СРЕЌНА НОВА 41? – НЕ. 48? – НЕ. СРЕЌНА НОВА 2011 ГОДИНА. ИЛИ, СРАМ ДА МУ Е НА ТОЈ ШТО ЌЕ ПОМИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ФАШИСТИЧКА ДРЖАВА

Dr. Lawrence Britt направил анализа на неколку фашистички режими (Германија, Италија, Шпанија, Индонезија и неколку латинско-американски режими), и издвоил 14 карактеристики заеднички за сите нив:

1. Продолжителен национализам – фашистичките режими се склони на тоа да употребуваат патриотски слогани, пароли, песни, симболи и сл. На секаде се поставуваат знамиња и симболи поврзани со знамето.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОСТАВЕНИ 30? 50? 100? 200? ЈАРБОЛИ СО З

НАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА (ЗА НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА ПОТРОШИЈА ОКОЛУ 600.000 ЕВРА САМО НА ЗНАМИЊА И ЈАРБОЛИ, СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА БИРОТО ЗА ЈАВНО НАБАВКИ. ОВАА СУМА ВЕРОЈАТНО Е ПОГОЛЕМА СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО ДЕЛ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ И ОПШТИНИТЕ ИЛИ ДОЦНАТ ИЛИ ВООПШТО НЕ ГИ ДОСТАВУААТ ИЗВЕСТУВАЊАТА ЗА СПРОВЕДЕНИТЕ НАБАВКИ). ИЗГРАДЕНИ СЕ НАД 100 СПОМЕНИЦИ ОД ПОБЛИСКОТО И ПОДАЛЕЧНОТО МИНАТО, СЕ ГРАДИ МУЗЕЈ НА ВМРО-ДПМНЕ, СЕ ПОСТАВУВААТ БИЛБОРДИ СО КОИ СЕ ПОВИКУВА НА ПАТРИОТИЗАМ И НАЦИОНАЛНА СВЕСТ И ЕДИНСТВО.

2.  Непочитување на човековите права – поради стравот од непријатели и барањето за безбедност, се промовира идејата дека човековите права треба некогаш да бидат ограничени заради повисоки цели. Луѓето имаат обичај да гледаат настрана кога се случуваат акти на тортура, незаконски апсења, долги притвори и сл.

СПОРЕД НАЈНОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА 78% ОД АНКЕТИРАНИТЕ МИСЛАТ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ДИСКРИМИНИРА ВРЗ ОСНОВА НА ПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ. НЕМА НЕЗАВИСНИ ТЕЛА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ. СУДОВИТЕ НЕ ДОНЕСУВААТ РЕШЕНИЈА СО КОИ СЕ УТВРДУВА НЕЗАКОНИТОСТ НА ПОЛИЦИСКО ПОСТАПУВАЊЕ. НЕ Е РАЗРЕШЕН НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА СМРТ ВО ЗАТВОРИТЕ (СЕ ДО НАЈБИЗАРНИОТ СЛУЧАЈ НА САМОУБИСТВО СО ДАВЕЊЕ ВО КОФА). ВО ПСИХИЈАТРИСКА УСТАНОВА МОЖЕ ДА СЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН СО МЕСЕЦИ И ГОДИНИ БЕЗ СУДСКО РЕШЕНИЕ.

3. Препознавање на непријатели како начин на унификација – луѓето се наведуваат на унифицирачка патриотска френезија како потреба за одбрана од елиминирање на заедничка закана.

СЕКОЈ КОЈ НЕ ЈА СПОДЕЛУВА НАЦИОНАЛИСТИЧКО-ПАТРИОТСКАТА ЕУФОРИЈА Е ЕТИКЕТИРАН КАКО ПРЕДАВНИК А ИСТОВЕТНОСТА НА НАСТАПОТ СЕ ПРИКАЖУВА КАКО НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ. ИЗРАБОТЕНИ СЕ СПОТОВИ КОИ ПОВИКУВААТ НА УНИФИКАЦИЈА И ЛУЃЕТО СЕ ДЕЛАТ НА ПАТРИОТИ И НЕПАТРИОТИ.

