РАБОТНИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМААТ СИНДИКАТИ
Прво ми дојде под рака колумната на Виктор Трифуновски. Знаете оној мрсничок
блогер-капиталист кој смета дека цедењето на луѓето за личен интерес претставува врв на човечкиот развој. Според него: грижата за другите е наследство од тоталитаризмот, а 1 Мај е дел од срамното минато кое треба што е можно побргу да се заборави. Глупост ко глупост. Впрочем секој си има право на сопствен дел од светската глупост.Ама, некако, ми стана непријатно.
Меѓутоа, не остана на тоа. Налетав на објавата на Сојузот на синдикати на Македонија дека оваа година нема да ги повикаат работниците да протестираат. Наместо тоа ќе го одбележат 1 Мај со пригоден коктел. Образложението е фасцинантно:
- Затоа што е економска криза
- Затоа што луѓето губат работни места
- Да не се налути Владата која треба да спроведе реформи
- Да не се налутат работодавачите
Е, ова навистина ме разбесни. Не знам зошто. Мислам, се што се случува во Македонија е апсолутно
наопаку и ваквата постапка многу убаво се вклопува во бесмисолот на моменталната егзистенција на мојата држава, меѓутоа ме разбесни. Можеби зарди секојдневниот поглед на кутриот народец, или заради блеењето на човечкото стадо, или заради покорноста со која оди на колење или мирисот на свежата крв и телата на закланите божји овци. А можеби едноставно заради немоќта да им помогнам.
Во 1886 година работниците на Чикаго се спротиставиле на безграничната експлоатација и била пролеана крв. И работниците се избориле за правото на организирање за да можат да бидат посилни.
Во 2009 работниците низ светот имаат зошто да демонстрираат. Тие не сакаат да плаќаат за грешките на системот на профитот и не сакаат на нивни грб да се скрши лакомоста на богатите. Во 2009 година работниците го одбележуваат 1 Мај со протести ширум светот.
http://www.indybay.org/newsitems/2009/04/29/18591909.php
http://www.starbucksunion.org/node/2116
http://www.todayszaman.com/tz-web/yazarDetay.do?haberno=173869
http://www.indybay.org/newsitems/2009/04/29/18591901.php
http://socialistworld.net/eng/2009/04/2902.html
Работниците во Македонија имаат зошто да излезат на улица. Многу зошто. Заради тоа што ГБТ е за 10% понизок од оној пред транзицијата, и затоа што над 30% живеат под прагот на сиромаштијата, и затоа што имаме најголема невработеност во Европа.
Меѓутоа, нашите работници нема да излезат на улица на 1 Мај. Затоа што синдикатите ги чуваат од полошо. И затоа што во мојата држава се е наопаку па и ова.
Не можам да го запрам колежот и не можам овците да ги претворам во волци. Меѓутоа не се откажувам од нив и не се откажувам од 1 Мај.
Тоа не е ден за расправи и коктели. И секако не е ден за печени животни и празнување. Тоа е ден кога треба да се потсетат властодршците и богатите и работодавците, на моќта на обединетите работници. На достоинството на човекот. И на солидарноста. И на основните права кои освен граѓански и политички се и социјални и економски.



“Зошто така лоша тетке“-Ве праша еден познат колумнист.За да коментирате нешто за што не се согласувате,треба да имате аргументи.Кои се вашите,кога ги коментирате ставовите на Виктор Трифуновски? Се позанимававте ли малку со светските нобеловци за економија?Очигледно – не.Уште многу време ќе помине додека дојдеме до “топлата вода“ која што квази експерти ја оневозможуваат. И замислете, Вие со вашите носталгични ставови по времето кое што ве создаде, по еден лош терк, грчевито се борите, да се одржи тоа што не донесе во овај кал. Секоја колумна на Виктор е една добра лекција.Тоа треба да го прифатите како факт.
Нема Први Мај, Мирјана, сите не’ зафати колективно лудило. Насекаде гледаме портокалово, никако некој да ни ги симне тие ебени портокалови очила. А кој да ни ги симне ако не ние? Јас врекам, другите истерани професори молчат, како да ќе изгубат уште којзнае што. Ете, егзистенцијата ја изгубивме. Очекуваме судовите да проработат? Абе ајде! Никогаш повеќе од сега не биле во рацете на власта. Останатите владини институции не ги ни есапам. Тие остваруваат. Единствено Уставниот суд е некаков глас ан разумот, ама и тој се соочува со критики, клетви, анатеми… Текстилните работници молчат со децении, од металургија молчат, млекарите се кренат па попуштат… И оној небулозен Закон за работни односи пројде и сите си леганвме на брашното?????? Па првин за него треба да се кренеме!!! Е, јадна е оваа држава, како ли се викаше. P.S. Со Муратовски и таквите како него, секоја власт е безбедна. Само нека мава по народецов избезумен и изулавен.
