ПОВТОРУВАЊЕ -ЗА ИМЕТО

Овој текст е напишан пред повеќе од една година. Би сакала да потсетам на некои ставови. Поразработено може да се најде во делот под наслов Македонија.

Како што веќе неколку пати спомнав, мислам дека не може да  зборуваме  за развој на граѓанското општество и на демократијата без да ја прифатиме алтернативноста како принцип на делувањето и размислувањето. Ова подразбира отсуство на табу теми (теми кои не смеат да се коментираат, анализираат, поставуваат на дневен ред) и отсуство на еднозначност во решенијата што се нудат во било која област. Прашањето на името не е исклучок.

Јас припаѓам на луѓето кои мислат дека граѓаните може и треба да разговараат за името на  сопствената држава, за импликациите на спорот со името врз секојдневниот живот и за можните решенија кои би не извеле надвор од затворениот круг во кој се наоѓаме.

И покрај тврдењата на владеачките и невладеачките политички партии дека постои апсолутен консензус на граѓаните за тоа дека името на државата не треба да се менува, луѓето разговараат за тоа и нудат различни идеи.

Мене ми западнаа за око две можни решенија.

Првото (на кое јас лично му давам предност) е: Вардарска Македонија. Зошто?

  1. Вардар е симбол кој поврзува повеќе историски етапи од развојот на овие географски простори
  2. Тоа е симбол кој нема етнички предзнак
  3. Постоењето на Вардарска Македонија подразбира постоење и на други делови од географската целина Македонија (како: егејска, пиринска, горанска, преспанска)
  4. Името Вардарска Македонија фигурира во историјата во повеќе наврати и се поврзува конкретно со овие простори

Во прилог е интересна мапа од 1946 година на која се спомнува Вардарска Македонија.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Второто решение е Северна Македонија. Ова решение (и покрај интересните географски импликации) помалку ми се допаѓа заради отсуството на елементо на обединувачки симбол.

Comments (5)

Dame1612June 14th, 2009 at 1:09 pm

Јас припаѓам на луѓето кои мислат дека граѓаните може и треба да разговараат за името на сопствената држава ………

Види госпожа професорка …

Не сме ние граѓани на Република Македонија , него сме Македонци ( Македонски народ).

И нема да бидеме граѓани на ( Северна , Вардарска , Швајцарска и незнам ти како Македонија ) него ке бидеме Македонски народ ( конститутивен ) во Република Македонија .

И заборај еднаш тоа граѓанско , зошто државата не ти ја оставил татко ти па да ни ја сакатиш со небулозни идеи ……

Немој ја да почнам да вадам кој што рекол и бил ….. Можда и од времето на комунизмот да ти цитираме . Уште да кажеш дека не си била примерна комунистичка омладинка , и дека на 45 години при криза на климакс си се освестила .И ти текнало дека освен граѓанско општество ништо друго не бидује …

kittycatJune 15th, 2009 at 5:00 pm

Е па, господин Милер (заедно со голем број професори) смета дека сме Пајонци -
http://phantis.co.uk/news/?newsID=20090521121233

Морам да признаам дека мојата запознаеност со пајонците е само по име, со оглед на нивната слаба застапеност во лекциите по историја. Од друга страна, никаде не пишува која држава како мора да се именува. Мислам дека може да се посочи на различни држави со слична позиција како нашата со името, и мислам дека тоа веќе и се има случено во текот на преговорите.

Јас се согласувам дека за името може да се зборува и преговара, и има неколку опции кои ми се допаѓаат. Она што не ми се допаѓа е -

а) Како друга држава си зема да право да ни наредува како да се викаме. Тоа не само што не е во рамкиите на добро соседски односи, туку е насилство.

б) Како таа иста друга држава ни стави ембарго во многу тешки услови, понатаму покажувајќи сила (да не речам силеџиство) и не-добро-соседност.

в) Како предмет постојано подложен на ревизија (пред се од воено победничката страна) како историја се користи за аргумент, кога огромен број елемнти во врска со националниот идентитет се прашање на субјективно гледање и само-определба.

г) Како и во оние делови од историјата кои се базираат на вакви или онакви факти, се тврди дека немаме никаква врска со терминот „Македонија„. Јас сум видела странски карти од пред неколку века во кои речиси целата територија на нашата држава припаѓа на административната отоманска единица Македонија.

Она што јас сакам, идеално, да се случи е ние да станеме демократска држава за пример, но да останеме на позицијата дека си имаме право сами да си избереме име. Но се’ додека и нашата влада ги прави истите националистички глупости како и грчката влада, некако се’ ми се чини дека нашата морална позиција се дроби и губи.

