ЗОШТО ЛАТАС ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИ ОД ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Во демократска држава во која што владее правото, до сега ќе беше донесен закон за заштита од дискриминација.
Доколку беше донесен ваков закон тогаш главниот и одговорен уредник на дневниот весник Вечер, Драган Павловиќ Латас, во врска со написот под наслов “За пропедерските изјави Владе Милчин ќе оди на суд “ од 31.10.2009 година, ќе беше повикан да одговара за:
1. Повикување и поттикнување на дискриминација
Член 8
Како дискриминација ќе се смета и секоја активност со која некое лице директно или индиректно повикува, охрабрува, дава упатства или убедува друго лице да изврши дискриминација.
2. Вознемирување
Член 10
(1) Вознемирувањето е секое однесување поврзано со која било дискриминаторска основа, независно од тоа дали се манифестира на физички, вербален или друг начин, кое има за цел или резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.
(2) Сексуално вознемирување е несакано однесување од сексуален карактер, кое се изразува физички, вербално или на било кој друг начин, а има за цел да предизвика повреда на достоинството на лицето и/или да создаде непријателско, заканувачко и понижувачко опкружување, особено кога одбивањето да се прифати таквото однесување или притисокот да биде прифатено, може да доведе до донесување на одлуки кои имаат влијание на тоа лице.
(3) Како вознемирување се смета и заканата со дискриминација, гонење или сегрегација, како и градење и одржување на архитектонско опкружување кое го отежнува пристапот на луѓето со инвалидитет до јавните места односно недостаток од соодветни адаптации за луѓето со инвалидитет.
3. Виктимизација
Член 12
За дискриминација се смета и виктимизацијата, односно понеповолно постапување кон лице кое презело или се претпоставува дека презело или дека ќе преземе било каква активност за заштита од дискриминација, независно од тоа дали дискриминацијата е насочена кон тоа или кон друго лице.
4. Спречување на поднесување заедничка тужба
Член 61
(1) Здруженија и фондации, установи или други организации од граѓанскотот општество, а имаат оправдан интерес за заштита на колективните интереси на одредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита на правата на еднакво постапување, можат да поднесат тужба и во постапката пред судот да настапат како сопарничари против лицето кое го повредило правото на еднакво постапување, ако направат веројатно дека со постапувањето на тужениот е повредено правото на еднакво постапување на поголем број лица.
Заради сето ова Латас и сличните на него има зошто да се плашат од донесувањето на Законот за заштита од дискриминација, а медиумите дефинитивно ќе мораат да ја преиспитаат својата политика кога станува збор за ширењето на дискриминацијата, поттикнување на дискриминација и вознемирување како облик на дискриминација.



Кој да се плаши? Во оваа БАНАНА држава?? Аб ај не зезај…
Koga rechenicite vo Vecher i na Latas kje imaat nekakva smilsa i barem malce gramatika, mozhe i kje razberam dali se diskriminatorski ili ne.