И ПАК ЛАТАС

Денешниот напис во Вечер потпишан од Латас претставува училишен пример на говор на омраза и може да биде подведен под кривичното дело поттикнување на етничка и верска нетрпеливост и омраза. Целиот напис претставува отворено поттикнување на омраза на Македонците кон Албанците и создавање на атмосфера на недоверба и страв.

Би сакала да свртам внимание на неколку работи за кои можеби треба да почнат да размислуваат оние вистинските новинари (ако такви останале во Македонија) кога го анализираат проблемот така тенденциозно поставен во спомнатиот напис:

1. Како тоа граѓаните не знаат дека визната либерализација не знчи и можност за барање азил, односно за барање работа? Обврска на државата е да ја направи достапна информацијата на сите граѓани (а посебно оние од миноризирани и социјално загрозени слоеви кои можат да се впуштат во ваква авантура)

2. Како е можно на аеродром и на пасошка контрола да се пропуштаат луѓе со авионски билети во еден правец, без соодветни покани и без јасна назнака за целта на патувањето? Одговорност на државата е да спречи злоупотреба на визната либерализација.

3. Која е користа од визната либерализација за обичниот граѓанин и што губи тој со евентуалното ограничување, кога сите статистики покажуваат дека граѓаните воопшто не патуваат повеќе во овој период едноставно затоа што немаат пари.

4. Зар никој не се прашува за една многу елементарна контрадикторност повзана со последните информации за големиот број припадници на албанската етничка заедница кои излегуваат од државата со цел барање работа. Имено, многу често се спомнува дека Албанците се богати, дека ја држат целокупната нелегална трговија на различни работи, а сега одеднаш излегува дека илјадници Албанци се загнале да бараат работа по белиот свет.

Во држава во која постои правен систем и новинарот и весникот ќе бидат повикани на одговорност од страна на јавниот обвинител и ќе бидат и кривично и парично казнети, а на новинарот ќе му биде изречена мерка забрана на вршење дејност.

Во земја без правен систем како Македонија, никој не ни забележува дека има некаков проблем.

Comments (3)

DekoMarch 2nd, 2010 at 1:54 am

Eпа тетка Најчевска, овој пат не се согласуваме.. Да бидам искрен, најчесто во добра мера моите ставови се блиску до Вашите, но овој пат не..
Латас е човек, кој искрено сметам дека воопшто не е новинар, ниту пак подобен да биде на позиција од каде што може да допре до голема маса на луѓе… И никогаш, ама буквално никогаш не се согласувам со неговите ставови.. Сепак овој негов пост, морам да кажам дека ми се допаѓа.. (со одредени исклучоци за неговите ставови за хомосексуални бракови и предавници и слично)..

Во секој случај, анализата што ја дава за тоа зошто ни се заканува укинување на визната либерализација е точна.. Најголемиот број на проблеми настануваат токму од нашите сограѓани од Албанско потекло.. Можеби звучи нефер, но навистина е така..

Да би можеле само да ги погледнете податоците кои постојат по амбасади (во моментов како за пример ја земам Италијанската амбасада).. и да би имале пристап во документацијата, ќе видите дека преку 70% од Македонците што до пред неколку години извадиле туристичка виза за Италија и никогаш не се вратиле, се токму од Албанско потекло..

Ова не е никаков напад кон никого.. само реалност за тоа како стојат работите.. па макар колку и невкусно некому тоа да звучи.

Mr DownloadMarch 11th, 2010 at 4:18 pm

Good idea and nice result. Please write a little more next time.

postNouvelMarch 19th, 2010 at 3:12 am

Интересно. Примерно тоже самое прочел на 7дей.ру. Уже сколько раз замечал. Складывается мнение, что они втупую рерайтят посты. Хотя… может меня и подглючивает :)

Leave a comment

Your comment