РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ГРИЗЕ

Поглаварот на МПЦ направи еден од смртните гревови: излажа. Отворено, без срам, во време на големите пости, во име на Господа и Исуса Христа. Тој изјави дека имало погром на црквата и на верниците во периодот до осамостојувањето на Република Македонија.

Прогонот на православната црква во периодот на “комунизмот“ меѓу другото се состоеше во:

1. Заштита на манастирите и црквите како културно наследство

2. Промовирање на независноста на МПЦ со декрет (кога и стана Македонска црква) во 1967 г.

3. Отстапување на најпрестижно место во центарот на градот за изградба на Соборен храм во 1973 година

4. Донесување на еден од најлибералните закони за верските заедници во светот во 1977 година

Comments (18)

PETAR_PANApril 19th, 2009 at 10:13 am

Ц ц ц… Навистина биле мрачни времиња за црквата. :)

uuApril 20th, 2009 at 10:39 am

jjj

АлеџApril 21st, 2009 at 1:17 pm

Ах тие комуњари… беа прекрасни…

АлександраApril 22nd, 2009 at 2:33 am

Хахахахахаха – комуњарите биле прекрасни – хахахахаха.
Не е работата во тоа дали биле прекрасни или не. Еден систем или власт не треба да се проценува според тоа колку се „прекрасни“. Освен тоа, за таква проценка ни треба жири комисија за избор на мис (убавина). Ако судиме според убавина, можеби досега и не сме имале лоша власт – хахахахахаха. Зависи од вкусот – хахахаха. И Архиепископот не се поставува според тоа колку е прекрасен и колку верници/вернички му се восхитуваат на убавината.
Работата е во фактите. Во постов се наведени 4 факти кои зборуваат спротивно на тврдењето на Архиепископот. Она што тој требало да го направи е исто така да наведе факти (зошто смета дека имало погром или прогон на МПЦ?) – било забрането практикување на религијата со закон или одлука, биле затворани верски лидери (тие и тие, тогаш и тогаш) поради нивна верска служба, биле уривани цркви, итн? Доколку не се понудат аргументи во корист на изјавата, а наспроти тоа постојат аргументи кои покажуваат сосема спротивно, тогаш навистина Архиепископот излажал, односно дал неоснована изјава со цел да ги манипулира своите следбеници – да ја искористи својата моќ над нив за да наметне своја волја која не е во прилог на тие следбеници (инаку не би имало потреба да се лаже). На вакво тешко обвинување не се спротивставува со „а тие вака, оние онака…“ туку со аргументи.

НиксаApril 22nd, 2009 at 5:24 pm

Читав во Вест дека ВМРО и ДУИ ќе го менуваат уставот. Возможно е тоа или …? Ако е возможно тогаш чуму сите закони и бакрачи ? И кој може да ги спречи во тоа ? Стварно не ми е јасно…

АлеџApril 23rd, 2009 at 1:38 pm

Александра… јас го кажав истото што и ти… само во скратена форма… :-) главниот поп излага и изманипулира со јавноста… сега шо прајме?! По мене треба да одговара за клевета…

dijalektikaApril 25th, 2009 at 12:47 am

Полека се надзира бездната која сама нашата власт си ја ископа. Првите последици се опрактицираа во најлоша можна форма: 1.Воведувањето веронаука во државното образование, ги подели децата по верска основа, 2. планот за изградба на црква го отвори патот за барање на изградба на џамија на плоштадот, 3. деструктивното-недомократско непочитување на Уставниот суд и со тоа на Уставот од страна на власта и црквата, го отвара патот за се позасилено барање на воведување на бадентерово мнозинство при донесување на одлуките на Уставниот суд.4. Ако се продолжи во овој правец, уривањето на уставниот поредок и со тоа на самата држава не ни бега.

Mirjana NajcevskaApril 28th, 2009 at 11:51 am

Дијалектика, мислам дека и во моментов она што го имаме е илузија на поредок, фатаморгана на право и кулиси на демократија. Можеби е добро се да се сруши за да се види колку ништо немало.

гулагMay 7th, 2009 at 1:17 pm

а бе шооо … само можи да му е криво зашто не го прогонуваат сеуште на таков начин…. баш е жално шо сега мора да се бори за секое милионче ко да му е последно …и тој и онај прдежон магарешки наум….. копиле опррелестено.

