ШТО Е ГЛУПО?

Глупо е кога портпаролот на МВР ќе изјави дека била поднесена пријава против човек кој со камен фрлен кон него се бранел од натамошен напад. Најверојатно се води од христијанските правила (кои во последно време кај нас имаат поголема важност од законските) и бара: ако некој те удри по десниот образ да го свртиш и другиот, а ако имаш трет, богами и него.

ДАЛИ ИНКЛУЗИЈАТА НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ТРЕБА ДА СЕ ПРУЖА И НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Јас сум голем поборник на инклузија на лицата со ментална попреченост во секојдневниот живот на пошироката заедница, меѓутоа во нашето извртено општетсво, наместо инклузија на овие луѓе во секојдневното живеење добивме единствено нивна инклузија во Собранието на Република Македонија.

Сметам дека мора да се воведе правило за тестирање на елементарно ниво (90%) интелектуална способност за оној/онаа кој/а што сака да биде претставник во Собранието.

Цврсто стојам зад потребата лицата со интелектуална попреченост кои седат во пратеничките столици и нивните соработници во различни органи кои ја поддржуваат власта под итно да бидат разрешени од нивната функција.

Ако некому не му е јасно, дека самото тоа што власта ја брани антикорупциската комисија, веќе претставува проблем, тогаш не сме мрднале ни чекор во разбирањето на контролата на власта.

ЧЕСТИТ 8 МАРТ

Независните експерти на ООН формулираат визија за правата на жената: пост Пекинг + 15.

Во Македонија веќе ја живееме визијата на ВМРО за правата на жената.

Жената не смее да биде градоначалник, не смее да биде член на ректорската управа на државниот универзитет, не смее да биде економски самостојна, не смее да бира дали да раѓа или не, не смее…

Жената има право да раѓа, да готви, да пере. Има право да го чисти станот и да се грижи за мажот, да биде добра домаќинка, мајка и сопруга. И, има право да и биде купено цвеќе за 8 март како дел од ритуал чија содржина се изгубила во магливото комуњарско минато.