ДИСКУСИЈА - СТРОГО ЗАБРАНЕТА

Со 44 гласови против, 1 воздржан и 15 гласови за, денес Собранието на Република Македонија го одби барањето на Постојаната анкетна комисија за човекови права на дневен ред да се стави донесување на Резолуција rezolucija за заштита на човековите права и основни слободи (а во врска со настаните од 28.03.2009).

Значи, не е гласано против донесувањето на Резолуција, туку против отворањето расправа за Резолуцијата.

Со ова продолжува стратегијата на актуелната власт да се забрани било каков разговр, да се оневозможи изнесување на различни мислења, да се осуети било кој обид за влијание во процесот на донесување на одлучувањето од страна на било кого.

Процесот започна со пропагандата за едноумие и обединување на сите околу исти вредности, продолжи со донесувањето на 170 закони по скратена постапка, се прошири со укинувањето на јавните раправи на локално ниво, а сега се одзема дури и можноста за расправа на самите пратеници.

Улицата станува единствено место каде што може нешто да се каже. Тепањето е секогаш можен зачин.

Comments (12)

АлександарApril 15th, 2009 at 12:40 pm

Во моментов ја читам „Доба на крајности“ од Ерик Хобсбаум и по многу работи наликува државава на нацистичка Германија од добата на Хитлер.
Нема што, кога сте во право во право сте.

feboApril 15th, 2009 at 4:34 pm

Ma na kur se kacivte so tie vasi covekovi prava,toa seloto gori ovie buljasive covekovi prava pa covekovi prava ….. kotekot kako zacin za vas i nisto drugo

Dame1612April 15th, 2009 at 5:07 pm

Фебо во право си ….. Сите проблеми во државата ги решија , останаа само човековите права на маргинализирани заедници ….

Фебо да знаеш г-ѓа Најчевска има ретка очна болест …

За све е ќора освен за тоа што и одговара да го гледа .

АлександарApril 15th, 2009 at 7:03 pm

Даме државата треба да ги реши останатите проблеми а таа е запоседната од гестапо, гестапо елиминира а со тоа не се решаваат проблемите. Впрочем државата ги реши сите проблеми па се зафати со поставување коњи на плоштад и останати мутантски споменици нели? Живееме подобро економски дури и од западот нели?
Ништо чудно оваа влада да падне како крушка еден ден, каде ќе бидете тогаш? Или можеби ќе барате и вие човекови права? Не се знае, со камелеони од твојот тип се е можно.

Dame1612April 15th, 2009 at 8:18 pm

Види Александар

За да стигнеш до фашизам треба да поминеш неколку фази .

Првата фаза е да бидеш понижен , да ти стават марионетска власт , да те принудат сите ресурси на државата да им ги дадеш на странци па потоа следува фашизам .

Г-ѓа Најчевска е само едно делче од една машинерија на марионетски НВОа кои имаат за цел да ја притискаат власта кога нешто ке реши да работи без благослов од западните ментори и неоколонијални намесници .

Нив ги интересира само евтина работна сила и отворен пазар за нивните производи . Не им е гајле нит Грујо , нит Петко ни Станко .

Нит за човекови права ….

Не сум видел Најчевска да посети некој конфекција па да го праша дали работат по 12 дена 7 дена во неделата , дали има деца кои работат , дали газдата испраќа рекетари ако некој посне нешто …..

Фазата на фашизам настанува кога општеството ке почне да се прочистува од оние за кои смета дека го уништуваат ткивото . Се плашат дека им е пројдено времето и дека сега ке почнат да го плакаат политичкиот и моралниот цех за нивните активности .

Можеби се осеќаат дека биле на погрешната страна , па сега тоа што ги плука народ по улица им изгледа како фашизам .

Тоа е тоа што го збориме со Фебо . Ние сметаме дека Г-ѓа Најчевска е само добро платен пиун кој постои за под маса да ги пикне вистинските проблеми во општеството а да ни наметне дебата за небулозни и непостоечки проблеми . Затоа прима пари од странциве .Затоа не отвара битни теми туку не замара со небулози и глупости .

А можеби и тонеме кон фашизам ……. Но и тоа е резултат на нешто , а тоа нешто е тенденцијата на западот од едно традиционално општество да направи граѓанско безлично општество .

