ЗЛОСТОРСТВО (пренесено од мое Скопје мој град)

Поставувањето на предвидените 17 споменици на централниот плоштад на главниот град е злостор кон културното минато на овој народ и нашите претци. Затоа што, наместо да го зачуваме она што го изградиле нашите претци, наместо да го негуваме и развиваме, наместо да ја градиме спецификата на сопствената култура ние се обидуваме да си купиме некоја друга култура, некое друго минато, и со гласниот турбофолк да ги угушиме прекрасните звуци на фолклорот.

Поставувањето на спомениците е злостор кон сегашните генерации. Тоа претставува неразумно трошење на тешко спечалени пари на граѓаните за луксуз во време кога се зголемува бројот на тие кои немаат доволно храна, кога се зголемува бројот на тие кои не можат да си обезбедат соодветна здравствена заштита и на тие кои немаат кров над глава. Тоа претставува апсолутен удар врз демократијата, затоа што е направено без да бидат на соодветен начин консултирани сите граѓани на Скопје, со манифезтирање на апсолутна и неконтролирана моќ на еден властодржец и без да бидат почитувани стандардите на урбаното планирање. Тоа е удар врз добриот вкус, затоа што се применети технико на едно многу изминато време и е внесен анахроно-заостанат стил во град кој треба да се гради за идните генерации.

Тоа е злостор на кон идните генерации, заради тоа што ги троши нивните средства, ја нагрдува околината во којашто ќе растат, го стеснува просторот на нивното движење, испраќа порака на апсолутен милинтатизам и маскулинизам.

За секој злостор има казна. Побргу или подоцна.

Leave a comment

Your email address will not be published.