И на крај, двојната формула не е проблем и за најголемите држави - германија по свое не се вика германија, туку Deutschland, а Кина по свое се вика Народна Демократска Република Кина, па никому ништо. Не гледам зошто компромисот не би можел да биде прифаќање на такво име (пр. Северна Македонија) без менување на нашата националност (македонци). Впрочем, компромис е кога обете страни по нешто ќе одстапат, не кога едната страна комплетно ќе го наметне своето решение на другата. Тоа важи и за нив и за нас.

Dame1612June 16th, 2009 at 10:39 am

Па види сега …. Татко му на тој Милер мислел дека е Ариевска раса , но откога му забраниле да биде Ариевец веќе нетврди дека потекнува од Тибет , него дека е Германец .Толку за тој Милер и неговото познавање на проблематиката ….

Сепак вештачкото наметнувње граѓанска свест прави да се чуствуваме како роботи ……

- Но тука треба да спомене и неколку факти кои можат да им објаснат на СОРОСОИДИТЕ дека името не треба да се менува за поевтина ВИЗА , за да можат да одат на концерт на некој белосветски травестит …

Никој не му го менува името и идентитетот на Египјаните . Тие се Арапи но никој не им спори дека потекнуваат од старите Египјани .

Судан не се буни Египет да биде Северен Египет иако јушниот дел на стар Египед се наоѓал во Судан ( Нубија )

Никој не тврди дека старите Египјани не биле Арапи . Името на Египет е Арапска република Египет ….

Постојат нации на кои изворниот јазик им изумира , тие се каталонците , баскиците и ирците . Никој не им спори идентитетот затоа што зборуваат туѓ јазик …

Грчкото либи тврди дека потрошило околу 200 милиони долари за лобирање . Дел од тие пари сигурно се отидени и кај некои наши експерти , невладини организации , поединци …. Како и да е ги знаеме кој се , па нивното влијание е МАРГИНАЛИЗИРАНО во јавноста . Не за џабе госпоѓа Најчевска освои пет ипол гласа на последните локални избори …

Германија , Кина , Хрварска и други немаат двојна формула за името . Нивното има има двојна транскрипција . Тоа е од историски причини , никој во Германија не се буни за Дојчланд ( Замисли ситуација во која Германија би и наметнала на Австрија да се вика Остерајх за сите употреби ) ….

Како и да е не е прв пат домашни издајици да не тераат да менуваме идентитет . Почев од торбеши , бугараши , србомани, соросоиди све овде прошло( анталија е полна Македонци со сменет идентитет , Македонци кои размислувале за иднината во големата заедница на Турскиот султан - читај ЕУ ) …. Ке пројдат и овие соросоидиве …..

-

АлександарJune 16th, 2009 at 12:10 pm

Сам си знаеш колку си интелигентен и јак вака кога се тупаш в гради, но нема потреба од коментар освен цитат. А чив? Па нормално твој. Следува:

„- Но тука треба да спомене и неколку факти кои можат да им објаснат на СОРОСОИДИТЕ дека името не треба да се менува за поевтина ВИЗА , за да можат да одат на концерт на некој белосветски травестит …“

Дали тоа Вмро-Дпмне (твојата омилена партија) спаѓа во соросоидите оти како што сега стојат работите тие се најголеми борци за визната либерализација и не заборавај дека откако тоа ќе се случи тие ќе се тупаат в гради(како и ти) со тоа дека овозможиле на граѓаните поефтина виза како што сам велиш.

И второ:

„Како и да е не е прв пат домашни издајици да не тераат да менуваме идентитет . Почев од торбеши , бугараши , србомани, соросоиди све овде прошло( анталија е полна Македонци со сменет идентитет , Македонци кои размислувале за иднината во големата заедница на Турскиот султан - читај ЕУ ) …. Ке пројдат и овие соросоидиве …..“

Ако некој го промени идентитетот и/или името тоа ќе биде никој друг туку твојата омилена партија = Вмро Дпмне.

И за замиот крај, твојата дијагноза е: ти пречи се што прави твојата партија па смислуваш речиси невидливи непријатели именувајќи ги по твоја волја и сите лоши работи кои ги прави твојата партија им ги пресликуваш ним.
Проекција на ступидноста, my friend!!!

Не за џабе пред некој месец ти реков оти си контрадикторен…

Киро ВелковскиJuly 17th, 2009 at 8:33 am

http://classicaljournal.org/Willi on Macedonia.pdf
http://archaeoastronomy.wordpress.com/2009/05/29/macedonia-from-bad-to-worse/

Кога на научник му требаат 350 потписи позади неговата теза, тоа малку ми звучи како да не е сигурен, па се осигурува. Или не е наука, туку лобирање. А во лобирањето и љубовта с`е е дозволено. Или во војната беше?

Погоре ѕирнете да видите што мислат независни научници за „аргументацијата“ на Проф. Милер позади која гордо застанаа некои „новинари од СДСМ“ (контрадикција на поимот новинар, но во нашата мила Македонија с`е е можно).

Leave a comment

Your comment