А Најчевска е прв борец тоа да се случи .

АлександарApril 15th, 2009 at 8:45 pm

Oсновните човекови права не се небулози и непостоечки проблеми ти очигледно имаш проблем со себе си или со преголемата љубов кон владејачката структура.
Пред она „Човекови Права“ стои едно „Основни“ штом граѓаните на една земја немаат можност тоа да го искажат па дури и да бидат физички спречени во тоа тогаш не може да станува збор за ништи друго освен репресија и фашизам на тргање на страна на сите оние кои не размислуваат како мнозинството.
После толку дефецирање кон една личност можам само да ти кажам дека не ја познаваш доволно Најчевска, можеби и јас не ја познавам доволно и имам некои ситни недоразбирања со неа но навреди од типот дека е платеник не несериозно.
Сам увери се во тоа дека стигматизираш и напаѓаш личност која не размислува како тебе. Во оваа конотација платеникот би можел да бидеш ти со тоа што постојано и неаргументирано ја браниш власта, значи треба да изведеме заклучок дека тебе те плаќа владата за да дефецираш по блогови?
Не биди смешен, она што го збориш за фашизмот е далеку од било каква логика.
Мислам дека и сам си свесен ама барем призај си себе си не мене ниту на Најчевска, сети се на некои твои постови од пред некој месец, кога беше ни ваму ни таму во дилеми.
Не се обидувај да одговараш нема да продолжам да разговарам со тебе.
Поздрав!

Mirjana NajcevskaApril 15th, 2009 at 9:17 pm

Слушај Даме, немам никаква намера да трпам некој кретеноид да се изживува над мене и да ме навредува. Или научи да зборуваш за темата без да навредуваш или тргај се од мојот блог.

Киро ВелковскиApril 15th, 2009 at 11:15 pm

Чиј марионета на странска власт бил Дуче, Фирерот, Генералисимусот Франко за тоа да биде неопходна карактеристика на нашата национал социјалистичка власт?
И пак вицот со Евреинот што водел дневник за време на Хитлер - вика нешто се шушка дека некои Евреи ги однеле у неповрат, ама не е тоа моја работа, после некое време пишал, абе едни далечни братучеди ги снема, наводно дошол СС по нив, ама тоа не е моја работа, … пак поминало време па напишал дојдоа по комшиите и ги однесоа некаде, ама не е тоа моја работа… и на крај, абе некој тропа на вратата, само веќе не остана никој да му е гајле дали ќе ме земат…
Инаку, г-ѓа Најчевска Ве повикувам да воспоставите некакви правила на Вашиов блог, па и да ја искористите можноста и да избришете постови, бидејќи некои и не личат на дискусија, туку класичен говор на омраза со цел да се запали „флејм вор“…

Киро ВелковскиApril 15th, 2009 at 11:19 pm

Да појаснам - национал социјалистичка бидејќи си подигрува со националните чуства (спремни се за промена на името, а градат бисти и скулптури и преименуваат патишта), и социјалистичка, бидејќи иако е десничарска партија си поигрува со популистички мерки за наводна грижа за вработените (ујдурмата со УЈП како врховен Бог на финансиите во Македонија кој што распоредува дури и плати, и сл.) чија што цел е всушност полнење на буџетот, а не вистинска класна борба. Никој не може да се грижи за работниците како што сами можат да се грижат за себе. Се друго е манипулација.
СДСМ не ја бројам во леви партии бидејќи не е ниту партија, ниту има идеологија.

дамјанApril 16th, 2009 at 3:22 am

Кире, иначе не е виц, и не е Евреин туку пастор:
http://en.wikipedia.org/wiki/First_they_came...

Киро ВелковскиApril 16th, 2009 at 8:11 am

дамјан, фала за линкот . Од непознати причини, третата точка не ми ја дава па морав рачно да ја додадам за да биде точен линкот. Ај сега ќе пробам со 4 точки дали ќе биде исправно. http://en.wikipedia.org/wiki/First_they_came….

КасатыйJuly 6th, 2009 at 1:46 pm

Большое спасибо. Появилась умная мысль, но она потребует полной реорганизации моей идеи, займусь в выходные. И сразу поделюсь информацией с читателями блога!

Leave a comment

Your comment