ОНА ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРАШААТ А НЕ ГО ПРАШУВААТ НОВИНАРИТЕ

На 19 и 20 Април во сите медиуми се појавија написи за тоа дека се уапсени над 30 докроти заради сомнение дека направиле малверзации поврзани со доделувањето на инвалидски пензии. Во медиумите е објавено дека на сите им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Ниту еден новинар не го поставил прашањето:

1. Зошто е изречена мерката притвор? По кој основ?

Според Законот за кривична постапка оваа мерка се изрекува  тогаш кога осомниченото лице:

1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

ИДЕНТИТЕТОТ НА СИТЕ ДОКТОРИ БИЛ ПОЗНАТ, НЕ СЕ КРИЕЛЕ, А МОЖНОСТА ЗА БЕГТСТВО СЕ ПРОЦЕНУВА ИНДИВИДУАЛНО И СЕ РЕШАВА ПРЕД СЕ СО ОДЗЕМАЊЕ НА ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ИЛИ СО КУЃЕН ПРИТВОР.

2) постои основан страв дека ќе ги уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите и

ОВА СЕ РЕШАВА СО СУСПЕНЗИЈА, А ВО ИЗЈАВИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ЈАСНО СЕ ГЛЕДА ДЕКА ЦЕЛИОТ ДОКАЗЕН МАТЕРИЈАЛ Е ВЕЌЕ СОБРАН

3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

ОВА ИСТО СЕ РЕШАВА СО СУСПЕНЗИЈА

2. Зошто е изречена мерка притвор во траење од 30 дена?

Според Законот:

Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време.

ПО ШТО Е 30 ДЕНА НАЈКРАТКО НУЖНО ВРЕМЕ И КАКО МОЖЕ ДА БИДЕ ЗА СИТЕ ЕДНАКВО?

Должност е на сите органи што учествуваат во кривичната постапка и на органите што им укажуваат правна помош да постапуваат со особена итност ако обвинетиот се наоѓа во притвор.

ЗОШТО СЕ ШИРАТ ГЛАСИНИ ДЕКА ИСТРАЖНАТА СУДИЈКА КОЈА ШТО ЈА ИЗРЕКЛА МЕРКАТА ПРИТВОР Е НА ОДМОР?

(3) Во текот на целата постапка притворот ќе се укине штом ќе престанат причините врз основа на кои бил определен.

КОЈ ГО СЛЕДИ ОВА И КАКО МОЖЕ ДА СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ ПОЕДИНЕЧНО АКО Е ИЗРЕЧЕН КОЛЕКТИВНО?

3. Дали истиот судија/судијка се појавува постојано во ваков вид случаи, со исто решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена?

4. Дали се докторите уште во притвор?

Веќе во неколку наврати Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа предупреди дека притворот во Македонија се користи како облик на тортура.

Leave a comment

Your email address will not be published.