БРИШЕЊЕ

Вчера ми беа избришани два написи од мојата страна. Едниот беше краток изблив на смеење заради изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов и поранешниот директор на ДБК Горан Митев дека е нормално од МВР да се изнесуваат тајни документи и нема начин како да се води контрола кој што изнесува. Најмногу ме насмеа изјавата дека функционерите си носеле тајни документи за да си работат дома.

Вториот напис беше за таинственото исчзнување на парите на буџетските институции од нивните сметки во одредени периоди и неможноста да се поведе постапка против оваа појава заради тоа што веќе не постои ниту една независна институција која може да спроведе независна истрага и да го санкционира прекршувањето на правото.

Comments (4)

даркоJanuary 22nd, 2010 at 2:49 pm

беа избришани? неверојатно, ама изгледа и црните овци во државава се делат на подобни и неподобни.

Dame1612January 22nd, 2010 at 9:11 pm

Кој ја хакнал Најчевска …. да му е срам …. Ја коа ја хакнујев ми се налјути , ама овојпут не сум ја …

Добро сеа ја не и бришев него ја спамујев аутоматски со едно 1200 -1300 поста …

После се откажав не вреди бе брате ….

Киро ВелковскиJanuary 22nd, 2010 at 11:55 pm

Мењај пасворди, јузери, ако треба и хостинг платформа.

даркоFebruary 9th, 2010 at 7:56 pm

И покрај тоа - продолжувате да бидете под капата на „црна овца“ блоговите? Би рекол дека тоа во најмала рака значи дека се помирувате и го прифаќате бришење на Вашите неподобни текстови, што би ме изненадило од М. Најчевска.

Leave a comment

Your comment