ЦРКВА ПРОТИВ УСТАВЕН СУД
Во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 26 од Законот за основно образование со којшто се воведува веронаука во формалното образование, Поглаварот на МПЦ повика на непочитување на одлуката на Уставниот суд и спротиставување на граѓаните на спроведувањето на оваа одлука.
Со тоа се воспоставени две крајности во однос на одлуките на Уставниот суд. Од една страна (според политичките партии) граѓаните (и посебно невладините организации) не смеат да ги коментираат одлуките на Уставниот суд, а според Поглаварот Стефан, верниците на МПЦ не треба да ги почитуваат и спроведуваат.
Свештеникот има многу едноставно решение: ако одлуката не е уставна треба да се смени Уставот. Како не ни текна порано и да се спасиме од проблемите и главоболките што ни ги создава владеењето на правото.
Да живее верата и чудата и Македонија во којашто се е можно.



Хм, не е тоа некакво противуставно делување за кое што е одговора кривично?
Како тоа поглаварот повика на непочитување на одлуката од Уставниот суд!?
Што конкретно има речено Архиепископот!?
Обично такво обвинување треба да оди заедно со цитат. Ако може ставете го и цитатот.
Ги слушав изјавите на Стефан на неколку телевизии и не би можела да ги цитирам, меѓутоа можам да ги парафразирам пораките
1. недозволив чин на Уставниот суд
2. не смее Уставниот суд да работи спротивно на желбите на граѓаните
3. треба да се смени Уставот
4. ќе се најде начин како вероисповедта сепак да се изучува и покрај решението на Уставниот суд
5. граѓаните да се побунат
6. да се обжали одлуката на Уставниот суд
7. одлуката претставува прогон на верниците од страна на атеистите
Ако се има предвид дека она за што одлучува овој суд е единствено дали некој закон или поединечен акт е во согласност со Уставот или не, станува проблематична секоја од овие изјави.
Барајте го цитатот тука: http://www.time.mk/story_6516638014.html
Не барав ама гарант некаде ќе го најдете
Граѓаните веќе почнаа со протести против одлуката на Уставниот суд, а за враќање на одредбите за предмет „веронаука“ (или како и да се вика) во основните училишта, преку протести. За мене ова е нормална реакција на граѓаните / верниците кои се одзвале на повикот на нивниот верски лидер. Исто така, сосема е нормално граѓаните да го искажат своето мислење преку протест.
Проблемот е во тоа што верскиот лидер повикал на непочитување на одлуката на Уставниот суд од страна на институции. Сеуште не се случува ова, но од изјавите на протестите, од една наставничка по веронаука слушнав дека таа ќе го послушала Архиепископот, а ова значи дека нема да го почитува Уставниот суд. Имаме сериозен проблем доколку се случи ова. Доколку се дозволи било кој службеник на ранг на наставник самоволно да се однесува непочитувајќи судски одлуки, можно е чувар во затвор да реши да ги пушти затворениците на слобода (поради негово несогласување со одлуките на судот), на пример. Вакво нешто не смееме да дозволиме.
Исто така, проблем е тоа што не се објаснува и не се информираат граѓаните. Според многу изјави, реакцијата е како да се забранува веронауката воопшто. Изучувањето на религија, вера и слично, воспоставувањето на верски училишта и други активности во насока на учење и изучување на религија и вера се исто така основни човекови права и кај нас во Македонија се загарантирани. Овде станува збор за одделување на задолжителното основно образование од учењето на верата, што пак може без проблем да се организира од страна на верските институции, па дури и од други приватни субјекти. Никој не го спречува Архиепископот да воведе веронаука во рамки на МПЦ. Напротив, тоа е пожелно и мислам дека се спроведува (не сум сигурна). Ова значи дека граѓаните кои сметаат дека се спречени да си ја изучуваат верата, всушност не се информирани и протестираат бадијала, а самиот верски лидер, наместо да повикува на непослушност кон судската власт, би требало да ги информира верниците. Луѓето треба да ги знаат фактите за да можат да си ги остваруваат права, вклучително и правото на изучување на нивната религија / вера.
Поздрав,
Александра
Јас се сложувам со Александра. Да речеме јас навистина би сакал предметот Запознавање со религиите да влезе како факултативен предмет во основното образование, и истиот би можел да се изучува 2 години, но само доколку (пополураните)религиите бидат подеднакво застапени. Подеднаква конкуренција ! Слободен пазар што би се рекло.
Но мене најмногу ме плаши партиската мобилизација, отсуството на дебата за работите и отсуство на валидна аргументација од страна на власта. Целава бљувотина на владејачката партија наликува на детско однесување. Се сеќавате кога поглемите деца се закануваа и велеа “Сеа ќе правиш како што ќе кажам јас, зошто јас сум тука главен инаку ќотек!“. Истото е и со власта „Ние сме главни и САМО НИЕ ЗНАЕМЕ, ако се спротиставиш ќе јадеш ќотек„. Ужас !!!
Ама мислам дека со тек на времето одлуката на Уставниот суд ќе мора да се почитува, а тоа дека било кој има право да протестира - има, ама барем истото да го прави со добра, здрава и приземна аргументација, а не со тепачки, закани и сенешто.
поздрав
Само да додадам, ВЕРОНАУКА НИ ПОД РАЗНО ВО ДРЖАВНИ УЧИЛИШТА !!!
Веронаука ВЕЌЕ постои во верските објекти. Мој колега од работа (инаку верник, кој се противи на градење на црква на плоштад и на воведување веронаука во државни училишта), вика дека мајка му и сестра му посетуваат часови по веронаука во соборниот храм.
Значи, вероучението не им е забрането, ама тука се гледа дека игра некоја пара, па ајде ќе ги стрижиме овциве….
Мне сильно хочется пообщаться с кем-нибудь по обозначенному вопросу. Кто любит интересное общение, катайте в асю 49165773