ЕДНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОМЕНА НА ГРБОТ
Многу е интересно како луѓето успеваат да бидат крајно неконзистентни под капата на наводна конзистентност. Под паролата на зачувување на идентитетот и традицијата, всушност се рушат многу работи кои во одреден момент станале дел од нашиот идентитет и ни се наметнуваат работи кои никогаш не биле дел од тој идентитет.
По мејл добив едно многу интересно размислување во врска со промените на грбот на државата кои што се предлагаат. Морам да кажам дека ептен се согласувам со линијата на размислување изнесена во овој мејл. Дури малку и чепкав наоколу и поголем дел од кажаното ми се потврди:
Уф, колку ме нервираат со ова грбот. Некако мала работа е, многу други елементи во државата повеќе би требало да ме загрижуваат, ама ако некогаш сум се прашувала во што лежи мојот идентитет како Македонка очигледно дел од тоа е во грбот!
По кој основ тоа „ни содржински ни концептуално апсолутно не ја изразува реалноста во која живее државата„? Дали веќе не сме земјоделска држава? Дали веќе немаме планини? Дали езерата толку ги упропастивме, та веќе да не заслужуваат да ни бидат на грбот? Го гледам сонцето на него и навистина не знам зошто би имале сонце нан нашиот грб. Сонцето не е значаен дел од нашиот живот. Сонцето не е дел од нашите државни симболи сега и во минатото. Сонцето не е претставено на нашето знаме… а чекај, можеби имаше некои зраци на знамето.
Можеби „спорен е целиот концепт„ поради афионот. Афионот бил повеќе одгледуван во турско доба отколку во социјализмот. Можеби тоа е проблемот, нашата вечна желба да избришеме пет века од нашата историја. Пет века во кои ништо значајно не се случило, ништо што би ја унапредило и дефинирало нашата култура. Или традиционалниот вез на дното, тој е особено спорен по своето не-античко потекло.
А за ѕвездата и да не зборуваме. 50 години на еден државен систем под кој сме живееле и за кој сме се бореле и кој, сакале или не, има огромно влијание на нашиот сегашен идентитет, е тие 50 години треба особено да се сотрат секаде во државата. Да не се знае каква огромна грешка сме направиле, како сме сакале да живееме во систем кој е праведен и кој го почитува работникот. Да не се знае како сме добиле независност после векови на неуспешна борба кон таа цел. Впрочем сите знаат дека најдобриот начин да не ги повториш грешките на минатото е да се преправаш дека никогаш не си ги направил.
Историјата треба да биде Александар Македонски, Цар Самуил, Никола Груевски. Меѓу тие периоди ништо да нема! И тоа ништо може најубаво да биде изразено преку еден од најупотребуваните симболи на светот кој по ништо не не разликува од десетици други народи и држави - лавот. Бидејќи лавот е најконцетрираната форма на симбол кој изразува се што нашата држава претставува. Сила! Моќ! Животински инстинкт! Благородност! Кога мислам на Македонија, токму тие зборови ми паѓаат на памет и кога гледам лавови во зоолошка веднаш си помислувам на мојата татковина.
Сосема правилно. Менувањето на еден од најубавите, најиндивидуалните грбови на светото кој во себе содржи миниму 7 елементи од македонската држава сега и во минатото во грб со една, мала врска со Македонија е добра идеја, а преименувањето во Северна Македонија е неосновано задирање во нашиот идентитет. Точно, одличен 5.
Грррррррр…..
Наоколу навистина има многу лавови:

А нашиот сегашен грб е со дух и содржина:

Може да се извади ѕвездата, и имаме нешто со што може да се идентификуваме сите ние што живееме во државата Македонија.



