ДАЛИ ИНКЛУЗИЈАТА НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ТРЕБА ДА СЕ ПРУЖА И НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Јас сум голем поборник на инклузија на лицата со ментална попреченост во секојдневниот живот на пошироката заедница, меѓутоа во нашето извртено општетсво, наместо инклузија на овие луѓе во секојдневното живеење добивме единствено нивна инклузија во Собранието на Република Македонија.

Сметам дека мора да се воведе правило за тестирање на елементарно ниво (90%) интелектуална способност за оној/онаа кој/а што сака да биде претставник во Собранието.

Цврсто стојам зад потребата лицата со интелектуална попреченост кои седат во пратеничките столици и нивните соработници во различни органи кои ја поддржуваат власта под итно да бидат разрешени од нивната функција.

Ако некому не му е јасно, дека самото тоа што власта ја брани антикорупциската комисија, веќе претставува проблем, тогаш не сме мрднале ни чекор во разбирањето на контролата на власта.

Comments (1)

ТониMay 16th, 2010 at 4:05 pm

Не само што треба да се врши тестирање на интелектуалната способност за членовите на претставниците во Собранието, туку тоа ПОД ИТНО треба да се спроведе во целокупната јавна администрација!
Не сум против и лицата со ментална попреченост да заработуваат за леб (уште повеќе, сметам дека треба да им се помогне со сите сили тоа да го остваруваат).
Но, треба да се сфати дека трактористот го добил називот затоа што знае да управува ТРАКТОР!!!!!!!!!!!
Доколку би знаел да управува со авиони, тогаш би го нарекувале ПИЛОТ!!!!!!!!!!, а не – тракторист.
Некој го бива за мотика, некој за лопата, некој за комбајн…..
Кај нас се е испомешано.
Ова е само една компарација ОСОБЕНО со состојбата со раководните структури во државната администрација.

Leave a comment

Your comment