АНОНИМУСИ ВО ДИПЛОМАТИЈАТА

Дипломатското делување е составено од многу знаење, уште повеќе искуство и мрежа од познанаства. Лобист во дипломатијата може да биде човек кој е многу добро информиран, има големо знаење за материјата, кој е пробивен и сигурен во себе. Голем број од лобистите (посебно во дипломатијата) доаѓаат од редот на луѓе кои изградиле кариера како законотворци, поранешни политичари, или, луѓе кои поминале долги години во дипломатската служба кога имале можност да стекнат соодветно искуство и да создадат мрежа од контакти.

Пред некоја година нашата држава го испрати Никола Димитров да лобира по светот за Македонија. Младо, интелегентно дете без никакво искуство. Полн со ентузијазам и спремен да биде намачкан на леб од секоја шуша која се наоѓа малку подолго во дипломатијата, а камоли од дипломатските ајкули кои пливаат во ООН и во Брисел. Резултатот беше негативна 0.

Потоа беше назначен Протуѓер. Уште едно дете спремно за војзање по дипломатските лизгалици (дури и неспремно да падне затоа што рацете цело време му беа во џебовите). Во богатата активност во неговите 30 години живот, според официјалната биографија, спаѓа тоа што во “своето школување добил стипендии од повеќе институции“.

Сега, во клучен момент за Македонија, Владата го испраќа во Брисел Дејан Ѓоршовски. Дете без биографија (завршил факултет во 2005 година), без искуство, без авторитет и позиција. Сигурна сум дека никој не мисли дека службеникот за договори за микропроекти во канцеларијата на ЕУ во Македонија може да биде перцепирана како некаков фактор и рамноправен партнер за муабет во Брисел. И сигурна сум дека никој не очекува резултат од тоа (барем не позитивен за Македонија).

Жална и тажна Македонија. Среќа што Господ е со нас.

Leave a comment

Your email address will not be published.