реализација во секоја смисла. Каде можеме тука во нашиов систем да се реализираме? Како?
Традиционални вредности ??? Отпори ????
Дај луѓе ви се молам. Најголемите “патриоти“ имаат Интернет дома и се мањачат секоја вечер… дури и во манастирите имате најнова технологија компјутери и интернети и триста чуда.
Смачено ми е од се’ … веќе не постојат дебати ниту комисии на коишто вистински ќе се расправа за нештата и затоа не успеваат работите. Имате само човек-комисии и ништо повеќе, надгласувања и “ние сме појаки вие сте појаки“ пароли.
Трулежот се шири и кај и да е се ќе ни се сруши врз глава. И незнам што понатаму … несакам да мислам.
Алекс …… Па ајде дефинирај го општественото уредување кое го живееме .
Демократија во која државата дигнала раце од се ( не инвестира во фабрики , нема социјална сигурност , кој има пари има се остатокот нека се труди повеке , слободна иницијатива ама само од приватни лица , државата ништо не гарантира па дури ни животот на сопствените граѓани ) се вика либерална демократија ……
Сега живееме во либерална демократија ( слободен капитализам ) во кој државата се грижи само како да прибере даноци .
Се друго е приватна иницијатива ….. школство , здравство , индустрија се е приватно ……
Ако има некоја друга дефиниција за ова општествено уредување слободно кажи ……