ПОКЛОН ЗА ЦРКВАТА
Според Законот за градежно земјиште од 2008 год.
1. Член 2
1) Градежното земјиште е добро од општ интерес за Републиката и ужива
посебна заштита на начин и услови утврдени со овој закон.
2) Уредувањето на градежното земјиште е дејност од јавен интерес.
Тоа значи дека никој нема право да си игра играчки со ова земјиште и да располага со него како ѓе му текне, бидејѓи е тоа заедничка сопственост на граѓаните на РМ.
2) Член 13
1) Градежното земјиште во сопственост на Република Македонија може да се
оттуѓи, да се даде под концесија, да се даде под долготраен закуп, краткотраен
закуп и на него да се востановат други стварни права, на начин и под услови
согласно со закон.
Никаде не се спомнува поклон.
3) Член 14
2) Со непосредна спогодба градежното земјиште сопственост на Република
Македонија се отуѓува и дава под долготраен закуп во случаи:
- кога и на второто јавно наддавање не се јавиле заинтересирани лица;
- за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени
со урбанистички планови;
4) Начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под долготраен закуп и
краткотраен закуп со јавно наддавање, по пат на прибирање понуди и со
непосредна спогодба, висината на посебните трошоци на постапките за отуѓување
и давањето под закуп, како и висината на цената на земјиштето и на закупнината
ги пропишува Владата на Република Македонија.
5) Средствата од отуѓувањето и од закупнината од градежното земјиште
сопственост на Република Македонија се приход и се уплатуваат на сметка на
Буџетот на Република Македонија. Приходите од овие средства се распределуваат
во сооднос 60% за Републиката и 40% за општините, општините од подрачјето на
Град Скопје и Град Скопје, во зависност од местоположбата на градежното
земјиште кое е предмет на отуѓување, односно давање под долготраен закуп,
согласно Закон.
Повторно нема поклон туку има отуѓување со надоместок.
Колку ѓе плати Црквата за да добие земјиште на централниот плоштад на РМ? Колку ќе плати ИВЗ за истата намена? Каде е моето право како граѓанин да бидам прашана за што се трошат парите од данокот кој уредно го плаќам?
Сигурна сум дека власта има одговор на секое од овие прашања, само не и текнало да го даде.



Asto ne prasuvase za danokot koga “tvoite” go vodea oroto..
ако има јавно наддавање ајде да почнеме пари да собираме
Хмм, а кои се тоа мои? Оние кои се спротиставија на тоа да бидам претседател на изборна комисија? Или оние кои објавуваа во весниците цитати од моите извештаи? Или оние кои не сакаа да се усвои Законот за заштита од дискриминација? Или овие другиве кои не сакаат да се узвои Законот за заштита од дискриминација?
Само кажи, за да знам.
aman so toa zakonite za diskriminacija,sloboda na govorot pa na mislata pa na smislata na nestata pa drn,drn jarinja ……….. teletabit edni.
Ако оттуѓување може да се врши за потребите на верски заедници, а Владата орпеделува висина на надоместок, може да определи висина нула?
Мене само не ми е јасно каква е таа поделба на религија и власт кога вакви членови воопшто постојат во нашиот закон.
Теориски, Владата може да определи висина 0, меѓутоа токму тука може да се постави прашањето за јавниот интерес и заштитата на јавниот интерес. Доколку се случи такво нешто може Владата да биде повикана на одговорност и пред Уставниот суд, но потписникот на поединечниот акт може и кривично да одговара пред редовен суд.