абе многу ме занима дали тој виктор е овој истиот што не плаќа фактури на марнет:
http://dns.marnet.net.mk/registar.php?dom=jpointplus.com.mk
како што викаат капиталистите од америка, put your money where mouth is
Мислам дека е повеќе од очигледен апсурдот во тврдењето дека грижата за социјалните права не има ставено во економска пропаст.
Што се однесува до споредбата на ваков систем со онаков систем, само се одвлекува вниманието од вистинскиот проблеми: невработеноста и експлоатацијата на работникот. Додека неговите права се крашат а неговиот труд нечесно експлоатира, на работникот не треба и навистина не му е гајле за каква е макроекономската политика и општественото уредување во државата.
Бараме подигање на социјалниот статус и прекинување на експлоатацијата, а не само да замениме еден експлоататор со друг!
Западните држави се движат од никакви права за работниците, во почетокот на нивните капиталистички општества, кон повеќе права. Ние почнавме со права па сега се откажуваме од нив.
Има сличен проблем и со екологијата. Голем дел од богатсвата на некои држави се постигнати преку комплетно игнорирање на штетите кои тоа и ги нансеувало на животната средина. Сега, откако се добро ситуирани, тие земјо почнуваат да се занимаваат со екологија и да ги убедуваат сите да не постапуваат на таков начин. Дали е ова проблем за посиромашните земји? Дали богатсво може да се стекне само на начини штетни по природата? Дали ако ја уништувапш природата не си го поткопуваш богатсвото од самиот почеток?
Слично и со оваа тема – дали може да се има добра економија само ако се однесуваш со работникот како со роб? Јас мислам дека учев во историја дека робовладетелските општества семтале дека е невозможно да се има добра економија без робови, па сепак испаднало дека не е така.
Во секој случај, што ќе ни е добра економија врз база на потта/крвта/животите на злоупотребени работници? Дали тоа воопшто може да се нарече добра економија? Добра за кого – двајца-тројца дебелковци на врвот од пирамидата?
И на крајот, во мала мера сепак се согласуввам со идејата дека ако ситуцијата е многу лоша, ништо не се добива со штрајк – само понатамошни проблеми и загуби за организацијата од чиј успех ти зависи платата. Но да се организира коктел место протест? Е тоа ти е иронија.
уште си жива?!
Отличная статья, подпишусь на ваш блог.
Я больше 2х лет постоянно обеспокоен этим вопросом и считаю ваши мысли черезчур легкомысленными
Приблемот е во вистината како варијанта на мудроста и глупоста. Обично се вели дека секој има право на своја глупост. Тао право еве душмански се користи, всушност се злоупотребува. Па така ние постарите носталгично гледаме на минатото кога, сиромашни во споредба со оние на запад, живеевме лежерно и сигурно. Денес разни пилиштарци, во име на вистината и своето право за глупавост до бескрај, спомнатото наше минато се обидуваат да го избришат со гумичка. Како замена на македонското општество еве му го понудија и наметнуваат плурализамот и транзицијата како нешто рапидно подобро од социјализамот! За жал еве, мајката му ја расплакаа на плурализамот, всушност го искривоколчија до бескрај, исто како што беше искривололччена основната филозофија на социјализамот и комунизамот. Елем, ни нудат и наметнуваат капетализам, кој не враќа во времето на феудализамот. Ете сеге наместо комунистички моќници имаме феудалци-тајкуни поддржани од вернитре и слепи партоски војници, кои ограбуваат се по ред. На пример, фабриките изградени на ледина од постарите генерации, сега ги продаваат за џабе заедно со работниците исто како за време на крепосното право во Русија!
Од развојот и напредокот еве останува само изградбата на споменици на секое ќоше, како спомен на ова незаборавно транзиционо време, особено на феудалецот. Мојата генерација на заминување нема време ни сила нешто да стори. Но на младите генерации, за разлика од партиските војници, ќе им требе време за да се освеста, за поново да ја истакнат вистината на мнозинството како некогаш, за своето право на глупост, во рамките на кои можеби ќе уследи некоја нова револуција!!!