4. Надреденост на војската – дури и кога постојат раширени внатрешни проблеми, на војската и се дава непропорционално поголема сума пари. Војската и воената служба се гламуризираат.

ВОЈСКАТА ВО МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НЕСРАЗМЕРНО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СРЕДСТВА НА БУЏЕТОТ И СЕ ПРИКАЖУВА КАКО ЕДНА ОД ГОРДОСТИТЕ НА НАЦИЈАТА СО КОЈА СЕ ПРЕЗЕНТИРАМЕ КАКО РАМНОПРАВНА ДРЖАВА ПРЕД ОСТАНАТИТЕ.

5. Неконтролиран сексизам – владите на фашистичките националисти се склони кон тоа да бидат ексклузивно машко-доминантни. Традиционалните родови улоги се потенцираат, а абортусот и хомосексуалноста се забрануваат. Државата се претставува како највисок заштитник на семејството.

НА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЗА ПРВ ПАТ НЕ Е ИЗБРАНА НИТУ ЕДНА ЖЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК, РАЗЛИКАТА ВО ПАРИЧНИТЕ ПРИМАЊА МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ Е ПОДИГНАТА ОД 26 НА 31%, А НА ТАБЕЛИТЕ НА ГЛОБАЛНАТА РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ МАКЕДОНИЈА Е ПАДНАТА ВО ОДНОС НА 2006 ГОДИНА ЗА 26 МЕСТА. ЖЕНИТЕ И ЗАКОНСКИ СЕ СТИМУЛИРААТ ДА РАЃААТ И ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА СЕМЕЈСТВОТО, А ПРОПАГАНДАТА ГО ПОДДРЖУВА ПОВЕЌЕДЕТНОТО СЕМЕЈСТВО СО СТРОГА ПОДЕЛБА НА УЛОГИТЕ МЕЃУ МАЖОТ И ЖЕНАТА. ВЛАСТА Е ОТВОРЕНО ПРОТИВ АБОРТУСОТ (ФИНАНСИРА КАМПАЊИ И ПОДДРЖУВА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ) И Е ОТВОРЕНО ПРОТИВ ХОМОСЕКСУАЛНОСТА (ПОДДРЖУВА И ПРОМЕНИ НА УСТАВОТ СО КОИ ЌЕ СЕ ЗАБРАНАТ ХОМОСЕКСУАЛНИ ПАРТНЕРСТВА).

6. Контролирани медиуми – понекогаш директно од власта, а во други случаи  индиректно со посебна регулатива, или со препознатливи раководни структури или извикани новинари блиски до власта.

ВО МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА ВЛАСТА (НАЈЕКВАТАНТНИ ПРИМЕРИ СЕ: КАНАЛ 5, СИТЕЛ, МТВ, НАША ТВ, ВЕЧЕР), А ОНИЕ КОИ НЕ СЕ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА НАЈРАЗЛИЧНИ ПРИТИСОЦИ (А1 ТВ, ВРЕМЕ, ШПИЦ). НАЦИОНАЛНАТА ТВ (МРТ) СЕ КОРИСТИ ЗА КОНТИНУИРАНА ПРОПАГАНДА НА ВЛАДАТА.

7. Опсесија со националната безбедност – стравот се користи како алатка за мотивирање од страна на власта во однос на граѓаните.

МАКЕДОНИЈА Е ОПКРУЖЕНА СО НЕПРИЈАТЕЛИ (ГРЦИЈА, БУГАРИЈА, АЛБАНИЈА, КОСОВО, А ВО НЕКОИ СЛУЧАИ И СРБИЈА) И СИТЕ ТИЕ ИСТО КАКО И ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС САКААТ ДА ЈА ПРИГРАБАТ И УНИШТАТ.

