ЗА ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА
Последниве неколку дена се појавија многу интересни написи и изјави поврзани со излегувањето на “Македонската енциклопедија“ . Се зборува за скандал, за навреди, се бара повлекување на енциклопедијата или, во најмала мера, нејзино преправање.
Јас не сум ја видела Енциклопедијата (за жал). Не знам што пишува во неа. Меѓутоа сум видела многу други енциклопедии и слични дела (албански, бугарски, грчки, српски, англиски, американски, руски, турски, …). И знам што пишува во нив. И, имам проблем со ова што се случува околу македонската енциклопедија и начинот на којшто се манипулира јавноста.
Прво
Секој народ ја отсликува историјата низ сопствената перспектива и секој народ се обидува да се претстави себе си на најдобар можен начин. Енциклопедиите вообичаено содржат многу прикриени и отворени стереотипи и предрасуди, лепеза од перцепции кои се нарекуваат факти, лични толкувања на настаните, испуштени и додадени нешта, преувеличани или минимизирани влијанија.
Ако е ова “Македонска енциклопедија” како што пишува на кориците, многу очекувано е дека во неа е дадена перспективата на една етничка заедница. Таа не е енциклопедија на Македонија или за Македонија (во смисла на државата), туку енциклопедија на еден народ кој што станал нација со воспоставувањето на сопствената државност. И, сигурна сум дека во неа е дадена перспективата на Македонците, а не на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и сите останати кои подолго или пократко живеат на територијата која што денес е препознаена како посебна држава.
Второ
Цензурата е една од најстрашните работи кои што може да и се случи на една држава која што претендира да се нарече демократска. Дури и според нашиот Устав, слободата на говорот е едно од правата кои што не смеат да бидат ограничени ниту во услови на војна.
Забраната на објавување научен труд претставува цензура од најстрашен вид.
Ограничувањето на слободата на говорот може да се однесува само на однапред законски дефинирани случаи кои значат ограничување на правата на другите. Во нашиот кривичен законик постојат такви заштитни одредби и ако некој мисли дека треба да се активира некоја од овие одредби постои и процедура и органи пред кои се поведува постапката. Во спротивно лесно се паѓа во стапицата на цензурата.
Еднаш дозволена цензура отвора врата за редица од забрани кои вообичаено водат кон такво ниво на ограничување на прават и слободите на граѓаните кое го оневозможува функционирањето на државата како демократска.
Трето
Забраната на Македонската енциклопедија не може да ги амнестира пропустите на сите владеачки структури од различни етнички заедници да ги постават темелите на демократијата врз граѓанска почва, а не врз етничка, и отсуството на свест за потребата од отворање широка расправа за меѓуетничките односи, за сегрегацијата за доброволната изолација, за употребата на јазиците, за (не)толеранцијата, (не)почитувањето наразликите и (не)мултикултурноста.
Ова е само еден показател дека нешто не е како што треба. Длабоко, секојкдневно. И не може за тоа да се обвини само една институција, ниту само една политичка гарнитура, ниту само една етничка заедница.
Поарата си ја надробивме сите заедно. И заедно ќе ја сркаме.
Четврто
Има многу работи кои излегуваат од печат и со кои не се согласувам. Некои од нив го навредуваат моето чувство за естетика, некои се спротивни на моите видувања за мојот сопствен идентитет, некои се спротивни на здравиот разум, многу од нив го повредуваат човечкото достоинство. Може и треба да бидат забранети само оние кои што можат да се подведат под позитивната законска регулатива, во соодветна судска постапка.
Се друго е или линч или цензура.
Што се однесува до амбасадорите кои се изјаснија бргу бргу, имаме посебен проблем.
Прво
Се прашувам, на кој начин и по кои канали амбасадорите добија примероци од енциклопедијата која што штотуку излезе од печат. И кога побргу добија соодветен превод на кој можеа да реагираат. Или пак некој им раскажал, ги подбуцнал или изманипулирал?
Второ
Не верувам дека ценетите амбасадори во нивните демократски држави ќе се осмелеа да побараат цензура на научен (па и полунаучен) текст.
Трето
Не верувам дека во некоја друга држава кон која што ценетите амбасадори гааат соодветен респект ќе си дозволеа мешање во внатрешните работи на така очигледен и сиров начин.
Заради ова, остро се спротиставувам на забраната на Македонската енциклопедија. Сметам дека таа треба да биде пуштена во јавноста за да може да се види, за да може за неа да разговараме, за да може да отвориме научни, стручни и пошироки дебати за прашањата кои не мачат. Зад текстот на ова дело стојат луѓе со ставови, знаење и видување на работите. Со нив можеме да спориме, можеме да им се спротиставиме, може да изнесеме противаргументи.
