ЛИЧНА КАРТА или НЕПРАВОТО НА ДЕЛО

1. Решението на власта да ги смени личните документи независно од тоа дали се важечки или не претставува дополнителен трошок за секој граѓанин - на овој начин станува дополнителен данок кој излегува надвор од листатат на даноци

2. Во Законот за измена на личната карта не пишува дека граѓанинот треба да ја плати измената - на овој начин се воспоставува давачка без закон

3. Луѓето кои имаат трајни лични карти се изложени на промена која излегува надвор од системот на владеењето на правото како правна сигурност

4. На ниту едно место не постои официјален запис дека закажување за промена на личната карта треба да се направи на таинствениот телефонски број 080019292. Напротив, на интернет страната на МВР е даден образец кој што се поднесува лично и со кој се бара промена на личната карта.

5. Не е точно дека граѓаните имале 3 години да ги променат документите. Законот за промена на личната карта е донесен на 19.02.2007 г., стапил во сила на 27.02.2007,  а одредбите со кои се овозможува аплицирање за нова лична карта стапиле на сила на 3.10.2007 г. (што е видливоод самиот закон - чл. 15 и на интернет страната на МВР каде што е даден датумот на прикачување на барањето за лична карта).

6. Неможноста да се закаже постапка за промена на личната карта на друг начин освен по фиксен телефон претставува дискриминација на граѓаните кои немаат ваков телефон или телефонот им е исклучен поради неплатени телефонски сметки

ЗАКЛУЧОК:

МВР ЛАЖЕ, МАМИ И КРАДЕ, а граѓаните си се редат како овчички и се туркаат која побргу да биде истрижана.

Comments (5)

Киро ВелковскиNovember 20th, 2009 at 12:16 pm

Најмногу 2 и 3 се проблематични, има начин да се покрене некаква постапка против овој закон? Што ќе рече, не ми е проблем да ги сменам, ама без туркање, без пари плаќање…

АлександарNovember 20th, 2009 at 5:03 pm

Во барањето за лична карта постојат 4 причини поради кои доаѓа до промена на личната карта, од тие ниту едно не посочува на нужноста од промена.
На пример мојата лична карта важи уште неколку години што значи дека јас кога би заокружил една од четирите наведени причини ќе испадне дека лажам.
За илустрација ќе ги препишам од барањето:
1. Прва лична карта
2. замена поради истечен рок на важење
3. дупликат лична карта(изгубена или оштетена
4. промена на податоци
Значи јас треба да извадам нова лична карта иако не исполнувам ниту еден од овие критериуми.
Смешно…

Mirjana NajcevskaNovember 21st, 2009 at 9:07 am

Би требало да може да се оспори Законот во делот на присилата да се смени личната исправа, меѓутоа во отсуство на независни судови тоа станува многу проблематично.
Јас барав каде е кажано дека закажувањето мора да се направи на телефон, меѓутоа не најдов официјална потврда за ова. Инаку тоа може да се постави пред Уставен како дискриминација.
Хаосот и произволието се толку големи, што едноставно не може ни судска заштита да се побара.

Dame1612November 23rd, 2009 at 12:47 pm

И шо сеа да ти купам точак …. Даме и Ифанна

АлександарNovember 27th, 2009 at 4:32 pm

Неправото на дело почнува да ни ги уништува животите. Имено…
Денес бев за лична карта(т.е во надеж да ја заменам старата која е важечка со нова), нормално имав закажано. Арно ама таму закажаното не важи, се чека во орди, не во редови. По еден час чекање системот падна и луѓето кои чекаа почнаа еден по еден да си одат со надеж дека некој нареден ден ќе завршат работа. Притоа, една жена во години ми рече дека доаѓа петти ден по ред и дека секој ден по час или два системот паѓа а таа не може да дојде на ред а дека дома чува болен маж кој неодамна претрпел срцев удар. Значи во понеделник таа ќе оди по шести пат(шести работен ден по ред) а јас ќе одам вторпат.
Се прашувам за можните последици по мене, јас треба да одам на работа и доколку паѓањето на системот ме снајде како и оваа жена тоа значи дека јас од работа може и да добијам отказ. Нормално, да остуствувате од работа 5-6 дена, или да доцните по 3-4 саати не е нормално.
Сето тоа заради оваа дебилна кампања за „задолжително“ менување на веќе важечки лични документи.
И сега сум во дилема, дали да ризикувам да добијам отказ или да ризикувам да бидам казнет?
Не гледам дека постои избор.

Leave a comment

Your comment