СДСМ=ВМРО ДПМНЕ
СДСМ=ВМРО ДПМНЕ
Разгневените и револтирани протести на СДСМ во врска со ситуацијата на Воспитно поправниот дом сместен во затворот во Шутка наидоа на остар оговор од страна на ВМРО ДПМНЕ според кои ситуацијата е затекната од претходно и е резултат на неделувањето на претходната власт.
Ова е еден од честите случаи во последно време кога и едните и другите имаат право.
Проблемот датира од 2001 година и е предмет на анализи, проблематизирање и барање за решавање од страна на невладините организации (Хелсиншкиот комитет, Меѓаши) и од меѓународната заедница (Советот на Европа, ОБСЕ).
СДСМ не сакаше да издвои пари за овој проблем да се реши и како резултат на тоа добиен е многу негативен извештај по ова прашање (во рамките на поширокиот извештај на Советот на Европа.
Овој извештај е подготвен во 2006 година и истата година и е предаден на Владата на Република Македонија. Тоа значи дека сегашната власт имала три години да го реши проблемот, меѓутоа не сакала да го реши.
Заклучок:
Во право се двете партии. Ниту една од нив во моментот кога може да го реши проблемот не го решава, а секоја од нив кога е во опозиција го поставува на дневен ред.
Во политиката тоа се нарекува манипулација на јавноста.



Извинете што сум прост ама ќе морам да Ве дополнам: Исто гомно во различно пакување…
Eh uste da e taka ….. pusta zelba na sdsm da bidat isti so vmro ….. i so mala razlika … ovie od vladava koga bea opozicija ne protestiraa nikako,duri ni “revoltirano” ni “razgneveno” …. kako ovie “zagrizenive” …… dajte dosta so glumenje ….
Фебо, кога ВМРО беше во опозиција, ги објавуваше на своја сметка извештаите на Хелсиншки во дневните весници (меѓу другото и во врска со затворите).