За да може работите да ги направиме подобри треба да знаеме што е она што не чини. Тоа во никој случај не може да се постигне со забрана на се што не ни се допаѓа. И посебно не со цензура.



Ни јас не сум ја видела Енциклопедијата, но сосема ги прифаќам твоите ставови.
Ја поддржувам слободата на изразувањето и сум против цензурата, особено насилничката.
„Ако е ова “Македонска енциклопедија” како што пишува на кориците, многу очекувано е дека во неа е дадена перспективата на една етничка заедница. Таа не е енциклопедија на Македонија или за Македонија (во смисла на државата), туку енциклопедија на еден народ кој што станал нација со воспоставувањето на сопствената државност.„
Од каде ти е ова? Дали кога ќе се рече „Македонски„ пасоши се мисли само на пасошите на етничките Македонци?
Ако во енциклопедијата треба да се содржи перспективата на само една етничка заедница, тогаш што мајка барале преговорите со албански академици и научници да се вклучат во изработката? И што со Власите и Србите кои учествуваа во проектот? Што пак со текстовите за историски личности со немакедонско потекло (Мајка Тереза, Али АХмети, што чув а сигурно и уште многу други), да ги избришеме треба?
А импликациите од втората реченица се следниве:
Ако народот (македонски) станал нација, дали тоа значи дека таа нација ги исклучува сите други кои не се етнички Македонци? И уште повеќе, ако тој народ ја воспоставил *сопствената* државност, дали тоа значи дека државата е првенствено нивна, а потоа и на другите?
Целиот текст се изведува од ваквата неиздржана и по својата суштина комуњарска претпоставка, и без таа, целиот текст ти паѓа во вода.
Целосно се согласувам – не може никој да ми даде пример во кој што Премиер, политичар, амбасадор кажува на научниции и академици од иста или друга земја што треба и што не треба да пишуваат. Или дека протестите на улица ќе ги сменат фактите дека Али Ахмети има статус каков што има во Швајцарија, или дека од Гугле ќе успеат да се избришат сите текстови од разни извори дека МПРИ ги обучуваше и двете страни (и можеби спречи голема граѓанска војна).
Туку, не ми е јасно зошто не можеше да се причека уште некој месец за да се испеглаат некои грешки пред да се објави?
Сатаниел, МАНУ прави уште една Енциклопедија која ќе биде повеќетомна и „званична“ и допрва треба да излезе…
Киро, најлошо е кога некој зборува на памет.
Еве ти цитат:
„Во дел од албанската научна јавност се инсистриаше енциклопецијата да нема национален атрибут „македонска“, туку да се наслови како „Енциклопедија на Македонија“.
„Ние правевме национална, во смисла на државна енциклопедија. Ги почитуваме рамноправно сите етнички заедници во Република Македонија и тие се опфатени во доста голем обем од сите области, и како личности и како факти“, одговара академик Блаже Ристески, кој го предводеше тимот на МАНУ за создавање на македонската енциклопедија.„
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4696288,00.html
Зошто и како во Македонската енциклопедија, која претендира да биде „државна енциклопедија„ како што вели редакторот, беа исклучени од работниот тим албанските научници, не беа земени во предвид нивните гледишта, и се излезе со една апла албанофобна верзија? тоа е главното прашање. Тоа не е и не смее да биде местото на АЛбанците во македонската историја. Ние сами си пукаме во нога доколку мислиме дека со таквиот дискурс го зацврстуваме националниот идентитет, бидејќи АЛбанците се (или треба да бидат) дел од тој национален идентитет.
Тоа што се „научници„ кобајаги и академици овие луѓе не им дава никаков имунитет. Напротив, токму тоа е генератор на проблемот, што официјалната македонска историја и самопоимање почиваат на такви за едно мултиетничко општество неодржливи премиси.
Целата дебата која што настана по излегувањето на енциклопедијата е повеќе од добредојдена, бидејќи таа ќе ја принуди официјалната македонска историографија да ги преиспита своите етноцентристички гледишта.
И зошто странските амбасадори не би имале легитимно право да негираат информации за кои сметаат дека ги ставаат нивните матични држави во негативно светло? Меѓутоа сепак има разлика помеѓу негирање на информација и осуда или цензура на книга, што е недопустливо, особено доколку доаѓа од амбасадор.
Македонската историја плаче за да се пренапише, по „рамковен терк„ ако сакате. Историјата секоја генерација ја пишува од ново, а ја пишува за да се легитимизира самата себе. Тоа е историска законитост, не е никаква постмодерна. Мултиетничка Македонија не е оддржлива на долги патеки со етноцентрична историја. Овие дебати се во основа болни но добредојдени дебати со кои ние го редефинираме нашето поимање за нацијата. И на крајот од тие дебати или лежи заеднички наратив, решение, компромис, или распад на државата, таква каква што е сега.
