ЗА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

Според Законот за работни односи (Службен весник на РМ, бр. 16/2010)

По­ло­ва ед­на­квост при об­ја­ву­ва­ње на сло­бод­ни ра­бот­ни ме­ста

Член 24

(1) Ра­бо­то­да­ва­чот не смее сло­бод­но­то ра­бот­но ме­сто да го об­ја­ви са­мо за ма­жи или са­мо за же­ни, освен ако опре­де­ле­ни­от пол е не­оп­хо­ден ус­лов за вр­ше­ње на ра­бо­та­та.

(2) Об­ја­ву­ва­ње­то на сло­бод­но­то ра­бот­но ме­сто не смее да су­ге­ри­ра де­ка ра­бо­то­да­ва­чот да­ва кај вра­бо­ту­ва­ње­то пред­ност на опре­де­лен пол, освен во иск­лу­чо­кот од ста­вот (1) на овој член.

Дали некој може да ми посочи работно место во кое што полот е неопходен услов за вршење на работата?

Comments (14)

Мечето УшкоFebruary 17th, 2010 at 4:10 pm

Дали може да се објави дека се бара вработување на лице кое живее на одредена територија. На пример се бара дистрибутери од Битола за регионот на Битола. Може јас од скопје сум спремен да одам и работам во Битола!!!

Дали смее да се потенцира возраста. На пример се бара комерцијалист до 35 годишна возраст. Може некој со 39 или 40 е поспособен и поздрав од некој на 29 години.

И уште многу друго има по огласите за работа.

Како што гледате дискриминацијата е повеќенасочна и повеќеслојна, не е само полова. Но никој не реагира на тоа…такви огласи секојдневно ќе пронајдете.

Mirjana NajcevskaFebruary 17th, 2010 at 6:49 pm

Дали може да ми испратиш некој таков оглас? Апсолутно се согласувам дека дискриминацијата кај нас е многустрана и повеќеслојна, но тоа не ја намалува дискриминацијата на жената. Проблем е што сите живееме во некое лажно убедување дека кај нас е постигната рамноправност на половите.
Инаку Македонија е на врвот на држави во Европа според разликата во приходи на мажите и жените (или, мажите во Македонија заработуваат некаде над 26% повеќе од жените).

АлександарFebruary 17th, 2010 at 7:41 pm

Сајтот http://www.najdirabota.com.mk е пример за тоа. Не дека се тие виновни туку тие само ги објавуваат огласите од весниците а таму има еден КУП такви огласи како што кажа Мечето Ушко.
Доколку пролистате неколку огласи сигурен сум дека ќе пронајдете дискриминација во нив.

kittycatFebruary 17th, 2010 at 9:54 pm

Сурогатна мајка или доилка?

Mirjana NajcevskaFebruary 17th, 2010 at 10:16 pm

Китикет, сигурна си дека се ова работни места:)))

Киро ВелковскиFebruary 18th, 2010 at 9:18 am

Тестирање на лекови за жени? Козметика за жени? Додуша хонорарно ;)

woonaFebruary 18th, 2010 at 12:44 pm

или можеби филмска улога? или можда за попунување квота?

Сакам да знам и...February 18th, 2010 at 11:55 pm

Или 40 години за Претседател на државата? Нели е тоа дискриминација по основ на возрааст? :)

Сакам да знам и...February 18th, 2010 at 11:56 pm

40 години за Претседател на државата? Нели е тоа дискриминација по основ на возрааст? :)

н.February 25th, 2010 at 10:02 am

можда како чувар во на пр. затворена установа, во женскиот оддел. или во психијатриска , исто така установа, на женскиот или на машкиот оддел, соодветно.

иако се слагам дека вака како што е нормирано може да биде изво на еластични примени.

ова за претседателот не е старосна дискриминација туку уставен услов. по таа логика, може да ламентираме дека и тој на 67 може да се поздрав и поспособен од оној на 59, а сепак по законот, првиов мора да се пензионира.

ИгорMarch 2nd, 2010 at 3:21 pm

Неговател(ка) во градинка. Мислам колку што знам јас не постои маж неговател во Р.македонија, а ако би … педофили би вриело :) , за мажите и утовар-растовар за жените.
Сигурно има и некои други, но овие ми текнаа во моментот. Но како што тргнало ова лудо време, се почеста е сликата каде што млади девојки кои работаат во супермаркети влечкаат и креваат гајби и други тешки нешта. Кога го гледам тоа навистина непријатно се чувстввам.