8. Религијата и власта се испреплетени – властите ја употребуваат најраширената религија како алатка за манипулација со јавното мнение. Религиозната реторика и терминологија се чести кај владините лидери дури и тогаш кога најголем број од религиозните постулати се диаметрално спротивни на акциите на власта.

РЕЛИГИОЗНИТЕ ВЕЛИКОДОСТОЈНИЦИ СЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКОТО ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРИСУТНИ СЕ ВО ЈАВНИОТ ЖИВОТ КАКО РАМНОПРАВНИ ПАРТНЕРИ, И И ДАВААТ ПОДДРШКА НА ВЛАСТА ВО НЕЈЗИНИТЕ АКТИВНОСТИ. РЕЛИГИОЗНИТЕ ВЕЛИКОДОСТОЈНИЦИ СЕ ВКЛУЧИЈА И ВО ПАТРИОТСКАТА ФРЕНЕЗИЈА. ВЛАСТА ЈА ПОДДРЖУВА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА, ЈА СТАВА ВО ПРИВИЛЕГИРАНА ПОЗИЦИЈА ВО ОДНОС НА ОСТАНАТИТЕ ВЕРОИСПОВЕДИ И СЕ ПОТПИРА НА НЕА ВО БОРБАТА СО ХОМОСЕКСУАЛНОСТА, АБОРТУСОТ, СЛОБОДАТА НА УВЕРУВАЊЕ. ЧИТАЊЕТО РЕЛИГИОЗНИ КНИГИ СТАНУВА ПОЗИТИВЕН КРИТЕРИУМ ПРИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА НА СОБРАНИЕТО.

9. Корпоративната моќ се заштитува – индустриската и бизнис аристократија ги става на власт конкретни лидери со што создава заедничка бенефиција за односот власт-бизнис и создава елита на моќници.

ВО ВЛАСТА СЕ ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БИЗНИСМЕНИ КОИ СТАНУВААТ НЕДОПИРЛИВИ ЗА ЗАКОНОТ И ЧИЈА МОНОПОЛСКА ПОЗИЦИЈА Е ЗАШТИТЕНА ОД СТРАНА НА ВЛАСТА. НАЈЕКВАТАТНИ ПРИМЕРИ СЕ: СТОЈМЕНОВ, ЅИНГО И СРЃАН КЕРИМ.

10. Моќта на работниците е потисната – бидејќи организираната моќ на трудот е единствената вистинска закана на власта, синдикатите или се елиминирани или потполно ставени под контрола.

СИНДИКАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМААТ НИКАКВА ТЕЖИНА И СЕ ПОТПОЛНО НАДВОР ОД МОЖНОСТА ДА ВЛИЈААТ. РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ОСМЕЛАТ ДА ГО ДИГНАТ ГЛАСОТ СЕ СУРОВО КАЗНЕТИ (ПРИМЕРОТ НА: СТЕЧАЈНИТЕ РАБОТНИЦИШЕЌЕРАНАТА ОД БИТОЛА, МЛЕКАРАТА ОД БИТОЛА, ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ГРОЗЈЕ И ТУТУН…).

11. Презир кон интелектуалците – фашистичките нации промовираат и толерираат отворено непријателство кон високото образование и академијата. Не ретко професорите се цензурирани, па дури и апсени. Слободата на изразување во уметноста е отворено атакувана.

ХИПЕРПРОДУКЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИ СО ШТО СЕ НАМАЛУВА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА. НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Е ОТВОРЕНО НАСОЧЕН ПРОТИВ АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ (СЕ ПРЕДВИДУВА ПОТПОЛНА АДМИНИСТРАТИВНА КОНТРОЛА НА ОЦЕНУВАЊЕТО, ЗАБРАНА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА РОДНИНИ ДО ЧЕТВРТО КОЛЕНО, КОНТРОЛА НАД СРЕДСТВАТА НА ФАКУЛТЕТИТЕ ДУРИ И ТОГАШ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА НИВНИ СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА). ВЛАСТА НЕ ДОЗВОЛУВА ДУРИ НИ УЧЕСТВО НА АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ ВО ИЗРАБОТКА НА ЛЕГИСЛАТИВАТА КОЈА ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ. ВО СТЕКНУВАЊЕТО НА ПОЗИЦИИ И ГРАДЕЊЕТО НА КАРИЕРА ОБРАЗОВАНИЕТО И ИСКУСТВОТО ПОТПОЛНО СЕ НЕГИРААТ (САМО КАКО ПРИМЕР – ИМЕНУВАЊЕТО НА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА – СТЕНОГРАМСКИ БЕЛЕШКИ ОД 13-ТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО И ИМЕНУВАЊЕТО АМБАСАДОРИ).