И уште нешто околу цензурата, бидејќи сите се расфрлаат со тој збор, а нема врска.
Цензура е кога институциите му оневозможуваат на индивидуалецот да го искаже своето мислење, а не кога индивидуалците притискаат на институцијата да ги земе во предвид и застапува нивните мислења.
Во учебникот за социологија за таму кое одделение пишуваше за хомосексуалците дека се девијантни и болни личности. Зарем повици за цензура беа барањата да се исфрли тој дел? Фала богу, не излезе Кочо да се заканува со палење знамиња, огнови и примирја, ама па тоа е веќе друга прича. Изгледа немаме само ние Македонците монопол на глупоста.
Сатаниел,
јас воопшто не се согласувам со ситуацијата во која што историјата и сегашноста на оваа држава ја пишува една етничка заедница (ова сум го кажала и научно сум го поткрепила уште некаде пред 16 години). Јас сакам да ги видам сите перспективи и сите видувања. За методологијата на пишување на историјата која што ја имам развиено со колешката Виолета Петроска Бешка може да видиш и на интернет, а ко побараш под историја и пишување на историја и сл.
Тоа не го менува фактот дека вообичаено (во светот, Европа и поблиската околина) енциклопедиите и историите претставуваат пред се приказ на перспективата на една етничка заедница. Се спротиставувам на фрлањето во неола, као ние сме направиле невидена грешка, глупост и сл. И пред се ме нервира посипувањето со пепел и галамата што ја дига СДСМ.
Цензурата е многу поширок поим од тоа што го кажуваш. Таа може да се изрази и како самоцензура, или како резултат на најавен линч или огромен социјален притисок. Најстрашно нешто е да се оневозможи расправа и изнесување на спротиставени аргументи заради тоа што нешто однапред го забрануваме.
Деловите за хомосексуалноста во законите и учебниците се тргаат на сосема легален начин заради тоа што постојат одредби за дискриминација под кои што може да ги повдедеме. Ако ги погледнеш членовите од кривичниот законик кои што се бават со навреда и клевета, ќе видиш дека има многу јасна дистинкција од она што е кажано во научни трудови и поткрепено со научен метод, од обичното изнесување на податоци за некого.
Владеењето на правото е гаранција и на правата и слободите на луѓето. Линчот и логиката на масата претставуваат најлош непријател токму на владеењето на правото и слободата и различноста и индивидуата. Тие бесат па судат.
Се согласувам со Киро Велковски и со Мирјана Најчевска. Другото се’ е кажано.
Се согласувам со Најчевска и со Киро Велковски во потполност.Науката никогаш не треба да се доведе биде фудбалска топка на политички стадион.Проблемот на ДУИ не е Албанското озваничување и историјата туку начинот на кој тие се представени.Да направиме рестроспектива,2001 год ние ги викавме паравоени структури,Западот терористи,после им го позајмивме.Објаснете им на тие деца без татковци Сатаниел за што се бореле и за кое зачувување на интегритет на една држава загинале.Сега сме мултиетничка држава со сомнителен процент на албанска популација,но каква таква сме.Ако Али Ахмети го пишат како борец за слобода,што треба да напишат за Македонската држава?Фашисти кои угнетувале и предизвикале да некој направи државен удар?Се додека имам моќ на мнозинство нема да го преспијам тоа,демократско право.Кога еден Албанец во оваа земја,зборам од политичкиот блок,ќе земе на своја рака да работи за просперитет на својата држава Македонија,затоа што и тие се државјани,јас ќе бидам првиот против такво преставување на Албанските политички фактори.Јас не гледам никакво функционирање на Албанските партии освен некакво цимолење за неправди кон нив.Тие не сакаат никаков просперитет на оваа држава освен обезбедување на нивните имагинарни права.Јас не сум крив нивните деца што немаат толку просек да се запишат на Медицинско средно,па “насилно”,влегоа без приемни.Не би си го дал здравјето албанец да ми го одредува,никогаш,а ни генерациите после мене.Велиш дека Албанците биле исклучени од создавање на Енциклопедијата?Они се навистина сомнителен процент,второ не се мнозинство(демократија),МАНУ е Македонска Академија,не Македонско Албанска Академија.Не спаѓа МАНУ во нивниот 25.6 %.Македонците проголтаа многу Сатанинел,се дур на Албанците не им текне да придонесуваат за оваа држава и да ги штитат нејзините интереси,не на Косово и Албанија,ова ќе им се случува.До нив е таканаречениот и ним непознат “соживот”.Ако се они спремни да на Научен план го оспорат тој дел навредлив за нив,бујрум нивни научници,еве си имаат новинари,директ во МАНУ и тука веќе има дискусија.Албанците се втори на балканот по плачење и штрајкување.Не пали веќе тоа излези на улица и клевети.Факти се бараат,факти,наука,знаење,ај ако не копачите да ги зееме.
