КАЗНА-ГРАДОНАЧАЛНИК
1. На самиот почеток (во процесот на продавање на паркот пред зградите во Капиштец) станарите од околните згради во повеќе наврати (со петиции, лобирање, протести) се обиделе да го сменат ова решение, но не успеале. Тие истакнале дека со изградба на ваков објект се нарушуваат елементарните стандарди за хумано живеење, се намалува зеленилото и се одзема просторот за игра на децата. Исто така искажале стравување дека наместо катна гаража ќе биде изграден деловен објект кој ќе го намали и така малиот простор за паркирање и кој ќе биде поголем по својот габарит од предвиденото. Во своите петиции тие се повикуваат и на Законот за просторно уредување според кој начела во процесот на планирање и уредување на просторот се:
- рамномерен просторен развој;
- рационално уредување и користење на просторот;
- услови за хумано живеење и работа на граѓаните;
- надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет;
- оддржлив развој;
- заштита и унапредување на животната средина и природата;
- заштита на недвижното културно наследство;
- заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи и хаварии;
- јавност во постапка за донесување и спроведување на плановите
- усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и уредувањето на просторот.
Вака изгледаше местотот за кое станува збор пред почетокот на градбата.

Со самиот акт на продавање на ова место и промена во деталниот урбанистички план, се прекршени барањата за: услови за хумано живеење и работа на граѓаните; – заштита и унапредување на животната средина и природата; – јавност во постапка за донесување и спроведување на плановите; усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и уредувањето на просторот.
2. Во моментот кога го добил земјиштето (октомври 2007 година) Владимир Тодоровиќ изјавил дека објектот ќе има приземје, три ката и поткровје, дека ќе се гради на 3500 метри квадтарни и ќе биде со капацитет од 500 возила. Во приземјето ќе има голем супермаркет и 20 локали и се надевам дека сите тие ќе успеат да ги задоволат потребите на потенцијалните купувачи. Неговата изградба заедно со земјиштето, комуналиите и опремата ќе чини околу 12 милиони евра и треба да заврши за една година, изјави вчера Тодоровиќ.
Постоењето на 20 локали и голем супермаркет веќе во овој момент значат дека не станува збор за изградба на катна гаража чија намена е решавање на проблемот со парткирање туку градење на деловен центар којшто ќе има сопствен паркинг простор за своите потреби
3. Во јули 2009 година истиот тој Владимир Тодоровиќ изјавува дека деловната зграда со катна гаража, што неговата фирма ја гради во скопската населба Капиштец на улицата Васил Ѓорѓов спроти дирекцијата на “Жито лукс”, ќе ја пушти во употреба на почетокот на септември. Тој рече дека катната гаража зафаќа површина од околу 7.000 метри квадратни, а дека целиот објект, кој е висок 17 метри зафаќа површина од околу 13.000 метри квадратни. “Катната гаража ќе биде на седум платформи, секоја платформа има по 1.000 метри квадратни и ќе се обезбедат 300 паркинг места.
И сега имаме нов проблем и нови прашања:
- Дали се три или седум спрата
- Дали се 3500 или 7000 метри квадтарни
- Дали има место за 300 или за 500 автомобили
- Ако е катната гаража 7000 метри квадратни, а за паркирање на 300 автомобили се потребни 3000 квадратни метри имаме вишок од 4000 квадратни метри.
- Ако 10000 квадратни метри бидат издадени за локали и супермаркет тоа подразбира дека овие кутри 300 паркинг места не ќе можат да ги навасаат ни самите нив, а камо ли да служат како дел од катна гаража (само за споредба паркингот на ТЦ Рамстор кој што е наменет само за самиот трговски центар и не претендира на називот катна гаража има 500 паркинг места).
Вака изгледа “катната гаража“ во моментот:

Заклучок:
Нешто во сета оваа работа многу смрди. И тоа онака гадно. За вакви работи во светот се поведува истрага и започнува судска постапка. Во Македонија се добива место градоначалник.



Сепак живееме во капитализам … А правило на капитализмот не е
`ми смета ова ке се бунам `
туку
`најди пари и прави како што ти чини `
Колку пари ке имаш толку права и слободи ке имаш .
Јебига капитализам , некој ке седи на улица , некој ке лапа пари од странци и ке иде во Грчка ради што се секирал за човекови права , некој ке живее од криминал и провизии .
The grabbing hands
Grab all they can
All for themselves
After all
Its a competitive world
Everything counts in large amounts…
http://www.youtube.com/watch?v=mfq9FDxQ_Is
Depeche Mode – Everything Counts
People are people
1984
Проблемот е во непочитување на правилата. Ако урбаните планери не дале дозвола за пренамена на маркицата, не ќе можела зградата да се пренамени. Ама планерите не ги следат правилата. Бидејќи на факултет не морале да ги следат. Бидејќи во средно и во основно не морале да ги следат. Бидејќи учителите ни се апатетични. Најверојатно бидејќи платите им се доволни за еден ѓеврек, но не и за јогурт.
Заклучок, да им ги зголемиме платите на учителите, за малце да се потрудат во својата воспитна функција, за учениците да научат дека правилата треба да се почитуваат, за луѓето кои не ги почитуваат рпавилата да станат исклучок, а не правило.
Многу добра идеја. Во Финска направиле нешто слично. Ги направиле платите на наставниците на ниво на менаџери и сега имаат наставници со магистратура и докторат и едно од најдобрите образованија. Нивните издвојувања за образование се три пати поголеми од она за војската. Кај нас е обратно.
Да се вложат сите пари што се расфрлаат во моменто на дисперзирани факултети, многу брзо може да се поправи ситуацијата и кај нас.
neka mu ja srushat nego zgradata da gi vidam, kako na nekoi sto im napravija.
ako ako kaako ste zhneele ne shto ke berete ami i ke SRKATE
Не е само овој случај, истото се случува и со новиот објект на Тутунска банка карши НИП Нова Македонија. Едноставно кажано на градоначалникот на Центар му се може, а граѓаните никој не ги есапи. Токму денес поминав кај оваа зграда и можам да речам дека воопшто не личи на катна гаража. Планираните гаражи на крај ќе бидат дел од трговскиот центар во кој граѓаните ќе може да ги паркираат своите автомобили додека купуваат. Толку од “катната гаража”.
Мне срочно хотелось бы пообщаться с кем-нибудь по обозначенному вопросу. Кто хочет узнать что-то новое, стучите в асю 26799425