ПРАТЕНИЦИ-ТРОШАЏИИ

Во врска со написот ПРАТЕНИЧКИ НАДОМЕСТ ТАМАМ ЗА НОВО ВОЗИЛО во Дневник од 08.08.2009.

Во голем број држави во Западна Европа (посебно во скандинавските земји), пратениците добиваат надоместок во висина од возна карта за втора класа. Тие и доаѓаат на работа токму со воз и тоа во втора класа.

Ова има повеќекратна улога:

1. Пратениците се мешаат со граѓаните

2. Имаат можност самите да искусат некои проблеми со кои се соочуваат граѓаните

3. Може да се очекува дека многу повеќе ќе се залагаат за решавање на тие проблеми доколку и самите ги искусуваат на својот грб.

Можеби нашите пратеници ќе се ангажираат околу заживување на железницата и железничкиот сообраќај доколку примениме слична пракса.

Comments (11)

ТониAugust 8th, 2009 at 11:58 pm

Има многу слична (дури пострашна) афера во Британија. Разликата е во медиумите, ги „растурија“ пустите пратеници во медиумите еве веќе 2 месеци: http://www.guardian.co.uk/politics/mps-expenses . Откаго ги „фатија“ маста им ја извадија. А кај нас? Е па толку, ќе се заборави од понеделник натаму.

Mirjana NajcevskaAugust 9th, 2009 at 6:15 am

Важен е и резултатот од медиумското “растурање“. Имено имаше и оставки и исчезнување од политичка сцена и губење доверба. Кај нас, колку повеќе крадат народот има поголема доверба во нив бидејки си имаме неколку дежурни кривци за се. Прво тоа е тешкото минато на социјализмот, потоа тука се сите комуњари (тоа се сите оние кои во некој момент мислат поинаку од актуелната власт), па Бранко наш голем маж, и на крај секогаш ги имаме Грците, Бугарите, а злу не требало и Албанците.

SolzaAugust 9th, 2009 at 12:53 pm

Ми се допаѓа идејата. Наместо да трошат стотици илјади евра на автомобили, може да патуваат со воз. Еве, на пример, возот за Кичево со повратна карта(и повластица затоа што се пратеници :) ) е 190 денари, а до Битола повратна чини околу 290 денари.
На овој начин, во екот на финансиската криза ќе се намалат трошоците за нашите парламентарци, ќе им се овозможи директниот контакт со граѓаните, а ќе сфатат најверојатно зошто и како треба да се рекунструираат патничките возови.
Три во едно.

ТониAugust 10th, 2009 at 12:31 am

Па еве, не се кажуваат имиња на тие пратеници кои добивале екстра пари за патни трошоци. Зошто? Во извештајот на заводот за ревизија ништо конкретно не се споменува. Само дека „пратеник од Струмица, Делчево или од Струга за секоја седница или учество во работно тело во зависност од цената на литар гориво дневниот надомест достигнува и до бруто износ од 7 илјади денари“ и дека овие расходи изнесуваат 11% од вкупните расходи на Собранието. Оди барај кои се тие…

АлександарAugust 10th, 2009 at 8:56 pm

Во последниве две недели поради работа сум по градскиве улици од 08:00 до 17:00 и нешто што боде во очи се невообичаено голем број на полициски патроли(или whatever како сакате наречете ги) кои пишуваат казни онака баш на големо. На пример, цирка, на километар се случува да ги има и по 2 до 3. Се полни државната каса. Исто така денешната најава за нов закон кој предвидува нови лиценци за сите што превезуваат стоки и патници(кои нема да бидат бесплатни нормално). Повторно се полни касата… И уште којзнае колку начини на цедење на овој ионака исцеден народ.
Изгледа дека финансиски се потковуваат. И најголемиот парадокс… Мислам дека беше по изборите, дека ќе се замрзнат вработувањата во државната администрација, напротив, забрзано се зголемуваат. Многу лош начин за да се смират страстите. Ако вака продолжат можно е и да станеме држава со најголема процентуална застапеност на државни административци во вкупниот број на вработени. Само се чудам како стопанството ќе издржи толкав терет.
А познато е дека администрацијата удира секогаш по џебот на граѓаните и фирмите(инспекции, казни итн итн…).
Доста работи је прелеваат чашата, не само оваа…

ТониAugust 11th, 2009 at 2:16 am

Не е само полицајците и инспекциите се засилени…Немаат пари.