12. Опсесија со криминалот и со казнувањето – под фашистички режим, на полицијата и е дадена скоро бескрајна моќ да ги спроведува законите. ЛуЃето се спремни да ги пренебрегнат злоупотребите на полицијата во име на патриотизмот. Често има национални сили во полицијата кои имаат неограничена моќ.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ Е ДРАСТИЧНО ЗАСИЛЕНА КАЗНЕНАТА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА (ПО ОБЕМ И ПО СИЛИНА НА МЕРКИТЕ), СЕ ГЛЕДА НИЗ ПРСТИ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ПРЕКРШУВАЊА ВО ИМЕ НА ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ, СЕ АПСАТ ГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ БЕЗ ДОВОЛНО ДОКАЗИ, СЕ ОДРЕДУВА МЕРКА ПРИТВОР ЗА ОГРОМЕН БРОЈ ЛУЃЕ  И СЕ ПОТЕНЦИРА РЕШЕНОСТА НА ВЛАСТА ДА СЕ ИЗБОРИ СО СЕКОЕ КРИМИНАЛНО ДЕЛУВАЊЕ. СО ЗАКОН СЕ КОНЦЕНТРИРА НЕКОНТРОЛИРАНА ВЛАСТ ВО МАЛ БРОЈ РАЦЕ (ПРИСЛУШКУВАЊЕ, РАЗУЗНУВАЊЕ).

13. Неконтролиран непотизам и корупција– фашистичките режими скоро секогаш се предводени од групи на пријатели и соработници кои си се именуваат едни со други на владеачки позиции и ги употребуваат власта и авторитетот да ги заштитат нивните семејства од одговорност. Не е ретко во фашистичките режими националните ресурси и дури и банковните резерви да бидат искористени од страна на лидерите во власта.

ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ЗАПОСЛУВАЊЕТО И КАРИЕРНОТО НАПРЕДУВАЊЕ ПОТПОЛНО ГО ЗАОБИКОЛУВААТ ЗАКОНОТ И СЕ БАЗИРААТ ЕДИНСТВЕНО НА ПОВРЗАНОСТА СО ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА (САМО КАКО ПРИМЕР МОЖЕ ДА СЕ НАВЕДАТ ПОСЛЕДНИТЕ ИМЕНУВАЊА ЗА АМБАСАДОРИ КАДЕ ШТО БЕШЕ ПОСОЧЕНО ДЕКА ИМЕНУВАНИТЕ НЕ ИСПОЛНУВААТ НИТУ ЕДЕН ОД УСЛОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ЗАКОНОТ, МЕЃУТОА ТОА НЕМАШЕ НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ НИВНОТО НАЗНАЧУВАЊЕ). НА НАЈВИСОКИ ПОЗИЦИИ ВО ВЛАСТА СЕ ПОСТАВУВААТ ЛУЃЕ БЕЗ НИКАКВО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО (ПРВО ВРАБОТУВАЊЕ), СЕ КУМУЛИРААТ ФУНКЦИИ ВО УПРАВУВАЧКИ ТЕЛА И НЕКОНТРОЛИРАНО СЕ УПОТРЕБУВААТ И ТРОШАТ ПАРИТЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ. ЗА ПРВ ПАТ ВЛАСТА ОДБИ РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ВЛАДАТА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАН НА СОБРАНИЕ И ИЗЈАВИ ДЕКА НАШЕТО СОБРАНИЕ НЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ТАКВА РАСПРАВА. ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ И КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ И НЕИСПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОВИ НА ДРЖАВАТА КОН СТОПАНСТВОТО.

