ЗА АЉА

ЧУВАРКАТА

ЧЕДО НА БЕЛИНАТА

ПОСЕСТРИМА НА УБАВИНАТА

КОЈА ЗНАЕШЕ ДА ГО РАЗБУДИ

ДА ГО ОЖИВЕЕ

НАЈУБАВОТО ВО СЕЧИЈА ДУША

ПОЖИВЕА,

ФАЛА МУ НА БОГА

ДОВОЛНО ДОЛГО

ЗА СИТЕ ШТО ТЕ САКАА

ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ

ДОСТОИНСТВЕНО ДА ТИ ЈА ПРЕЧЕКААТ

СМРТТА

И ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЈА САКААТ

И ТВОЈАТА СЕНКА

КОЈА НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА

СЕГА КРАЛСКИ СЕ ШЕТА

ПО ВИСОКАТА ПАТЕКА НА ЉУБОВТА

УШТЕ ПОБЕЛА

УШТЕ ПОУБАВА ВО ЕТЕРИЧНОСТА

СЕ ШЕТА

И НИ ГО ЧУВА СОНОТ

ОД ЛОШОТО ЛАЕЊЕ НА ТИШИНАТА

ОД ЛОШИ СЕНИШТА

Марија Станкова

ПО ШТО СМЕ ПОЗНАТИ ВО СВЕТОТ

Во својство на претседателка на Групата експерти за луѓето од африканско потекло ја водев 9-та седница на групата. Се разговараше за структурната дискриминација на луѓето од африканско потекло и за подготовките на следната година која ќе биде година на луѓето од африканско потекло.

Интересни дискусии, многу заклучоци и препораки. Многу голема посетеност (посебно од страна на државите.

Настрана од содржините (кои ќе бидат ставени на веб страната на групата) ми паднаа во очи неколку работи.

Прво, од петте члена на групата само јас бев член кому не му дојде амбасадорот од матичната земја барем на една од сесиите. Експертите се независни и не ја претставуваат државата кон која припаѓаат, меѓутоа државите сметаат дека е престиж да се има експерт од својата држава во специјалните процедури на ООН. За прв пат претседател на едно вакво тело е човек од Балканот. Уште повеќе на група која што е поврзана со имплементацијата на декларацијата од Дурбан поврзана со дискриминацијата и ксенофобијата. Меѓутоа, нашиот ценет амбасадор сигурно има некои многуповажни работи отколку да се занимава со дискриминација. Впрочем со Охридскиот договор се е решено во Македонија, а за светот не боли увце.

Втор интересен момент беше сознанието колку е Балканот познат. Всушност, не само што е познат туку станува поим. Имено, неколку учесници во своите дискусии во кои ја анализираа состојбата на афричките држави во контекст на нивната дијаспора изразија стравување дека африканскиот континент се “Балканизира“. Овој термин станува синоним за расцепкување, уситнување, несогласување и конфликти, во светки размери. Човек да почне да се гордее што доаѓа од држава сместена на Балканот.

Трет интересен момент е дебалансот во однос на присуството меѓу државите и претставниците на цивилното општетсво. Вообичаено на ваквите состаноци доаѓаат многу повеќе НВО-а, а помалку држави. Меѓутоа, сега имаше исклучително мал број НВО-а. Светската економска и финансиска криза зададе удар на цивилното општетсво ширум светот и се намалува можноста за директно влијание на цивилното општетсво во процесите на одлучување.