ГРЕШКА
Во текот на мојата работа со Хелсиншкиот комитете имав можност да видам различни пресуди на нашите судови. Кога видов образложение на пресуда во кое се вели: “судот не им поклони верба на зборовите на обвинетиот заради тоа што беше очигледно дека тој се брани“, мислев дека сум видела се и дека нашето судство го достигнало дното на бездната. Немав право. Имало “дупло дно“.
Вчера ја слушнав пресудата на новинарката Точи во која (според она што го прочитаа на ТВ) се вели: “обвинетата не беше повикана на рочиште затоа што судот сметаше дека ништо од тоа што ќе го каже нема да има влијание врз пресудата.“
Ова навистина многу ја олеснува работата на нашите судии. Мислам дека во иднина воопшто и не треба да има постапка пред судот. Судиите однапред знаат што ќе пресудат и се друго е само залудно трошење време и пари.
За тие што не знаат: докажувањето на нечија вина во контрадикторна постапка (постапка во којашто двете страни рамноправно ќе можат да ги изнесат фактите кои се во прилог на сопственото тврдење) е уставно гарантирана, гарантирана со Европската конвенција за човекови права и со нашите национални закони.
Со ова не завршија бисерите на вчерашниот ден. Имав можност во живо да го слушнам образложението на пратеникот Гинев од ВМРО-ДПМНЕ, зошто не гласал за ставање на дневен ред на Резолуцијата понудена од Постојаната анкетна комисија. Според него:
“Воздржан бев бидејќи не се согласувам со еден дел од текстот на Резолуцијата каде се вели дека МВР не ги презело сите неопходни мерки“.
Прашање: како ќе се отвори расправа за содржината на Резолуцијата доколку не се стави на дневен ред? Или, токму расправата во Собранието треба да доведе до такви промени во текстот кои ќе ја направата Резолуцијата прифатлива за усвојување.



Што е најстрашно, истите тие се бореа во Собранието за да не биде така… Добивме СДСМ џуниор партија… Како деца кога ги тепаат помалите, бидејќи нив ги тепале поголемите. Демократски капацитет помал од нулата…
А за судиите, навистина се срам за целото општество. Порано Педагошка академија и ПМФ-Географија служеа за оние што не ги биваше или ги мрзеше да учат. Сега изгледа е Правниот факултет за тие намени.
Само да ви кажам дека искористив дел од постов тука - http://mojon.blog.com.mk/node/223062
Мне очень хочется поделиться опытом с кем-либо по теме. Если есть желающие, пишите в асю 22135443