14. Малверзации со изборите – понекогаш изборите на фашистичките нации се потполн срам. Во други случаи тие се манипулирани со клеветнички кампањи на опонентите, употреба на легислативата за контролирање на гласачките бројки или соодветно кроење на изборните области, како и манипулација на медиумите. Вообичаено се користи судството за манипулирање или контрола на изборите.

СПОРЕД ИЗВЕШТАИТЕ ОД ПОСЛЕДНИТЕ (НО И ПРЕТХОДНИТЕ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ) ВО МАКЕДОНИЈА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ НЕ ДАВААТ ОТЧЕТ ЗА ПОТРОШЕНИТЕ ПАРИ ЗА КАМПАЊИ, СЕ КОРИСТАТ ДРЖАВНИТЕ СРЕДСТВА ВО ИЗБОРНАТА БОРБА, СЕ УПОТРЕБУВА ИЗБОРЕН СИСТЕМ И ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА КОИ ГАРАНТИРААТ ПОБЕДА НА ОДРЕДЕНА ПАРТИЈА, СЕ КОРИСТАТ НЕАЖУРИРАНИ ИЗБИРАЧКИ СПИСОЦИ, СЕ ВРШАТ ЗАКАНИ ВРЗ ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА.

17 total views, 2 views today

ПРЕДЛОГ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата изгласа предлог листа од седум членови за идната комисија за заштита од дискриминација.

Образложението зошто од 38-те кандидати се избрани баш овие е:

Карактеристично за сите предложени кандидати е тоа дека во текот на својата кариера биле вработени во или од страна на Владата на Република Македонија (освен Ирена Ѓорѓиова која немала време да стане државен службеник бидејќки завршила факултет во 2009 г.) и дека дискриминацијата ќе им биде посебен предизвик бидејќи во својата досегашна работа не се бавеле со материја поврзана со дискриминација.

Што може да дознаеме од биографиите на предложените и сигурно идните членови на Комисијата за заштита од дискриминација:

Душко Миновски

–        службеник во Министерството за труд и социјална политика

–        дипломиран социјален работник

–        со одлично познавање на македонскиот јазик

–        со долгогодишна активна кариера во фудбал

Сулејмани Ризван

–        поранешен министер, заменик министер и уште многу што како дел од ДПА, а сегашен нередовен (според него) професор

–        посебна специјалност НАТО

–        дипломиран електроинжињер кој станал магистер по општетсвени науки

–        со слабо познавање на македонскиот јазик, но одлично познавање на франсцускиот

–        за ова место е посебно значајно дека бил: “председник” на меѓуминистерска работна група за децентрализација, член на Управен одбор на македонски телекомуникации, има сртификат за завршена програма “Фискална децентрализација и локалната власт”

Јован Ананиев

–        Доктор на науки на тема политичка пропаганда

–        работел во Центарот за управување со кризи при Владата на РМ

–        бил ангажиран како доцент за јавна администрација

–        “сфера” на интерес му се човековите права (од малечок)

–        има наведено проекти и објавени трудови од областа на човековите права

Агим Нухиу

–        има висока “куалификација” дипломирал на универзитетот во Тетово во 2001 година (во регистерот на високообразовни институции е заверен во 2004 година)

–        магистрирал во неколку наврати во Приштина и во Тирана

–        како магистер е декан на Правниот факултет во Тетово

–        потпретседател на Управниот одбор на Заводот за заштита на здравјето во Тетово

–        Покрај значајните за оваа област дела поврзани со: трговските марки, штета од моторно возило, правото на земјена службеност и сл. има објавено и книга/студија/зборник? под наслов “Дискриминациа на Република Македонија, во периодот 2009-2010.

