ЗА ПУШЕЊЕТО
Како закоравен и посветен непушач имам разбирање за завиноста од пушење и ја сфаќам на ниво на тешко излечлива болест. Се согласувам со забраните за пушење и сметам дека се здравствено оправдани и неопходни. Прво, да кажам дека за прв пат можев да излезам во кафеана после подолго време поради тоа што не поднесувам зачадени простории. Неверојатно пријатно се чувствував во рестораните и заедничките простории кои до сега беа загадена средина која ја избегнував.
Меѓутоа, ниту една мерка не може да биде воведена преку ноќ и без претходна подготовка. Пристапот чекор по чекор е многу мудар пристап и можеби најсоодветен за воведување на непопуларни мерки од ваков вид.
Многу јасно е дека опозицијата предлага измени на законот само заради тоа што мисли дека на тој начин ќе добие гласови од пушачите. Самите измени не претставуваат никакво оригинално решение туку само враќање на некоја претходна состојба која што веќе ги покажа сите слабости.
Јас би дала неколку предлози кои можеби можат да бидат искористени во периодот на транзиција кон потполн непушачки затворен простор како крајна цел.
1. Не смее да биде дозволено пушење во ниту еден угостителски објект во кој што се служи храна.
2. Во објектите во кои што ќе биде дозволено пушење не смеат да влегуваат малолетни лица.
3. Делови за пушење може да има само во објекти со поголема квадратура во која што може да се издвои (изолира) ваков простор (кој секогаш ќе биде помал од непушачкиот и од кој не смее да излегува дим во непушачкиот простор)
4. Сите пушачи кои доброволно ќе се пријават да добијат бесплатна помош во откажување од пушење.



Верувам дека многу пати сте биле на запад но дали сте влегле во некоја дискотека или ресторан?
Сите пушат како турци никаде чад ниту смрдеа!
Само соодветна вентилација и ништо повеќе. Мислам преку глава веќе и од законов и сите дискусии што се завртеа околу него.
Мене многу ми се допаѓа новиот закон и тешко ми се верува дека сите пушачи ќе престанат да излегуваат во ресторани и кафичи засекогаш. Јас разбирам дека секој може лично за себе да избере дали да пуши, но не можат баш да ме убедат дека нивното пушење нема последици по мене кога јас во зачадени простории се закашлувам и добивам отечени очи.
А на Запад исто така има земји кои го забрануваат пушењето во јавни, затворени простории, па сепак рестораните си работат и меаните се полни со луѓе.