мирјана,
од една страна „јас воопшто не се согласувам со ситуацијата во која што историјата и сегашноста на оваа држава ја пишува една етничка заедница„, а од друга „тоа не го менува фактот дека вообичаено (во светот, Европа и поблиската околина) енциклопедиите и историите претставуваат пред се приказ на перспективата на една етничка заедница„, па поради тоа не сме направиле грешка. Сега кое од овие две ќе биде? Реши се.
Сеедно ти како ќе се решиш, тоа не менува дека неколку работи.
1. Не е точно дека вообичаено историите се приказ на перспективите на етничките заедници. За пример само, американската историја се разликува од американската „бела„ историја од пред сегрегацијата токму поради тоа што е пренапишана и не ја дава перспективата на само една раса. Историите на сите европски држави значително се разликуваат од времето на колонијализмот, да речеме, а денес Западна Европа де факто пишува заедничка историја (т.н. евроцентрична).
2. Дури и да си пишуваат некои држави свои „етно-национални„ истории, ние не можеме да си го дозволиме тој луксуз, освен ако свесно не притискаме за деунитаризација на државата. Еднаш веќе треба да сфатиме дека ние не сме како другите етно-национални држави (со 90%+хомогено население).
Социјален притисок се додека е со демократски средства е легитимна работа, и тоа не е цензура. Линч никој не заговара. Она што и јас го осудувам се заканите. Не може да се пребегне фактот дека Енциклопедијата (исто како и учебниците одобрени од министерство) има тежина на државен документ, не е која било книга напишана од Паскота или Донски, па да си играме мајтап и мува да не не лази што глупости се компримирани во нив. Сосема аналогна на Енциклопедијата е ситуацијата со учебникот. Не ти држат контра-аргументите.
Прво и основно, СЕ УШТЕ не постојат одредби за дискриминација по основа на сексуалноста, па тоа да ни биде изговор зошто е барано да се тргнат тие референци (ова барем би требало да го знаеш, како некој што цел живот се бави со антидискриминација), иако не ми е јасно во што се состои дискриминацијата во случајов.
Второ, „јасната дистинкција„ помеѓу она што е поткрепено со научен матод и неоснованото клеветење и ширење говор на омраза постои само на хартија и во твојата глава. Не знам колку ти е познато, но во Македонија истакнати професори и научници пишуваат „стручни„ книги во кои хомосексуалноста се опишува како болест на сексуалниот нагон, а хомосексуалците се почестуваат со едно чудо не баш ласкави епитети. Колку за нивниот „научен метод„, да им се серам на методот. Но не е тоа никаков македонски феномен. Историјата на науката е полна со такви примери, каде со помош на „научниот метод„ е докажувано дека жените се со помал интелектуален и емоционален капацитет од мажите, црнците од белците, свињите од делфините итн.
Кога таков еден наратив кој оди против принципите на инклузивност и толеранција, а директно шири говор на омраза и навредува, се промовира на државно ниво (Енциклопедијата не е ништо друго туку „државна енциклопедија„ како што вели Ристовски, и учебникот не е ништо другу туку државен учебник по социологија), тогаш зарем немаат право оние малцинства што се погодени да извршат силен притисок со демократски средства врз државната институција за да излиже онаму каде што укакала? Значи, да го повлече навредливиот текст, да го корегира, и да се извини?
Џабе аналогиите со „славомакедонци„ и „ниггерс„. До толку сме слепи со национализам, што веќе воопшто престанува да биде битно во што точно е проблемот; единственото што е битно сега е по секоја цена да не се дозволи уште една „отстапка„ пред Албанците.
Оливер, ти и Најче одлично се слагате дека енциклопедиите и академиите се етнички творби и дека „Македонска„ не значело и Албанска, така да нема потреба што да се дискутира. Трагичното е што не сте далеку од вистината. Инаку можеби немаше МАНУ академик Албанец да го назначи пред 3 само години.
Инаку можеби немаше МАНУ *првиот академик Албанец да го назначи пред 3 само години.
Инаку можеби немаше МАНУ *првиот академик Албанец да го назначи пред *само 3 години. Неписмен сум нешто сабајлечки.
Read it carefully i shall post this only once!(како во Ало,Ало)
http://www.taratur.com/node/11458
Ми се допаѓа дискусијава. Сега сум навистина поделен во мислењето !
http://www.kroraina.com/knigi/mak_enc/index.html ако на некој му се чита пред да коментира. Ако не му се чита, може и на памет да се коментира…
Сатаниел, немам линк ама го имаше на некоја емисија дека оваа не е Енциклопедијата на РМ што ја прават со години туку некое друго издание. Ќе излезе во јавноста наскоро.
Ете да читаш до тогаш http://www.kroraina.com/knigi/mak_enc/index.html