ЧИЈА Е ТАА ПЕСНА

Филм кој во 2003 година доби многу награди токму по прашањето на нештата кои наместо да не обединуваат не разликуваат. Може да го видите овде.

Јас открив и еврејска верзија која се вика: Fel Shara (KlezRoym) (од A Jewish Odyssey)

КОЛКУ Е МАЛ И УБАВ СВЕТОТ, НО НЕ ЗА СИТНИ ДУШИ ЗА КОИ ПОСТОИ САМО ЈАС

11 total views, 1 views today

И ПАК ЛАТАС

Денешниот напис во Вечер потпишан од Латас претставува училишен пример на говор на омраза и може да биде подведен под кривичното дело поттикнување на етничка и верска нетрпеливост и омраза. Целиот напис претставува отворено поттикнување на омраза на Македонците кон Албанците и создавање на атмосфера на недоверба и страв.

Би сакала да свртам внимание на неколку работи за кои можеби треба да почнат да размислуваат оние вистинските новинари (ако такви останале во Македонија) кога го анализираат проблемот така тенденциозно поставен во спомнатиот напис:

1. Како тоа граѓаните не знаат дека визната либерализација не знчи и можност за барање азил, односно за барање работа? Обврска на државата е да ја направи достапна информацијата на сите граѓани (а посебно оние од миноризирани и социјално загрозени слоеви кои можат да се впуштат во ваква авантура)

2. Како е можно на аеродром и на пасошка контрола да се пропуштаат луѓе со авионски билети во еден правец, без соодветни покани и без јасна назнака за целта на патувањето? Одговорност на државата е да спречи злоупотреба на визната либерализација.

3. Која е користа од визната либерализација за обичниот граѓанин и што губи тој со евентуалното ограничување, кога сите статистики покажуваат дека граѓаните воопшто не патуваат повеќе во овој период едноставно затоа што немаат пари.

4. Зар никој не се прашува за една многу елементарна контрадикторност повзана со последните информации за големиот број припадници на албанската етничка заедница кои излегуваат од државата со цел барање работа. Имено, многу често се спомнува дека Албанците се богати, дека ја држат целокупната нелегална трговија на различни работи, а сега одеднаш излегува дека илјадници Албанци се загнале да бараат работа по белиот свет.

Во држава во која постои правен систем и новинарот и весникот ќе бидат повикани на одговорност од страна на јавниот обвинител и ќе бидат и кривично и парично казнети, а на новинарот ќе му биде изречена мерка забрана на вршење дејност.

Во земја без правен систем како Македонија, никој не ни забележува дека има некаков проблем.

6 total views, no views today