ДВА БИСЕРИ – ДВЕ РАЗЛИЧНИ ПАРТИИ – ДВА ДОКАЗА ДЕКА СЕ НАОЃАМЕ ВО ЗОНАТА НА СОМРАКОТ

БИСЕР БР. 1

Министерот за финансии Трајко Славески  испратил допис до основните и до средните училишта во Република Македонија во којшто препорачува (наредува?) да не се одржат полуматурските и матурски екскурзии заради тоа што се наоѓаме во период на рецесија.

Што е погрешно во ова?

1. Министерот се меша во приватниот живот на граѓаните и во нивното лично трошење на парите.

2. Ова е направено после период на енормно трошење пари за изборната кампања за којашто партиите немаат намера да дадат отчет (што јасно се гледа во отсуството на отчет за претходните избори)

3. Ова се прави во период на енормно трошење пари на непроизводни градби од мал, среден и голем калибар

4. На овој начин цели генерации се осакатуваат за едно доживување кое никогаш понатаму не може да биде надокнадено.

5. Не се води јавна расправа и не се стимулира донесување решение во кое би се слушнале сите гласови туку се наметнува решение одозгора.

БИСЕР БР.2

Пратеничката Радмила Шеќеринска на денешната расправа на Националниот совет за европски интеграции ни соопшти дека е недозволиво ова што се случува со Законот против дискриминација, дека нашата држава не смее да си дозволи да нема ваков закон и дека овој закон е маркер на патот кон ЕУ.

Што е погрешно во ова?

1. Во времето кога Радмила Шекеринска беше дел од власта не го поддржа донесувањето на овој закон.

2. Претседателот на Собранието Јордановски (припадник на СДСМ) го спречи поставувањето на дневен ред на овој закон.

3. Радмила Шекеринска не сакаше да присуствува на ниту една расправа во врска со Законот против дискриминација во периодот кога СДСМ беше владеачка партија.

4. Радмила Шекеринска им сугерираше на пратениците од сопствената партија да ги повлечат потписите дадени за поддршка на Законот во периодот кога СДСМ беше на власт.

Македонија – зона на сомракот.

Leave a comment

Your email address will not be published.