Киро ВелковскиAugust 11th, 2009 at 2:17 am

Александар, мене не ме лути што полицајците си ја вршат работата. Проблемот е кога треба да загине дете од нож за да се нормализираат работите. Значи, што побргу и заради поситни причини почнат да се се спроведуваат законите, и тоа неселективно, тоа подобро за сите нас. На пример, фамата дека во Македонија НЕ важи законот за врзување безбедносни појаси во автомобил се растури преку ноќ кога почнаа редовно да казнуваат. Интересно е дека децата се возат без појаси и без соодветни седишта – дури и такси компаниите (и Наше такси на пр.) се чудат кога ќе им побараш седиште. Што треба да се случи? Некое ВИП дете да загине заради небезбеден транспорт па ПОСЛЕ да почнат да се спроведуваат законите? Јас сум за сега и веднаш. Особено во областа на безбедност на сообраќајот. Како пешак се чувствувам како мета за отстрел, да не споменувам кога возам бицикл или скутер…

Киро ВелковскиAugust 11th, 2009 at 2:23 am

Инаку ја поддржувам идејата и дури малку би ја генерализирал – фино лепо да се земе просекот за с`е и тоа да им се дава на пратениците. Просечен ручек, просечна ужина, просечен хотел, просечен стан, с`е просечно, па како за сите така и за нив. За да можат да знаат што е просечно па да се борат да се подобри за сите, па и за нив… Аха, и под итно транспарентност, во Британија Гардијан ги стави сите половина милион документи на интернет http://mps-expenses.guardian.co.uk/

We have 458,832 pages of documents. 23,361 of you have reviewed 204,377 of them. Only 254,455 to go…

АлександарAugust 11th, 2009 at 3:52 pm

Киро, селективноста не се однесува секогаш на одредена група граѓани. Во овој случај селективноста е дека фреквенцијата на полицајци е зголемена сега кога градот е речиси полу испразнет заради одмори и пологично би било да се казнува повеќе кога градот е полн, нормална математика повеќе луѓе поголема можност за казнување. Но не, очигледно е дека кога нешто се готви во владата(некое решение, нов закон или слично) за кое треба троа повеќе казни, е тогаш се пуштаат касапите да ги решетаат граѓаните. Не-логиката на казнувањето ја базирам на тезата дека воопшто не е добро да се удира по џебот на граѓаните и фирмите а тие пари само да се трансферираат кон нови вработувања во државната администрација или пак во служби кои служат да ги силуваат фирмите. Или во конкретниов случај со пратениците и нивните трошоци. Значи не е воопшто хумано некого да го казниш и да му ги земеш парите кои кутриот ги одвоил за сметки или храна а на другиот да му овозможиш секоја година да купува нов автомобил. Се надевам дека ме разбираш. Понекогаш треба да се почека плодот а не да се искорне билката предвреме.
Не само сега туку и претходно, пратениците си имаат доволно приходи со кои не само можат да си ги покријат трошоците туку и да живеат во раскош, додека мнозинството врзува крај со крај. И кога дел од мнозинството ќе смогне сили да започне било каков мал бизнис на ред доаѓаат инспекциите и останатите органи за да ги исушат од казнување. Пуштете нека пркнат луѓево па сетнем да зборуваме за казни. А и цените на казните се спорни ама и тоа, како и поголемиот дел од забелешкава е off topic…

Киро ВелковскиAugust 12th, 2009 at 6:58 pm

Каде ми е коментарот? Да не снема место?

Mirjana NajcevskaAugust 12th, 2009 at 8:41 pm

Киро, ај пробај пак. Не би требало да има проблеми со место за текст.

Leave a comment

Your comment