Ирена Ѓорѓиова

–        учителка со завршен Педагошки факултет (дипломирала во 2009 година)

–        била на семинар организиран од Музичката академија на Хрватска (во Дубровник)

–        додека студирала била ангажирана како демонстратор по пијано

–        знае англиски јазик

–        како значајна карактеристика со која се опишува себе си е  “послушност кон претпоставените”

–        посебен интерес и е религиозна литература

Ленче Коцевска

–        има правен факултет и правосуден испит

–        работела како правник во МВР и како адвокат, а во моментот е вработена во Министерството за труд и социјална политика

–        нема наведено никакви податоци за користење на други јазици

–        поминала 32 обуки од најразличен тип (меѓу кои и за дискриминација)

–        работела како правен консултант за трговија со луѓе и семејно насилство

–        била обучувач за дискриминација (како вработена во Министерството за труд и социјална политика) – обучувач станала како резултат на големиот број обуки се разбира

–        тврди дека е лојална (само не кажува кому)

Паунова Даниела

–        работи во Собранието на Република Македонија (советник во Комисија за одбрана и безбедност) – што може да се земе како конфликт на интереси при изборот

–        дипломиран правник (најдобар студент за генерацијата 2003-2007)

–        магистрант од деловно право

– и толку, друго ништо нема

Да не беше толку тажно и срамно, ќе беше неверојатно смешно.

8 total views, 2 views today

ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВАТ НОВИНАРИТЕ, А ЗА АДВОКАТИТЕ И ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ

Според Законот за кривична постапка, судијата треба по службена должност да ја испита законитоста на постапувањето на полицијата во случај кога пред него бидат изведени луѓе кои претходно биле повикани/приведени/задржани – лишени од слобода.

За утврдената законитост се донесува решение.

Дали судијата во случајот на осомничените/обвинетите од случајот “Рамковски“ ја испитал законитоста на постапувањето на полицијата и дали донесол вакво решение со оглед на до сега посочените пропусти во полициската постапка во која што овие луѓе се доведени пред суд?

Се додека судиите не почнат да ја исполнуваат оваа обврска, полицијата нема потреба да се придржува до процедурите дадени во законот/законите, или, судиите стануваат соучесници во прекршувањето на законите.

Член 3

(1) Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведувањето или лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение против него, како и за неговите права и од него не може да се бара изјава.

(2) Осомничениот, односно обвинетиот мора најпрвин на јасен начин да се поучи за правото да молчи; правото да се советува со адвокат и да има бранител по негов избор за време на испитувањето, како и за правото за приведувањето или лишувањето од слобода да се извести член на неговото семејство или нему блиско лице.

(3) Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Член 142

(9) Лицето спрема кое се преземени дејствија од ставовите (2) и (6) на овој член, во рок од 30 дена од денот на преземањето на дејствијата може да бара од истражниот судија на надлежниот суд да ја испита нивнатазаконитост и евентуалната повреда на правата, а надлежниот суд е должен тоа да го утврди со решение. Решението се доставува до лицето што тоа го побарало, Министерството за внатрешни работи и надлежниот јавен обвинител. Против решението дозволена е жалба во рок од 48 часа до советот од членот 22 став (6) на овој закон. Советот е должен да постапи по жалбата во рок од три дена.

Член 188

(8) Ако лицето лишено од слобода е изведено пред истражниот судија, истражниот судија по службена должност ја испитува законитоста на лишувањето од слобода и е должен тоа да го утврди со решение. Лицето лишено од слобода кое не е изведено пред истражен судија, може во рок од 30 дена од денот на пуштањето на слобода да бара од истражниот судија на надлежниот суд да ја испита законитоста и тоа да го утврди со посебно решение. Против ова решение дозволена е посебна жалба во рок од 48 часа до советот од членот 22 став (6) на овој закон, кој решава во рок од три дена. Жалбата го одлага извршувањето на решението.

15 total views, 1 views today

ПОЛИЦИЈА ИЛИ БАНДА?