чист македонецMay 7th, 2009 at 9:52 pm

М – министерство за
П – прогон на
Ц – црквата
Бранејќи ја Нај нај нај Македонската и нај нај нај Црква од Вистинската црква, членовите од гореспоменатото министерство се претворија во гонители на црквата. И додека тие продаваат национализам, а наплатата ја вршат преку продавање на свети тајни као што се крштението, миропомазанието, светиот брак и на крај како завршна сметка опелото, народот мазохистички и навивачки навива напред наши!!!

Mirjana NajcevskaMay 8th, 2009 at 6:54 am

Чист Македонец, многу се согласувам со тебе. Православието на овие простори има многу специфична улога којашто ја изградило токму во поддршката на народот наспроти властите. Оваа нова улога е потполно спротивна на традицијата. Јас навистина би сакала да знам колку од силните поддржувачи на црква на плоштадот одат редовно во црква, или барем редовно се молат, се причестуваат и се исповедаат.

чист македонецMay 8th, 2009 at 3:46 pm

Почитувана Мирјана Најчевска: За позицијата што ја имаат изградено некои демек православци не вреди да се зборува, туку треба да се делува и да се поддржи опција која што ги разобличува. Застрашувачко е тоа што тие во име на секуларизацијата не сакаат да издејствуваат одвоеност на атеистичката држава од црквата, туку сакаат да направат теистичка држава (во која што тие ќе имаат монопол над вистината) налик на некои општествени уредувања од пред многу векови (модерна инквизиција). Најизразен им е задоцнетиот национализам поради кој ќе ги рушат сите други вредности, почнувајќи од слободата на верување, слободата на говор а најмногу слободата да размислуваме поинаку од нив. Што се однесува до поддржувачите на црквата излезени со транспаренти во време на строг пост на плоштад, би рекол само дека ниту еден од тие луѓе не стапнал на света литургија а дали и знаат воопшто што значи тоа света причест. Јас редовно одам во црква и црквувам. Во цела МПЦ редовно одат максимум стотина верници во цела Македонија и би препознал некого од нив ако го видев. А свештеникот кој што ги предводеше е секогаш дежурен во МПЦ за валкани работи. Јас сум го видел на барем три слични линчувања. Инаку тој свештеник беше оној кој што беше замешан во аферата со масерката која го беше снимила во неморал и го уценуваше. Зошто тој случај се заташка???

MenkaMay 18th, 2009 at 1:44 pm

Dobri ste, se trudite, ashkolsun…

MenkaMay 18th, 2009 at 1:45 pm

Koga Borjana kje bide igumanija???

LenkaMay 18th, 2009 at 1:46 pm

Veljanovski naskoro kje go zameni Naum Svetogorecot!!! KJe se priklicite kon Nauma???

чист македонецMay 18th, 2009 at 2:29 pm

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

чист македонецMay 18th, 2009 at 3:00 pm

Кој се пак тие двајца за да решаваат кој што да прави и кај да оди во црква. А, за која Борјана станува збор?

чист македонецMay 21st, 2009 at 9:40 pm

Во вчерашниот број на Време, „Архиепископот“ Стефан обидувајќи се да ги извади од ќорсокак владата и премиерот, се вовлече пак во бизнис афера и тоа ни помалку ни повеќе туку директно со владата, преку менаџирање на изградбата на црквата на плштадот Македонија. При тоа преправајќи се пред народот како тој се грижи за рушењето на храмови во РМ. Ја даде следната изјава: Јас би ве прашал кој е должен да ја гради црквата? Оној што ја градел или оној што ја урнал? (види Време од 20 мај 2009). А сега јас мојата маленкост го прашувам него(вото блаженство). Кој треба да ја изгради црквата во Нижеполе Битолско,а која што по негов и по налог на владиката Петар во троен пакт со власта, ја рушија во 12 на полноќ неговите поданици. Само однапред му препорачувам да не се вади преку тоа дека тоа била црква на Православната Охридска Архиепископија, затоа што не била регистрирана. Тоа оправдание не поминува ни пред луѓето, а да не спомнуваме за тоа како ќе се правда пред Бога. Храмовите што тој ги присвојува за кои што вели дека му припаѓаат во наследство, се градени во различни општествени прилики и под јуриздикција на повеќе помесни цркви каде што како ктитори се потпипшани на храмовите. И после многу години кога ќе се реши расколот во Македонија и во храмовите градени од МПЦ и од Православната Охридска Архиепископија, како и во гореспоменатите храмови изградени од другите помесни цркви, ќе служи еден епископ. Сите храмови изградени пред него ќе имаат ист статус, само ние грешните кои што сме си ги ваделе очите заради човечки слабости во сопствениот трулеж ќе го молиме Бога за прошка на гревовите.

Leave a comment

Your comment