МЕЃУ НЕЗНАЕЊЕТО И АРОГАНЦИЈАТА
Скопјанец застрелан пред Универзална сала, Алфите ги фатиле осомничените. Денес пред истражен судија. Црна хроника, секогаш интересна за медиумите. Зачудувачки брза и успешна акција. За пофалба. Многу слики од настанот. И ниту едно прашање: што прават двајцата лишени од слобода на земја?
Од сликите е очигледно дека луѓето кои се лишени од слобода подолго време лежат на плочникот. Околу нив се муваат алфи, си разговараат, ги гледаат, а тие си лежат. Колку долго? И зошто би лежеле на плочникот? Зошто веднаш не се однесени пред истражен судија или во полициска станица. Зошто се изложени на погледите на сите, па уште и снимани со камери? Како уловен трофеј? Очекувам во следна прилика некој полицаец да застане над уапсениот со нога на неговото тело и да се слика за спомен. Така се прави кога ќе се улови животно. А кога се лишува од слобода човек има правила и тие правила се пишани во Законот за внтарешни работи и во Законот за полиција и во Кодексот за полициско постапување.
Во нив пишува дека: Полициските службеници го почитуваат личното достоинство, дека полицискиот службеник е должен да престане со употреба на средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло до негова употреба и уште дека, полициските службеници не смеат да предизвикуваат, поттикнуваат или толерираат никаков чин на тортура, мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
Ова е случај на тортура, мачење и нечовечко и понижувачко постапување. Што ќе направат сега: јавниот обвинител, министерката за внатрешни работи, народниот правобранител? Што ќе направат новинарите кои веќе го посочија и кривецот и мотивот и очигледно го прифатија лежењето на плочникот како дел од казната.





многу би сакала барем на 6 месеци да бидете/ станете јавен обвинител. мислам дека би биле исклучително успешна и бескомпромисна на таа позиција. и тоа посебно помеѓу овие за организиран криминал .
инаку, еве неколку претпоставки кои ми паѓаат на ум, а можно е да послужат како одговор на вашите, инаку легитимни прашања, секако без намера очигледното не-во -ред постапување да го оправдаат:
- пред истражен никако не може одма да се однесат,
-во полиција може, но претходно, доколку се работи за сериозни криминалци, мислам се обезбедува и патот по кој се движат, и станицата каде ќе ги примат- можда оттука протеченото време,
- можно е исто, од причини увид на лице место, за што доаѓа и обвинителот, да бидат потребни физички сеуште на лице место на настанот,
- често, ако се стават во комбе, на пример, можно е да се случи манипулација со траги кои подоцна се доказен материјал – освен тоа, во затскриен од камери простор, каков што би бил комбето или колата, ја лично повеќе би се сомневала во тортура- тепање, отколку при изложеност на камери.
Лично мислам дека во постапувањето на алфите тука немало ниту незнаење ниту ароганција, како што посочува вашиот наслов. Пре би рекла дека се работи за страв, параноја или сомнеж, случајот да не се осуети уште пред да започне да биде разгледуван, а е од толкав јавен одек.
Во семејните криминални групации нема место за пардон или за second thought. Ми личи дека овој случај е еден од тие.
Од скоро време почнав да ги пратам написите на админот на веб-странава (некаде прочитав “Најче“ веројатно е Мирјана Најчевска) и се чини дека има солидно познавање на КЗ, ЗКП, ЗВР Закон за полиција и подзаконски акти, полициски кодекс итн. Се тоа е убаво, добро е да има некој во државава да ја критикува или напаѓа полицијата, а во врска со нивното исполнување на секојдневните задачи.
Сепак, јас овдека би се запрашал и би Ве запрашал сите вие кои ќе го прочитате написов.
- Дали има некој прашано во највисоките раководни кадри во државава во последните 8 години коллку полицајци се примени, а колку пензионирани
- Колку од нив се Албанци, а колку Македонци, Срби, Роми итн (ова во поглед на, нели, фамозните 20%
- Кој е начинот на нивното обучување и споредба на стариот начин (со средно полициско школо)
- Услови за работа и нивната “заштита“ од “МПС“ (ако истиот постои како украс или стварно постои)
- Во толку случаи на напаѓање за нивната нестручност, дали почитуваната Најчевска или админот се има поубаво распрашано за околностите на сите случаи или тоа се прави онака ПОВРШИНСКИ, како сите новинари
- Конечно, ако не на сите, барем на ова прашање би сакал да ми одговори некој- Случајот “ЈУГ 2“ и суспендирањето на толкав број на полицајци, а при тоа не е суспендиран ниту еден командир, помошник командир, а за началник и не прашувам, оти нели истиот случај (ЈУГ 2) се смета за организиран криминал
А само да ве потсетам оти организиран криминал без висок функционер не постои, тоа би било преседан.
Поздрав и се најдобро!!!!!!!!