Во моментов портпаролот на МВР Котевски, ни соопшти дека луѓето кои се приведени во полиција (Велија Рамковски, Анета Кочишка и десетина други) вечерва во 23 часот, воопшто не се осомничени, туку се приведени на службен разговор.

Бидејки Котевски исто така ни соопшти дека секој треба да го почитува законот се надевам дека МВР ќе поче да го почитува Законот за полиција.

Според овој закон:

3. Повикување

Член 43

Полицијата е овластена писмено со покана да повикува граѓани заради собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи.

Писмената покана од ставот 1 на овој член содржи: име и презиме на лицето кое се повикува, назив, место и адреса на седиштето на организационата единица на Полицијата каде што се повикува лицето, причини за повикувањето, место и време на повикувањето, како и поука за правото на бранител во полициската постапка, како и последиците доколку не се јави на поканата.

Повиканото лице може присилно да се доведе само со судска наредба и само тогаш кога очигледно одбегнува да се јави на уредно доставена покана во која било предупредено на можноста од присилно доведување и тогаш кога своето недоаѓање нема да го оправда.

Лицето кое ќе се јави на поканата или било присилно доведено, а одбило да даде известувања, не смее повторно да се повикува заради истите причини.

Лицето кое е повикано или присилно доведено се поучува за правата од членот 34 на овој закон, како и за околноста дека истото не е лишено од слобода и дека откако ќе даде или одбие да даде известување може да си оди.

За повикувањето и извршениот разговор со повиканото лице, полицискиот службеник изготвува службена белешка.

Член 44

Лицето може да се повика во време од 6,00 до 22,00 часот.

Ако постои опасност од одлагање, полицискиот службеник е овластен да го повика лицето и надвор од времето утврдено во ставот 1 на овој член.

4. Приведување

Член 46

Лице може да се приведе врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд.

Лицето од ставот 1 на овој член може да се приведе заради спроведување во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата.

Полицискиот службеник е должен на лицето кое треба да го приведе да му ја предаде наредбата од ставот 1 на овој член.

Полицискиот службеник нема да му ја врачи наредбата од ставот 1 на овој член на лицето за кое основано се сомнева дека ќе даде отпор.

Лицето може да се приведе во време од 6,00 до 22,00 часот.

Во случај кога приведувањето е нужно заради преземање на полициските работи кои не трпат одлагање, лицето може да се приведе и надвор од времето утврдено во ставот 5 на овој член.

Од горните членови е очигледно дека е прекршен законот и очекувам дека министерката за внатрешни работи ќе превземе соодветни мерки за казнување на прекршителите, а самата добро ќе размисли за поднесување на оставка.

Доколку ова не се случи ние може со сигурност да кажеме дека во моментот во Македонија немаме полиција туку банда на насилници која може во секој момент да не нападне без за тоа да сноси било каква одговорност.

7 total views, no views today

ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ПОЛИЦИЈАТА, или, НЕПРАВОТО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАКОН, НО ТОА НЕМА ДА ГО НАПРАВИ НИ ТРОШКА ПОВЕЌЕ ПРАВО

Кога еднаш нема соодветно да се изреагира на прекршувањето на правото, прекршиотелот добива сигнал дека тоа може да го прави и понатаму и уште повеќе и уште пошироко.

Прво беше А1 ТВ и фирмите на улицата Перо Наков и полицијата на која не и беше место таму.

Сега се фирмите во општинската зграда во Охрид и специјалците кои со полна опрема обезбедуваатдокази за затајување на данок.

Утре ќе бидат АЛФИТЕ кои ќе наплатуваат заостанат долг за парно од граѓаните.

Потоа доаѓа полициски сат, политички затвори, вонсудски егзекуции и се по ред како што и личи на една диктатура.

Јас повторно ќе потсетам на песната од времето на Нацистичка Германија и свештеникот кој се покајал за својата неактивност.

Утре ќе влезат во твојот дом и ќе нема никого да застане во твоја одбрана.

5 total views, 1 views today