Може да се стави ѕвездата од Европска Унија или Македонското сонце наместо петокраката и толку.
Ако ѕвездата стане бела, тогаш таа ќе асоцира на САД, во чие знаме државите се претставени со бели ѕвезди петокраки.
A жолта, или плава?
A DA SI GO PRASASE TELETABITOT ZARE OD ZOMBIFIKACIJA,ISTOMISLENIKOT TVOJ ILI USTE PODOBRO ONOJ IZRODOT GEROSKI,VERUVAM DEKA STE NA ISTA FREKFENCIJA ….. he,he so onie SOROSOIDIITE …………. DA VE SOBERE COVEK VO EDEN KOSH I DA VE IZBRISE, DA VE NEMA ….. sega i grbot vi smeta,ufffff ke zaboravev ………. abe aj sto si go gubam vremeto so vas gjubrinja edni……..
[...] на кругот - ЕДНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОМЕНА НА ГРБОТ var addthis_pub = ‘addthis’; var addthis_language = ‘en’;var addthis_options = ‘email, favorites, [...]
Ќе умрете за тоа социјализмот значи…Од Титови социјалисти сите станавте најголеми “демократи-либерали”.Најчевска,тебе,геро,жаре,гелевски, и ред други анархисти,ви смета секаков симбол освен нешто македонско.На грбот луѓе се мочаат,под призмата на социјализмот луѓе се затвараа.Останавте вие неколку снобови,кои глумат прогресивност а се деструктивни ко нуклеарка.На денешниот грб на Македонија,нема ништо македонскo,планини има секој,афион има секој,а од сите членки на СФРЈ,само ние сме најтитови со петокрака на грб.Ее моја Најчевска,едно време навистина мислев дека си либерал,а настанa вистинска платформашка.Грбот представува гробот на македонија,без никаков дух.Како и знамево поточно вентилаторон кои твоите го поставија.Тешко на Македонскиот народ кога ти глумеше бранител на човекови права,поточно албански права.Плава петокрака сметам најдобро ќе е,да ви одговара со СДС.Досадни сте бе ко стеници,имате ли живот?Глеј си фамилијата,нафатирана си,доста се алчите за власт.
Ќе умрете за тоа социјализмот значи…Од Титови социјалисти сите станавте најголеми “демократи-либерали”.Најчевска,тебе,геро,жаре,гелевски, и ред други анархисти,ви смета секаков симбол освен нешто македонско.На грбот луѓе се мочаат,под призмата на социјализмот луѓе се затвараа.Останавте вие неколку снобови,кои глумат прогресивност а се деструктивни ко нуклеарка.На денешниот грб на Македонија,нема ништо македонскo,планини има секој,афион има секој,а од сите членки на СФРЈ,само ние сме најтитови со петокрака на грб.Ее моја Најчевска,едно време навистина мислев дека си либерал,а настанa вистинска платформашка.Имаш возраст на кој би требало до сега да научиш за демократијата и либерализмот,за жал погрешно го толкувавте.Плукај по власта,плукај по институциите,не го плукај народот.Преку ноќ станавте слободни граѓани па незнаевте од кај да фатите попрво,плукни по ова,плукни по она,ги рѓосавте македонцине цела тајфа што сте.За Албанците не смеете пошо таму калаш игра.Грбот представува гробот на македонија,без никаков дух.Како и знамево поточно вентилаторон кои твоите го поставија.Тешко на Македонскиот народ кога ти глумеше бранител на човекови права,поточно албански права.Плава петокрака сметам најдобро ќе е,да ви одговара со СДС.Или орел а?Задоволни ќе бидете?Орел у плаво,со петокрака?Досадни сте бе ко стеници,имате ли живот?
Речиси во целост се согласувам со статијава. Се чудам што толку им смета петокраката, па таа не асоцира само комунизам. Нели и во знамето на Европска Унија ја има, во знамето на САД… Јас не сум за тоа да се одтргне петокраката од грбот, туку (ако толку им пречи на некој) би можела да биде жолта па така повеќе би асоцирала на нашата европска иднина. Ако се оствари актуелниов предлог на владата тогаш ние би имале ништо друго, освен „шут“ грб, без никаква естетика. А што се однесува до лавот лично не го чувствувам како симбол на Македонија и неможам да се идентификувам со него. На крајот на краиштата социјализмот не беше толку црн, па се што е од тој период да треба да се смени.