АлексMarch 9th, 2010 at 9:10 pm

За жал претходниот коментар (од „Игор“) е набиен со предрасуди. Неговател(ки) во градинките се само жени затоа што нашето општество не е еманципирано. Во скандинавските држави веќе неколку години се дава приоритет при вработување како воспитувачи и негователи во градинки на мажи поради нивниот дефицит во оваа област. Децата мора да видат различни модели и да учат и од мажите и од жените, зашто обата рода имаат што да им пренесат на децата. За педофилијата, прво: против оваа појава мора да се бориме со соодветни мерки (сигурно не е соодветно да дискриминираме за да се заштитиме од педофилија); второ: кој вели дека педофилијата ја спроведуваат само мажи? Уште повеќе, од каде идејата дека сите жени соодветно се однесуваат кон децата, или пак дека не придонесуваат кон појавата педофилија?
За утовар-растовар… зошто би било непријатно да се види како жена го прави тоа? Што има лошо во тоа да заработуваш чесно? Да ја избереш својата професија? Ако една жена сака да го работи тоа – нема зошто другите да се чувствуваат вака или онака. Зошто жените треба да бидат чистачки и да заработуваат помалку, а мажите расоварувачи и да заработуваат повеќе (тоа се две професии за кои ви треба горе-долу иста стручна спрема – никаква, но многу различно се платени)?
Друга работа е што на работниците, покрај основната работа им се наметнува да работат куп други работи (инаку ќе ја изгубат работата) кои врска немаат со нивната основна работа и во суштина значат злоупотреба на работникот.
Мене лично една директорка на банка ми рече дека бараат електро-инженер, но морало да биде машко зашто со тек на време ќе го обучеле за „обезбедувач“ и ќе требало да добие пиштол (зашто покрај сервисирање на компјутери и мрежи во даден реон, ќе требало да пренесува и пари). На госпоѓата на крај памет не и паѓа дека јас како жена инженер можеби веќе имам поминато обука за обезбедување и можеби имам обука и дозвола за ракување со огнено оружје, па можеби со моето вработување ќе се заштедат од понатамошни издатоци. Можеби јас веќе ги имам сите квалификации кои тие сакаат да ги градат кај маж инженер. Можеби, доколку имаат јавен оглас, јас би била физички најспремна за такво нешто од сите мои колеги (мажи или жени, без оглед). Требаше ли да и речам „па госпоѓо, сите од електро ви се исушени и запечени… просто искривени како кифли од многу седење… без мускули и со слаб вид… па не е важно кого ќе вработите – секако нема да ви заврши работа“? (да настапам и јас со предрасуди за да ја зезам малку… па нека вработат двајца за две дијаметрално различни работи, што секако е многу посоодветно од нивното глупаво барање, ама нема да им заштеди како што планирале) Едноставно, самите си го ограничуваат изборот. Башка што воопшто не е фер да се бара работник за една работа, а потоа да му се наметнуваат други работи (посебно од ваков тип – работни задачи кои го ставаат животот на работникот во ризик).
Во секој случај, одамна сметам дека е многу глупаво од страна на работодавците што без никаква причина си го ограничуваат изборот. Кој вели дека женско може да привлече повеќе клиенти во кафеана? Можеби за работа ќе се пријави маж што се знае со сите, забавен е и харизматичен, лојален работник, кој ќе направи „бум“ во кафеаната. Ама, работодавецот бара „девојки“… Чиста глупост.
Како и да е, мислам дека во суштина нема „женски работи“ или „машки работи“. Некаде беше спомнато за лица (обезбедување/полиција) кои вршат претрес на други лица (на пример при апсење, на царина и слично). Дури и во овој случај мислам дека најсоодветен пристап е лицето кое се претресува да биде прашано или не знам… (зошто мене да ме претресува жена? ако е професионалец, не е важно дали е жена или маж, сеедно ќе ме испофаќа некој што не сакам да ме испофаќа и што воопшто не го познавам). Единствено она – хонорарното тестирање на лекови специфични за жени (ПМС, менопауза и слично)… но, и ова како и сурогат мајка или доилка мислам дека не се професии туку повремени ангажмани.

АлексMarch 9th, 2010 at 9:12 pm

пс. зошто на некој маж (чест на исклучоците) не му стане непријатно жена да му ги собира и пере смрдливите чорапи?

ИгорMarch 10th, 2010 at 12:03 pm

:) Убави размислувања Алекс(андра) претпоставувам. За неговател во градинка, јас сум работел во тој сектор и досега не сум сретнал некој маж кој ја работи таа работа. Не дека сметам дека има нешто лошо во тоа, но претпоставвам дека кај голем дел од родителите би се појавил отпор бидејќи во принцип македонското општество е релативно круто кога е во прашање промена на нешто што функционирало долго време. За утовар и растовар се работи за лично мој став и мене лично не ми е убаво тоа. А во приватниот сектор … работодавачот има право на свој избор и свои одлуки поттикнати од предрасуди или не. Затоа или ќе опстои или ќе пропадни. Пазарот е суров и не дозволува право на грешка.
Како и да е ми се допадна што ме искритиква, можеби и си во право :) Поздрав

Leave a comment

Your comment