ШТО Е ИНТЕРЕСНО ЗА ЈАВНОСТА

Медиумите претставуваат неверојатно моќен играч во поставувањето на дневен ред на одредени теми. Со нивна помош може да се изврши притисок не само врз власта туку и врз јавното мнение. Медиумите градат атмосфера на интерес за одредено прашање или го подбутнуваат на маргините на случувањата.

Нашите медиуми не мислат дека донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација претставува жешка тема на оја што треба да и биде посветено поголемо внимание. Меѓу поставувањето на гипсана биста на Ванчо Михајлов на нечии балкон и законот кој ќе ги зафати интересите на сите граѓани на Република Македонија, тие избираат да биде објавена веста за гипсаната биста на балконот на некој Велешанец.

Законот ќе биде изгласан, таков каков што е никаков. И за тоа своја вина ќе мора да сносат и медиумите, кои не успеваат да ја сфатат големината на проблемот и не ја насетуваат лавината од последици кои ќе ја следат оваа одлука.

Во една демократска држава прогресивниот притисок не се очекува од надвор, туку се случува внатре, а дел од тој прогресивен притисок мора да претставуваат медиумите.

Leave a comment

Your comment