МАКЕДОНИЈА – НАЈГОЛЕМА ШЕГА ЗА ПРАВОТО

На националната ТВ А1 беше презентиран список на амбасадори кои ќе бидат ротирани во наредниот период. Појмот на ротација (без враќање во матичната земја) е сам по себе смешен, меѓутоа мене ми падна во очи нешто друго.

Имено (според А1), амбасадорот Кире Илиоски е разрешен од должноста амабасадор при мисијата на Македонија во НАТО заради несоодветна работа и незадоволителни резултати. Се разбира, за ова следи и соодветна казна: човекот е именуван за амбасадор во Шведска.

Ова е интересна санкција (најверојатно во предвид е земена студената клима на Шведска), но уште повеќе зборува за тоа што мисли Република Македонија за Шведска па во неа праќа  најшкарт амбасадори. Или пак можеби, станува збор за некоја казнена дестинација во која што се испраќаат  неспособни амасадори на поправен, дообука, или?

Comments (7)

ПепоFebruary 22nd, 2010 at 2:16 pm

Ха ха… па ние немаме Алјаска… така да… нашиот премудар вмроиден антички пастир ќе го прати во Шведска… кај нас најсеверно шо можи да го прати е до Табановце.. :-D

ДушкоFebruary 24th, 2010 at 12:23 am

Ве гледав на А1. Се согласувам со Вашите ставови, но ќе ми простите што морам да кажам дека начинот на кој ги изразувате е невкусен и вулгарен.
Честопати повторувате „ве молам, ве молам“ за потоа да му залепите шлаканица на соговорникот. Не ви доликува, иако ставовите ви се одлични, губат од својот квалитет кога така брутално ги истакнувате. Емисијате беше чист промашај. Се надевам ќе ме сфатите добронамерно, и дека во иднина ќе биде поинаку.

ПепоFebruary 26th, 2010 at 12:37 pm

Душко, за да излезиш и да го кажиш то шо мислиш на оваа власт во лице треба да имаш „мадиња“. Професорката дефинитивно ги има. Таа си има нејзин својствен начин на изразување, единствен кој што насилниците од власта го „разбираат“…

Киро ВелковскиFebruary 26th, 2010 at 3:02 pm

Пепо, ги заболе нив за начинот. Работата е што грдото однесување ги одбива неодлучните и неопределените. „Смени канал“…

Даме1612February 27th, 2010 at 11:18 pm

Поарно прашајте се како во суверена и независна Р.Македонија странски амбасадори решааваат битни државни работи .

Тука би ја споменал и онаа сподобана од колонијален гувернер Е.Фуере .

Ништо во оваа држава без негов амин . Од чешма отварање до меѓудржавни односи . Има повеќе овластувања и право на вето од претседателот избран на избори . Као он да ми е претседател .

Госпожа Најчевска се дур Фуере ми регулира односи небарај право од нас него од него . И човек да утепам ако сака Фуере ке се шетам по улици слободно ( … )

АлексMarch 1st, 2010 at 9:46 pm

Кога се зборува за начинот на кој професорката настапува во последно време во медиумите, морам да ја изразам мојата поддршка. Иако сум приврзаник на добра комуникација во која еден учесник ги почитува принципите на почитување на соговорникот, конструктивна повратна дискусија, итн, кој професорката го применуваше од претходно (на пример во дуелот со Латас по однос на дискриминација), нашиве услови наметнуваат друг начин на дискусија, а бидејќи целта (и контекстот) ги одредува средствата, сметам дека беше крајно време професорката да ги „објасни“ работите на единствениот начин сфатлив и прифатлив за другата страна. За жал, сеуште не разбираат, па не знам што е следно…

антониоDecember 30th, 2011 at 9:28 pm

Абе Душко глеаш телевизија и си коментираш што ке ти падне на памет.ни срам ни перде…ни го знаеш човекот а си коментираш…бидејки лично го знам и сум работела со амбасадорот Кире Илиоски ќе си дозволам да коментирам за трета личност и само да ти кажам дека сета таа рокада е направена катастрофална грешка и неправда не само за амбасадорот Илиоски туку за државата Македонија бидејки на негово место доаѓа Митре Треневски анти Нато амбасадор кој е срам за државата и кој не срами и девалвира на секој чекор…ама очигледно тебе и вакви како тебе не ве погаѓа тоа што наместото на успешни кариерни дипломати како амбасадорот Кире Илиоски кој е најдобар пример како треба да се биде кариерен амбасадор и кој не дозволил да биде политичко орудие во рацете на политиката…туку заминал за да не биде дел од политиката на неговиот наследник Треневски…доаѓа конзул од дијаспора треневски кој името си го сменил, али името на македонија немало да го смени…затоа повеќе од сигурна сум дека амбасадорот Илиоски ќе биде успешен и на ниво како и секогаш амбасадор и во Шведска … а времето ќе покаже …

Leave a comment

Your comment